Четири затворски казни во судењето за лажните пасоши
Судењето на петтемина обвинети кои го признаа делото за фалсификувањето на пасошите почна и заврши во еден ден со четири затворски казни и една условна. Посредникот Раиф Мифатари, кој се товари за поттикнување, доби 2 години и 3 месеци затвор, додека останатите затворски казни за тројца од вработените во МВР се во висина од: 2 години и 7 месеци, 2 години и 3 месеци, 2 години. Условната казна е за еден вработен во МВР и таа изнесува 6 месеци затвор, кои нема да се извршат ако во рок од 2 години тој не направи ново кривично дело. Максималната затворска казна што им се закануваше беше 3 години затвор.
Покрај казните, вработените во МВР добија и забрана за вршење на професијата во наредните 10 години.
Една обвинета не присуствуваше на судењето поради здравствени причини, но и таа преку својот адвокат соопшти дека ќе признае вина.
Издавањето на фалсификувани пасоши дури и за лица кои се бараат со меѓународни потерници и се дел од регионалното подземје ја стресе македонската политика и го намали угледот на државата.
Вината ја признаа Денис Баруфи, Ален Личина, Ѓорѓе Велков, Фарук Биља и Раиф Мифтари (посредникот за издавањето пасоши), додека обвинетите Фарук Буки, Весна Колевска, Оливера Софрониевска, Бранислава Владичевска и Шемседин Јашари рекоа дека не се чувствуваат виновни за делото кое им се става на товар, по што постапката за нив беше раздвоена и продолжува в петок на 7 мај.
Издавањето на фалсификувани пасоши дури и за лица кои се бараат со меѓународни потерници и се дел од регионалното подземје ја стресе македонската политика и го намали угледот на државата.
Обвинителката Спасенка Андонова рече дека заедно со обезбедените докази и ПИ мерки, е направен и албум со фотографии и податоци за 215 патни исправи, каде се покажува чиј идентитет е искористен за кое лице.Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, неодамна соопшти дека една од овие 215 лажни патни исправи била издадена и за бегалецот Горан Грујевски.