Манчевски: Дури 95 отсто од лековите се подигнати со електронски рецепт


 

Со електронските рецепти се избегнуваат гужви кај матичните лекари, не се троши хартија, па системот се покажа како успешен и за граѓаните и за лекарите и аптеките.

– Пациентите се јавуваат кај матичниот лекар, тој го издава електронскиот рецепт, а потоа пациентот или некој друг во негово име може да го подигне лекот. На овој начин се исфлаат од употреба хартиените рецепти, кај матичниот лекар не се ствара метеж.
Во овие два месеци 95 отсто од лековите се издадени со електронски рецепт – рече Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и јавна администрација.

Најави дека ќе се воведат електронско запишување на деца во градинка и во училиште, потоа издавање извод од матична книга за новороденче, а следуваат и други електронски услуги што ќе бидат достапни за граѓаните.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека овој систем се покажал како корисен во услови на корона вирус, за да не мора пациентите да се појавуваат на матичен лекар и да не се прават метежи.

– Системот се покажа како успешен. Од 1 мај до сега се креирани над три милиони рецепти за акутна терапија – рече Филипче.