Фабриката „Кромберг и Шуберт“ и Општина Битола заеднички градат градинка во поранешната касарна


БИТОЛА – Почна изградбата на новата градинка во населбата Златен рид во старата битолска Касарна финансирана од германската фабрика „Кромберг и Шуберт“ и Општина Битола. Ова ќе биде првата градинка во Битола после период од 30 години што ќе се гради нова од темел. Фабриката за производство на кабли за автомобили „Кромберг и Шуберт“ има […]

Маричиќ: Ќе се направат законски измени за да се воведе дигитализација на судството


Министерот за правда Бојан Маричиќ во воведното обраќање на јавната расправа за предлог измените на Законот за парнична постапка, каже дека покрај намалувањето на висината на паричната казна за учесниците во постапките, со овие измени се отвора и законска можност за дигитализација на работењето на судовите. -Судот може да одлучи рочиштето да се одржи на […]

Нема вакцинација за граѓаните од утре – и руските вакцини ќе ги примаат доктори


Иако вчера министерот за здравство Венко Филипче најави дека вакцинацијата со руската вакцина „спутник В“ ќе почне најверојатно во домовите за стари лица, сепак донесена била одлука вакцината да биде употребена прво кај здравствените работници. „Поради проширувањето на ковид-капацитети и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање на […]

(Во живо) Прес на Заев заедно со Димитров, Маричиќ, Бесими и Николовски


Со почеток во 14 часот прес-конференција ќе одржат премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров. На прес-конференцијата ќе бидат присутни и министерот за правда, Бојан Маричиќ, министерот за финансии, Фатмир Бесими, како и заменик-претседателот на Владата  задолжен за борба против корупцијата и криминалoт, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо […]

Филипче: Нема лекарска грешка во работата на д-р Асани кој остави родилка без матка, бубрег и јајник


Немало пропуст во лекарската интервенцијакај родилката Јилдиз Веапоска, на струшкиот доктор Мухамед Асани, рече во своето гостување во емисијата „Утрински брифинг“, министерот за здравство, Венко Филипче. Стручниот надзор на Лекарската комора спроведен за гинекологот и директор на струшката болница покажал дека немало пропуст во лекарската интервенција кога на родилката Јилдз Веапоска ѝ биле отстранети матката, […]

Вакцинација со „Спутник V“ од утре во поликлиника „Јане Сандански“, ревакцинација со „Фајзер“ во „Букурешт“


Во поликлиниката Букурешт утре почнува ревакцинацијата со вакцината „Фајзер“. Во поликлиниката „Јане Сандански“ ќе се одвива имунизација со вакцината „Спутник V“, информираат за МИА од Министерството за здравство.   Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.   -Поради […]

Пониски температури, врнежи од дожд и снег на повисоките места


Повремени врнежи од дожд, кои локално на западот ќе бидат пообилни, а на планините и на некои повисоки места  повремен снег, и засилен северозападен ветер, најавуваат за утре метеоролозите. Од УХМР информираат дека утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Во […]

Во болниците низ земјава се лекуваат 899 болни од Ковид-19


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 353 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало десет приеми.   Во ковид центарот во […]

Конкурс за упис во стручните училишта ќе се прави според потребите на компаниите


Во средните стручни училишта ќе се објавуваат конкурси за запишување според потребите на компаните, најави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска на последната дебата од карванот за модернизација и унапредување на средното стручно образование, којашто се одржа во Општина Илинден. „Со оваа последна средба од карванот „Учи паметно, работи стручно“ ја затвораме целата […]

Во Битола ќе се реставрира родната куќа на народниот херој Стив Наумов


НУ Завод и Музеј-Битола со средства од Министерството за култура ќе ја реставрира родната куќа на народниот херој Стеван Наумов Стив која се наоѓа на улицата „Пецо Божиновски” бр.11 во Битола. Куќата во која е роден Стив Наумов за прв пат како постојана музејска поставка беше отворена на 4 јули 1961 година откако објектот е реконструиран и адаптиран за таа намена. Во 1977 година објектот е […]

