Мицкоски не гледа ништо криминално во објавениот приватен разговор


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за МИА изјави дека нема ништо криминално во разговорот што денеска е објавен на интернет во којшто се имплицира дека тој се среќавал со бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот империја додека тој бил под ПИ – мерки. За него, како што вели, е чудно што објавувањето на овој приватен …

Мицкоски не гледа ништо криминално во објавениот приватен разговор Read More »

Касами: Ќе се грижиме за културното наследство


Како Движење Беса ќе се грижиме за културното наследство, ќе се грижиме и за зелените места, за сите граѓани на Тетово и за сите граѓани на Северна Македонија. Ќe се грижиме да имаме достоинствeн живот што го заслужуваат сите граѓани, изјави денеска лидерот на Движењето Беса, Билал Касами. Како што соопшти Беса, Касами гарантира дека …

Касами: Ќе се грижиме за културното наследство Read More »

Се чекаат резултатите од земените мостри од река Брегалница по истекувањето на хемикалијата


Извршен е инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во врска со загадувањето на реката Брегалница во Штип. За понатамошно делување и преземање на поригорозни мерки согласно Законот за животна средина треба да ги добиеме резултатите од земените мостри од крим техника при СВР- Штип, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање …

Се чекаат резултатите од земените мостри од река Брегалница по истекувањето на хемикалијата Read More »

Димитров: ЕУ се покажа како вистински партнер и поддржувач на регионот при справување со пандемијата


Европската Унија досега се покажа како вистински партнер и поддржувач на Западниот Балкан при справување со пандемијата, создавајќи едно чувство на заедништво и припадност како да сме скоро дел од ЕУ, што се надеваме ќе следи и во претстојниот период при носењето одлуки од страна на Унијата. Ова денеска го истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров, …

Димитров: ЕУ се покажа како вистински партнер и поддржувач на регионот при справување со пандемијата Read More »

На Табановце претпладне поминале над 3.000 патници


На граничниот премин Табановце до 10 часот поминале вкупно 3.217 патници, сооштија денеска од МВР. Од нив во земјава се влезени 1.984 лица од кои 1.308 домашни и 676 странски државјани. Од државата излегле 1.233 патници, од кои 912 домашни и 321 странски државјани. И на српска страна се пуштаат македонски патници без ПЦР тест и …

На Табановце претпладне поминале над 3.000 патници Read More »

Зголемен бројот на повици кон Итната медицинска помош, девет екипи цело време се на терен


Капацитетот на Службата за Итна медицинска помош (ИМП) е значајно зголемен за 150 проценти во однос на тоа што беше пред три години и од седум сега има близу 20 функционални возила. Околу девет екипи цело време се активни на терен. Според најавата на матичните лекари се прави и соодветна координација, а сега договоривме и …

Зголемен бројот на повици кон Итната медицинска помош, девет екипи цело време се на терен Read More »

Џафери, Бектеши и Дехари водат кампања без маска


Здравјето на граѓаните пред се и безбедна кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули, беа апелите од претставници на сите политички партии и носители на јавни функции во изминатите три месеци од почетокот на епидемијата на коронавирус во земјава. И покрај тоа, чести се случаите кога и тие што апелираат не ги почитуваат овие …

Џафери, Бектеши и Дехари водат кампања без маска Read More »

Скопје најголемо жариште на Ковид-19 во земјава, активни се 1.862 случаи, од кои 421 во Чаир


Од вкупно активни 3.284 случаи на заразени со Ковид -19 во земјава, 1.862 се во Скопје. Откако пред околу две недели драстично почна да се зголемува бројот на новодијагностицирани од коронавирус во земјава, а со што беше прогласен и вториот пик на епидемијата, во Скопје се бележат највисоките бројки, најмногу во општина Чаир. Од Министерството …

Скопје најголемо жариште на Ковид-19 во земјава, активни се 1.862 случаи, од кои 421 во Чаир Read More »

Нови 163 заболени од Ковид-19, тројца починаа


  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје-70, Куманово-2, Дебар-6, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-25, Струга-4, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-3, Гостивар-11, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-3, Свети Николе-4, Ресен-4. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје-6, Куманово-1, Штип-16, …

Нови 163 заболени од Ковид-19, тројца починаа Read More »

Филипче: Засега нема потреба од рестрикција на движењето, есенскиот бран ќе биде предизвик


Министерот за здравство Венко Филипче утрово имал средба со претставници на Исламската верска заедница, а планира да се сретне, како што рече, и со претставници на МПЦ, како и со претставници на невладини организации. Врз основа на тоа ќе иницира заеднички состанок со Владата. Целта е, нагласи, секој во својот домен да ја испрати клучната …

