Џафери, Бектеши и Дехари водат кампања без маска


Здравјето на граѓаните пред се и безбедна кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули, беа апелите од претставници на сите политички партии и носители на јавни функции во изминатите три месеци од почетокот на епидемијата на коронавирус во земјава. И покрај тоа, чести се случаите кога и тие што апелираат не ги почитуваат овие мерки. Последен таков пример е со собранискиот претседател во заминување, Талат Џафери, кој во изборната кампања влезе како носител на листата на кандидати за пратеници на ДУИ во изборната единица 5. Џафери од посетата на Кичево објави три фотографии на својот Фејсбук налог на кои се забележува дека заштитна маска носи на отворено, каде, според препораките не треба, а не носи во затворена просторија каде според препораките треба.

Фото: facebook.com

На фотографиите се забележува дека заштитна маска не носи ниту министерот за економија, Крешник Бектеши кој бил во придружба на Џафери, како и кичевскиот градоначалник, Фатмир Дехари.