Велика Британија ги призна македонските возачки дозволи


Македонските граѓани кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, од 20 мај ќе можат да управуваат возило со македонска возачка дозвола.

Министерот за внатрешни работи на својот Фејсбук профил објави дека врз основа на потпишан билатерален договор Велика Британија е деветтата држава во која носителите на македонска возачка дозвола кои престојуваат на територијата на оваа држава не им е потребна меѓународна возачка дозвола.

„Носителите на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, на нивно барање може да им се изврши замена на возачката дозвола, и тоа почнувајќи од 20 мај годинава, што ќе значи и конечно решавање на ова многу важно прашање за државјаните на Република Северна Македонија во Обединетото Кралство, а се очекува многу скоро, оваа законска процедура да биде прифатена и од властите на Северна Ирска“, пишува министерот Оливер Спасовски.