Филипче: Засега нема потреба од рестрикција на движењето, есенскиот бран ќе биде предизвик Read More »

На Деве Баир од полноќ во државата влегле над 200 патници


Фреквенцијата на патници кои влегуваат во државата преку граничниот премин со Република Бугарија кај Крива Паланка, Деве Баир, не е значително зголемена споредено со претходните денови, информираат од  Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток кај Деве Баир. Оттаму посочија дека воведувањето влез  без ограничувања по однос на Ковид-19 во Република Северна Македонија, …

На Деве Баир од полноќ во државата влегле над 200 патници Read More »

Љупчо Николовски: Се гради насекаде како никогаш досега


Носителот на листата на СДСМ во Изборната единица 3, Љупчо Николовски, денеска во Пробиштип изјави дека во земјата се гради насекаде како никогаш досега. „Денес сме овде на патниот правец Пробиштип-Крупиште, кој е во завршна фаза на реконструкција и рехабилитација. Со овој проект, жителите на Пробиштип ги поврзуваме со Штип, со Кочани, но и со …

Љупчо Николовски: Се гради насекаде како никогаш досега Read More »

Бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 слична на вчерашната


Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека наскоро ќе биде објавена статистиката за новодијагностицираните лица од Ковид-19 во изминатото деноноќие, посочувајќи дека бројката е слична на вчерашната. Тој најави дека наскоро на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби ќе биде поставен централен довод за медицински гасови. – Сега во овој момент …

Бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 слична на вчерашната Read More »

Нова „бомба“ на Јутјуб – Разговор на Мицкоски и Кичеец – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ имал средба со Камчев додека бил под ПИ мерки


На Јутуб каналот денеска излезе нова снимка од разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец. На снимката се слуша како Мицкоски му вели на соговорникот дека треба да имаат директна комуникација, а не преку посредници на што Кичеец му вели дека тој е извршител и дека кога ќе му даде задача тој …

Нова „бомба“ на Јутјуб – Разговор на Мицкоски и Кичеец – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ имал средба со Камчев додека бил под ПИ мерки Read More »

ЕУ-амбасадори: Очекуваме сите политички партии да водат кампања во рамките на законот


Очекуваме сите политички партии да водат кампања во рамките на законот, со почитување на сите мерки на претпазливост од Ковид-19. Изборниот процес е можност политичките актери, да ја потврдат и јасно да ја покажат својата посветеност на владеењето на правото и почитувањето на највисоките европски стандарди, вклучително и со избегнување на потпалувачки говор, лажни вести …

ЕУ-амбасадори: Очекуваме сите политички партии да водат кампања во рамките на законот Read More »

Филипче: Зибери не е политички разрешен


Министерот за здравство Венко Филипче ги отфрли наводите од Арбен Зибери дека разрешувањето било со политичка позадина и се случило во моменти кога неговиот чичко е кандидат за прв премиер Албанец. – Никој не смее политички да поентира на едно сензитивно прашање, рече на денешната прес конференција министерот за здравствово врска со разрешувањето на директорот …

Филипче: Зибери не е политички разрешен Read More »

Манчевски: Дури 95 отсто од лековите се подигнати со електронски рецепт


  Со електронските рецепти се избегнуваат гужви кај матичните лекари, не се троши хартија, па системот се покажа како успешен и за граѓаните и за лекарите и аптеките. – Пациентите се јавуваат кај матичниот лекар, тој го издава електронскиот рецепт, а потоа пациентот или некој друг во негово име може да го подигне лекот. На …

Манчевски: Дури 95 отсто од лековите се подигнати со електронски рецепт Read More »

Разрешен в.д. директорот на ЦЈЗ-Скопје, Зибери, за нов вд директор назначен Александар Стојанов


Министерството за здравство соопшти дека е разрешен в.д. директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери. – Зибери е разрешен заради пласирање неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со корона вирусот, наведуваат во …

Разрешен в.д. директорот на ЦЈЗ-Скопје, Зибери, за нов вд директор назначен Александар Стојанов Read More »

Нема преминување на граничен премин Јажице зошто не работи косовската страна


Граничниот премин Јажинце кон Република Косово од ноќеска на полноќ е подготвен за работа, но нема преминувања на границата со оглед на тоа што не не функционира косовскиот премин. Поради тоа и луѓе кои со возила сакале да заминат за Косово биле вратените од полицијата на преминот. – Ние сме подготвени за работа но нема …

Нема преминување на граничен премин Јажице зошто не работи косовската страна Read More »

(Во живо) Прес на Филипче и Манчевски


Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче и на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, закажана е за денеска во 13 часот. Проследете ја во живо: