Нов парк во Општина Аеродром – „9 Мај“ во чест на Денот на Европа


 По повод одбележување на Денот на Европа – 9 Мај  денеска во Општина Аеродром ќе се одржи проактивен настан „100 дена европски Аеродром“ во новиот парк покрај булеварот „Трета македонска бригада“, кој ќе го добие името „9 Мај“.

Како што соопштија од општината, по овој повод ќе се организираат изложбен натпревар на кој ќе учествуваат дечиња и ученици од градинките и од основните училишта на територијата на Општина Аеродром, а е поддржан од Европското движење и Делегацијата на ЕУ и еко-акција – засадување дрвја во новиот парк со учество на претставници на дипломатскиот кор, Канцеларијата на ЕУ во земјава и вицепремиерот за европски прашања.

На настанот ќе бидат претставени и проектите започнати со Стратегиската платформа 2021 – 2025 (100 дена европски стандарди дома).