ЦДЦ: Без маски и физичко растојание во затворен простор за целосно имунизираните лица


 Американскиот Центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) објави упатства со најдобри практики за Американците кои се целосно имунизирани против коронавирусот. Според упатствата, оние кои ги примиле потребните дози вакцина можат да престојуваат во затворен простор со други целосно имунизирани лица, без маски или физичко растојание. Покрај тоа, оние кои се целосно вакцинирани можат […]

Некои вработени на Инфективна ја немаат добиено ветената награда од Министерството за здравство


Околу 30 вработени на Инфективната клиника се уште ја чекаат еднократката помош од 30.000 денари кои ја најави Министерството за здравство, а 20-тина од нив се медицински сестри и болничари, јавува ТВ 24. Станува збор за вработени кои дошле од други клиники и пред да добијат решенија во декември, два месеца работеле со договор на […]

Дури 74 отсто од здравствени работници на фронтот против Ковид беа жени


Родовата еднаквост претставува еднаква видливост, еднакво вреднување за вложениот труд на жените кога имаат исти професионални квалификации и капацитет со мажите за истите работни места. Законот за родова еднаквост треба да испорача еднакво учество на жените во сите сфери на општествениот живот и рамноправно учество во семејството, креираањето политики и особено родово одговорно буџетирање, нагласи […]

Жените порачаа: Држава што не постапува е држава што силува


 По повод Меѓународниот ден на жената и под мотото „Држава што не постапува е држава што силува“, денеска група граѓани излзее на петтиот протестен марш со цел  потсетување на институциите за барања кои се однесуваат на женските права. Маршот за правата на жените започна пред МВР, од каде беше упатена порака во име на, како […]

Османи побарал од иселениците во Италија да се мобилизираат за пописот


 Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Рим се сретнал со повеќе наши граѓани и со претставници на неколку здруженија на дијаспората. Како што објави на својот фејсбук профил, ги повикал на активна мобилизација, а добил и нивна поддршка за заеднички да ја пренесат информацијата до иселениците во странство колку е важен пописот. -Разговаравме […]

Над 40.000 иселени се самопопишале електронски


Преку апликацијата за самопопишување до денес утрово се евидентирале вкупно 40.397 лица кои се во странство. Евидентирањето на иселениците преку апликацијата почна на 1 март и ќе трае до 21 април. Од Државниот завод за статистика (ДЗС) вчера наведоа дека секојдневно го следат процесот и се во постојана комуникција со македонските иселници. Проблемот со ненавременото […]

Уште 11 жртви на Ковид-19 во земјава, новозаразени се 316


Нови 316 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последното деноноќие, од 1.562 тестирани. Во Скопје – 164, Прилеп – 34, Куманово – 16, Кавадарци и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гостивар – 10, Охрид – 9, Велес – 8, Гевгелија – 7, Штип – 6, Струмица, Струга и Кочани – по 5, Виница […]

Спасовски: Горд сум на зголемениот процент на жените во МВР, во полицијата, во командните структури


Горд сум на зголемениот процент на жените во управувачката структура на Министерството кое го раководам, во редовите на полицијата, а особено во командните структури на полицијата. Вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод 8 Март Меѓународниот ден на жената, на неговиот ФБ профил. – Напорно работевме на подготвувањето на Законот за […]

Заев:Нашата намера е да партиципираме со 10 отсто во гасниот терминал Александрополис вреден околу 400 милиони евра


Преку договорот од Преспа остваривме соработка со Грција во енергетиката со што стануваме земја којашто предничи во регионот по инвестиции во зелена енергија, напиша на неговиот ФБ профил премиерот Зоран Заев. – Нашата намера е да партиципираме со 10 проценти во гасниот терминал Александрополис којшто е вреден околу 400 милиони евра, со 25 проценти во […]

Дебата: Пандемијата покажа дека потенцијалот на жените за лидерство е неискористен во светот


Министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната дебата на тема како женското лидерство влијае за остварување родова еднаквост за време на Ковид-19, рече дека влегла во политиката затоа што била жртва на мобинг на работното место. Таа порача дека како Влада, избрана на избори и соочена со здравствените и социоекономските последици од […]

Полицискиот час од 22 до 5 часот треба да трае две недели


Засега не се планираат нови мерки и рестрикции за угостителските објекти   Министерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот координативен кризен штаб предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава. Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој […]

Вакцинацијата со Спутник V најверојатно ќе почне со повозрасните лица


Тимот кој ги евалуира упатствата за руската вакцина Спутник V денеска треба да излезе со дефинитевен став, кои лица ќе имаат предност за вакцинирање со оваа вакцина. Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека најверојатно тоа ќе бидат повозрасните лица и оти има размислувања за тоа каде да се почне со вакцинација.  – Сега има […]

Вакцинирани 3.546 здравствени работници, 128.251 граѓанин се пријавиле за вакцинација против Ковид-19


 Вакцина против Ковид-19 заклучно со денеска примиле 3.546 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство. За вакцинација преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ досега се пријавиле 75.900 граѓани, а 52.351 преку матичен лекар, посочуваат од Министерството и додаваат дека од вкупно пријавените 128.251 за вакцинација, 60.959 се на возраст над 70 години.

Анализа: Пандемијата имала поголемо негативно влијание врз жените


Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за труд и социјална политика денеска, по повод Меѓународниот ден на жената, објавија анализа, поддржана од Мисијата, за влијанието на пандемијата Ковид-19 врз родот и различностите. Анализата покажува дека пандемијата и одговорот на истата имале несразмерно поголемо негативно влијание врз жените во сите области и кај сите возрасни […]

Филипче: Се предлага само ограничување на движењето, а не и затворање на угостителски објекти


  Министерот за здравствоВенко Филипче, денеска го образложи предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести за воцедување ограничување на движењето по 22 часот, до 5 часот наутро во следните денови. Ако Владата утре го прифати предлогот на Комисијата, тоа ќе значи дека во следните две недели полицискиот час ќе почнува во 22 часот и […]

Македонија падна на 12. место по бројот на смртноста од корона, но тоа не е никаква утеха


Предлогот на Комисијата за заразни болести да се воведе полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро беше очекуван како една од мерките. Затоа што работите повторно излегуваат од контрола со наглото зголемување на бројот на заболени. Во последниов месец Македонија успеа на некој начин да ја стабилизира стапката на инфекција, дури и […]

Жените повнимателни учесници во сообраќајот, мажите почесто причинители на сообраќајни незгоди


Возете одговорно и возете женски е пораката што се испраќа на сите учесници во сообраќајот за Меѓународниот ден на жената, 8 март. Може да се каже дека и покрај тоа што во минатото зад воланот можеше почесто да се најде мажот, денес соодносот меѓу мажите и жените возачи е речиси идентичен.   – Денешното време, […]

Факултетите ќе ги промовираат студиските програми во средните училишта


  Од денеска, па се до 26 март, матурантите од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да се запознаат со студиските програми на факултетите и на универзитетите, што ќе им помогне полесно да ја изберат својата идна професија и кариерна ориентација. Градот Скопје по четврти пат го реализира проектот „Училиштата на Градот Скопје […]

Водата во Скопје безбедна за пиење


Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 38 мерни места во главниот град. Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека во периодот од први до петти месецов се земени 182 примероци за анализа. Согласно со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на […]

Од утре влажен бран, пообилни врнежи на запад, а на повисоките места снег


Од ноќеска на пониските места на северозапад ќе има повремени врнежи од дожд кои понекаде на повисоките места ќе преминуваат во снег, а на планините на северот повремено ќе врне снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). -Утре и в среда ќе преовладува променливо облачно време, во западните делови и особено на северозападот со повремени […]