Министерот Венко Филипче ќе се вакцинира утре


Филипче: Б. Грданоски

Министерот за здравство д-р Венко Филипче утре петок (07.05.2021) во 12 часот, на вакциналниот пункт во А1 СЦ „Борис Трајковски“ ќе се вакцинира против Ковид-19.

По вакцинацијата предвидено е министерот Филипче да даде изјава за медиумите, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Денеска се вакцинирање премиерот Зоран Заев со кинеската вакцина, затоа што таа сега е на располагање. 

Веројатно и Филипче ќе ја прими истата вакцина, со оглед на тоа што на вчерашната прес-конференција рече дека не се дозволува избор на вакцина. 

-Не дозволуваме избор на вакцини тие се поделени во пунктови за вакцинaција. Која  е на располагање, со таа се вакцинира, освен вакцината на „АстраЗенека“ која е наменета за над 60 години. Апелирам до граѓаните да се пријават за вакцинација, рече Филипче вчера.