Филипче:Само таму каде има добра диспиплина, здравствениот систем може да го издржи ударот


Само таму каде што има добра дисциплина, здравствениот систем може да го издржи овој удар, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил. -Не постои здравствен систем во светот што ова може да го издржи сам – на теретот на рамењата само на здравствените работници, наведува Филипче

Променливо облачно со повремени врнежи и засилен ветер


Во земјата денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престануваат. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 8 до 14 степени. Во Скопје слично време со минимална температура од 6 …

Променливо облачно со повремени врнежи и засилен ветер Read More »

Спасовски: Здравствените работници да ја носат заштитната опрема, донаторите да се насочат кон потребите на здравствениот систем


Сите здравствени работници да ја носат опремата, да се заштитат себеси и сите околу себе. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ги интензивира контролите за почитување на мерките од страна на здравствени работници, апелира премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил на кој наведува дека на Главниот координативен кризен штаб денеска, меѓу другото, е разговарано за …

Спасовски: Здравствените работници да ја носат заштитната опрема, донаторите да се насочат кон потребите на здравствениот систем Read More »

(Галерија) Скопје за викенд е град на духови


Скопје втор викенд е со пусти улици, без граѓани и автомобили, по 16 часот се до 5 часот наутро. Одлуката на Владата за забрана на движење за време на викендите што се применува од минатата недела е во насока за спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид 19. Од забраната се изземени земјоделците што …

(Галерија) Скопје за викенд е град на духови Read More »

МЗ: ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за утврдување на причината за смртта на велешкиот пациент


Министерството за здравство соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонреден инспекциски надзор за утврдување на причината за смртта на велешкиот пациент. Според информациите добиени од Општата болница во Велес, посочуваат од Министерството, на 31 март околу 16 часот од страна на дежурниот лекар на инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Велес бил …

МЗ: ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за утврдување на причината за смртта на велешкиот пациент Read More »

МЗ: Од петмината потврдени со корона вирус во Штип, двајца се од Радовиш


Министерството за здравство, по  добиената информација од Институтот за јавно здравје, соопшти дека од денеска потврдените пет случаи во Штип, по завршувањето на епидемиолошката анкета е утврдено дека две лица се од Радовиш, кои се тестирале преку Центарот за јавно здравје во Штип. Согласно ова, од потврдени 53 нови случаи дистрибуцијата по градови денеска е …

МЗ: Од петмината потврдени со корона вирус во Штип, двајца се од Радовиш Read More »

Тинекс ќе врши нарачка и бесплатна достава на производи во Куманово за време на викендите


Со цел да ги задоволат основните потреби на граѓаните на Куманово, кои поради новите мерки од Владата имаат дополнително ограничување на движењето за време на викендите, ланецот на супермаркети Tinex воведе опција со која ќе може да се прават нарачки од маркетот Tinex Куманово.Минималниот износ за нарачка е 1000 денари и за истата ќе биде …

Тинекс ќе врши нарачка и бесплатна достава на производи во Куманово за време на викендите Read More »

Заврши државниот карантин за првите 160 македонски граѓани, уште 14 дена домашна изолација


Денеска успешно завршува државниот карантин за 160 македонски граѓани, кои поминаа 14 дена во строги безбедносно-здравствени услови во хотелот „Ибис“ во Скопје (Тафталиџе) и во депандансот во Демир Капија, соопшти Владата. Граѓаните кои успешно го завршија државниот карантин немаат симптоми на вирусот КОВИД-19 и ќе поминат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки …

Заврши државниот карантин за првите 160 македонски граѓани, уште 14 дена домашна изолација Read More »

Аџибадем Систина: Брзите тестови се одобрени од холандската Влада, ќе поднесеме кривична пријава за загрозување на јавното здравје


Брзите тестови за коронавирус (COVID – 19 IgG-IgM Rapid) се набавени од холандска компанија со која имаме ексклузивен договор за соработка. Оваа компанија е ексклузивен дистрибутер на овој бренд на тестови кои ги произведува друга компанија, исто така од Холандија. Овие тестови за производство и употреба се одобрени од холандската Влада, соопшти Клиничката болница Аџибадем …

Аџибадем Систина: Брзите тестови се одобрени од холандската Влада, ќе поднесеме кривична пријава за загрозување на јавното здравје Read More »

Во превентивна изолација 14 лица од Инфективното одделение во Штип


– Двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари од штипското Инфективно одделение се ставени во самоизолација, по наредба на здравствен санитарен инспектор, откако е утврдено дека имале контакт со 80-годишна пациентка, која била хоспитализирана со негативен тест на Ковид 19 и дијагноза бронхопневмонија. Но по влошувањето на состојбата и новиот земен брис пациентката …