Филипче најави повисоки плати за сите вработени во јавното здравство


Министерот за здравство Венко Филипче најави зголемување за пет отсто на платите за сите вработени во јавно-здравствените установи. Во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“, Филипче истакна дека покачувањето ќе биде и за медицинскиот, и за немедицинскиот пероснал вработен во здравствените установи.   -Тоа што денес треба да го утврдиме со Синдикатот е зголемувањето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски потрошил пари за систем кој осум месеци не е во функција


ВМРО-ДПМНЕ тврди дека  Драги Рашковски, како генерален секретар на владата, набавил софтвер за следење на сообраќајни прекршоци за потребите на МВР,  а МВР не знаат ниту дека истиот постои. -Рашковски фрлил народни пари, за систем кој 8 месеци не е во функција. Драги Рашковски потрошил државни пари за софтвер кој не само што не е […]

Филипче: Нашите заложби се да обезбедиме здравство за квалитетен живот на секоја жена


Нашите заложби се да обезбедиме здравство за квалитетен живот за секоја жена, порачал министерот за здравство Венко Филипче кој вчера по повод Меѓународниот ден на жената бил во посета на Организацијата на жени на СДСМ во скопската населба Гази Баба.   Како што информира Министерството за здравство, Филипче говорел за женското здравје и за правата […]

Врнежи од снег на неколку патни правци, сообраќајот без забрани


Врнежи од снег утринава има на Попова Шапка, Маврово, Стража и Пресека, но, според информациите од јавното претпријатие „Македонија пат“, снегот не се задржува на коловозот. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози и засега без забрани. 

Влaдата денеска одлучува за полицискиот час од 22:00 до 05:00 часот во времетраење од две недели


Владата денеска на седница треба да одлучува по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за воведување полициски час од 22:00 часот навечер до 05:00 наутро на територија на цела држава. Комисијата оценува дека ваквата ригорозна мерка ќе има ефект, а засега предлогот е да трае две недели, колку еден епидемиолошки циклус. […]

Облачно со повремен дожд


Времето денеска во земјата ќе биде претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повремен снег ќе има понекаде и на повисоките места. Во северните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер, а слаб јужен во јужните […]

Сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета, прими вакцина против КОВИД-19


Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска попладнево на својот фејсбук профил објави дека се вакцинирала против КОВИД-19. -Детска и превентивна стоматологија-вакцинирани!, напиша Ѓоргиевска, објавувајќи и две фотографии од вакцинирањето.

Општина Центар собира над 2 милиони евра од данок на имот, Арачиново нула


Сите општини во земјава заедно, просечно годишно наплатуваат по 1,3 милијарди денари, односно 21 милион евра за данок на имот од граѓаните и од фирмите. Просечната годишна наплата на овој данок се движи околу 81 процент, стои во извештајот на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Значително поголем дел од данокот на имот се прибира од […]

Богдановиќ: Инвеститорот сам ја отстрани нелегалната градба на зелениот пазар „Буњаковец“


По претходно издадено Решение од Секторот за инспекции на Општина Центар, денеска инвеститорот самостојно ја отстрани нелегалната градба на зелениот пазар „Буњаковец“, информира градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на својот ФБ профил. Тој во својот фејсбук статус напиша дека откако завршил инспекцискиот надзор констатирано било дека инвеститорот не поседувал одобрение за градбата и согласно […]

Италија го надмина прагот од 100.000 починати од Ковид-19


Италија со денешните 318 починати од кроона вирус го надмина прагот од 100.000 жртви на Ковид-19, една година откако изби заразата, објави денеска Министерството за здравство. Вкупно во Италија досега починаа 100.103 луѓе, а најзафатените региони се Ломпардија со близу 30.000 починати, Емилија-Ромања со близу 11.000 и Пиемонт и Венето со близу 10.000 жртви. „Овие […]