Во превентивна изолација 14 лица од Инфективното одделение во Штип Read More »

Нови 53 заболени од Ковид 19, пет починати


Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица. Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени од коронавирус, жена од Лабуништа (Струга) на возраст од 71 година и маж на возраст од 77 …

Нови 53 заболени од Ковид 19, пет починати Read More »

Филипче: Разликувајте митови од факти


Коронавирусот најверојатно ќе заврши со некоја форма на колективен имунитет, во моментот се собираат повеќе податоци, се работи на вакцина, а дотогаш ќе биде присутен. Ќе се јавуваат бранови на пациенти, но битно е растот на нови случаи да биде контролиран, за да може здравствениот систем соодветно да ги згрижи сите пациенти, објави на ФБ …

Филипче: Разликувајте митови од факти Read More »

Дури 1.322 лица не го почитувале полицискиот час, а 157 самоизолацијата


Мерката ограничување на движењето од нејзиното воведување во земјава не ja почитувале 1.322 лица, констатирани се 10 прекршувања на решенијата за изолација и 157  изјави за самоизолација, а полицијата поднесе кривична пријава и 25 известувања за говор на омраза поврзани со Ковид 19. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот Фејсбук …

Дури 1.322 лица не го почитувале полицискиот час, а 157 самоизолацијата Read More »

Лекар од инфективното одделение во Прилеп заразен со корона вирус


Иако се уште нема официјална информација дали има новозаболени во Прилеп денеска, еден од лекарите во Инфективното одделение во прилепската болница е позитивен на тестот за коронавирус, а другиот лекар се наоѓа во самоизолација, јавува Нова Македонија. Ова го соопштуваат од општина Прилеп, потенцирајќи дека од понеделник, 6-ти април, инфективното одделение ќе функционира согласно оперативниот …

Лекар од инфективното одделение во Прилеп заразен со корона вирус Read More »

(Видео) Честитка од Спасовски, Шекеринска и Димитров за Денот на НАТО


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров упатија честитки по повод 4-ти Април, денот на НАТО. Премиерот Спасовски во својата порака истакна дека по децении сонување дојде денот кој и ние ќе го одбележиме како …

(Видео) Честитка од Спасовски, Шекеринска и Димитров за Денот на НАТО Read More »

Сите здравствени работници да носат опрема, инаку ќе се казнуваат


На седумнаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан денеска, посебно внимание беше посветено на заштитата на медицинските работници и за обезбедувањето услови за максимална заштита во нивната секојдневна работа во справувањето во пандемијата. Едногласно преовлада заклучокот дека заштитата на …

Сите здравствени работници да носат опрема, инаку ќе се казнуваат Read More »

МНР: Досега вратени 2.207 наши државјани од странство


Вкупно 2.207 македонски државјани се вратени во земјава заклучно со 4 април, покажуваат податоците на Министерството за надворешни работи кое го организира враќањето на наши граѓани затекнати во странство. Како што објави МНР на фејсбук профилот, од 22 март до 4 април на Глобалниот контакт центар за конзуларни услугу во итни ситуации на Министерството се …

МНР: Досега вратени 2.207 наши државјани од странство Read More »

Вработена во поликлиниката во Чаир заразена со ковид-19


Вработена во поликлиниката во Чаир е позитивна на ковид-19. Информацијата ни ја потврди и директорот на Здравствен дом – Скопје, д-р Виктор Исјановски. Се работи за жена што работи на шалтерот на главниот влез во објектот и чиј дел е целосно одвоен со стакло, пишува Нова Македонија. Завчеравечер веднаш бил дезинфициран делот во кој работи …

Вработена во поликлиниката во Чаир заразена со ковид-19 Read More »

„Цивил“ со барање да се укинат сите привилегии на функционерите


Значително намалување на превисоките плати и намалување на патните трошоци на сите функционери, како и сите привилегии, но и укинување на доживотните пензии на поранешните претседатели побараа денеска од Здружението на граѓани „Цивил“. Тие преку соопштение посочија дека во период на пандемија и вонредна состојба за спречување на заразата, со распуштен Парламент и одложени парламентарни …

„Цивил“ со барање да се укинат сите привилегии на функционерите Read More »

Словенија објави дека помошта била испорачана на барање на македонската влада


Министерството за одбрана на Словенија објави дека помошта во медицинска опрема за борба против корона вирусот вредна 110.000 евра била испорачана на барање на македонската влада. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, вчера тврдеше дека помошта се реализирала откако тој му се јавил на словенечкиот премиер Јанез Јаша и го побарал тоа. На официјалниот сајт на …

Словенија објави дека помошта била испорачана на барање на македонската влада Read More »