Невакцинирани биле 71 отсто од заболените со Ковид-19


Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со 11 ноември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 11.11.2021 на територија на државата 52.436 […]

Намален притисок на водоснабдувањето во дел од Аеродром и Ново Лисиче


Поради технички причини при работењето на најавениот дефект на бул. Јане Сандански бб (пред Т.Ц Бисер), освен корисниците од зграда 24 и 26, со намален притисок на водоснабдувањето ќе бидат корисниците на дел од бул. АСНОМ, бул.Видое Смилевски Бато и реонски Центар, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:30 […]

Може во исто време да се примат вакцините против Ковид и сезонски грип, вели Филипче


Во исто време може да се примат вакцините против ковид-19 и сезонски грип, рече министерот за здравство Венко Филипче, откако денеска почна вакцинацијата против грип. „Без разлика дали е прва, втора или трета доза на вакцина против ковид-19 може да се прими во исто време со другата вакцина, а ако има временска разлика нема никаква […]

Нема да има препорака за нови мерки


Засега нема да има препорака за некои нови рестриктивни мерки, апсолутно сметаме дека овие се сосема доволни со тоа што треба да се почитуваат, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Носењето маски, држењето дистанцата, честото миење раце и вакцинирањето, посочи Филипче, се основните принципи на кои се темелат сите мерки во борбата со пандемијата. […]

Пак ќе се сечат дрвја на ул „Орце Николов“


Општина Центар во текот на денешниот ден на ул „Орце Николов“ бр. 3 ќе отстрани две дрва од сортата липа. Од општинската прес-служба информраат дека отстранувањето ќе се иврши по поднесено барање од Комерцијална банка со решение заведено под бр. 14-6/117/2 од 12.03.2021 и образложение за небезбедност на минувачите. – По поднесеното барање од Комерцијана […]

Актуелните мерки за влез во Грција продолжени за уште две седмици


Грција– Документот за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест или негативен ПЦР/рапид тест, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се неопходни за патување во Грција, а невакцинираните и оние кои не прележале, задолжително ќе бидат тестирани при влезот во земјата, согласно новата министерска одлука на грчката Влада, според која актуелните […]

Температури под нулата во Берово, Битола, Струмица и Демир Капија


Најниски температури утрово во земјава се измерени во Берово, минус четири степени, во Битола минус два и минус еден степен во Струмица и во Демир Капија. Како што соопшти УХМР, термометарот нула степени покажа во Скопје кај Петровец, Тетово, Штип, Прилеп, Крива Паланка,  еден степен во Куманово, Гевгелија, Дебар и Маврови Анови, два во Скопје […]

Финишира процесот за целосна воена интеграција на  Македонија во НАТО


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин денеска во Министерството за одбрана, ќе одржат средба со новинари за целосното воено интегрирање на Северна Македонија во НАТО, процес кој ќе заврши со претстојното потпишување на Заедничката декларација за интеграција на Северна Македонија во Алијансата, следната недела. Процесот на воена […]

Во Битола промовиран документарниот филм „Сеќавање“ на Роберт Јанкулоски


Документарниот филм „Сеќавање“ на уметникот и професор по фотографија Роберт Јанкулоски, синоќа беше промовиран во новото битолско кино „Манаки“. Станува збор за филмска проекција изработена од стаклени закопани плочи кои датираат од почетокот на 20 век, а се дел од наследството на браќата Манаки, сочувани фотографии од Македонскиот фронт. -Почестен сум што со мојот филм […]

Отворање на изложбата „Скопска градска општина“ по повод 13 Ноември


Изложба „Скопска градска општина“ од авторката Јасмина Дамјановска, ќе биде отворена утре во Музејот на град Скопје по повод 13 Ноември – Ден на ослободување на градот Скопје. Изложбата, како што најавуваат организаторите, е замислена како водич низ меморијата што ја има собрано на едно место Државниот архив – Одделение Скопје за постоењето и за […]

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок за состојбата со Ковид-19


Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на состојбата со Ковид-19 во државава. – Епидемиолошката состојба во земјава бележи зголемување на новодијагностицирани со Ковид-19 почнувајќи во периодот од пред две недели. Анализите покажуваат дека процентот […]

Почнува вакцинацијата против сезонски грип


Вакцинација против сезонски грип почнува денеска во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје каде не се врши вакцинација против Ковид-19. Набавени се 40 000 четириваленти вакцини, а граѓаните кои се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk ќе добијат СМС пораки во кои ќе им биде напишан датумот, часот и местото за вакцинација. – Ова […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и значителна ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од -3 до 2, а дневната од 12 до 17 степени. Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност, преку денот со умерена облачност. Утринската […]

Мицкоски од Собрание заминал на операција


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Собрание заминал на полесна хируршка интервенција. Според информации од Државната клиника, на Мицкоски му било отстрането масно ткиво од вратот. На фотографијата која тој ја постирал може да се види фластер на десната страна од вратот. Иако најави дека ќе чека до 12 часот, очигледно заклучил дека битката за […]

Регистрирани 432 нови случаи на Ковид-19, пријавени 13 починати


Во последните 24 часа се регистрирани 432 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.663 тестирања, како и 448 оздравени пациенти и 13 починати, информира Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа најмногу новозаболени се регистрирани во Скопје – 142, Битола – 47, Прилеп – 31, Куманово – 22, […]

Николоски го наклеветил Заев, пресуди судот


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ треба по правосилноста пресуадат да ја објави во дневен весник. Судот го отфрли делот од барањето на Заев за штета од 60.000 денари за нарушени чест и углед   Граѓанскиот суд – Скопје денеска делумно го усвои тужбеното барање за клевета на премиерот Зоран Заев против потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. […]

Арсовска: БРТ не ветив, туку брз, навремен и бесплатен јавен превоз и 250 автобуси


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вели дека нема намера во ниту еден случај да го имплементира проектот за БРТ – системот за брз автобуски превоз, што го најави поранешниот градоначалник, бидејќи, како што вели, граѓаните ја избрале нејзината програма која ветува бесплатен автобуски превоз со 250 нови автобуси. Арсовска денеска го одржа првиот брифинг со […]

Oктомври бил постуден и натпросечно влажен месец


Октомври бил постуден и натпросечно влажен месец во споредба со повеќегодошните вредности, покажува статистиката на УХМР. Темпратурите на ниво на држава биле пониски за 2,4 степени. Во текот на октомври се забележани минимални температути под нулата на речиси сите мерни места. Најмногу денови со негативни температури имало во Берово – 11, а најмалку во Штип […]

МЗ: Ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани, 48 087 примиле трета доза


Во првите два дена од неделава аплицирани се вкупно 8.518 дози вакцини, од кои 1.883 се аплицирани како прва доза, 1.938 се ревакцинирани, а 4 700 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 9 ноември вкупно се вакцинирани 811 226 граѓани, ревакцинирани се 782.460, а трета доза примиле 48 087 граѓани, соопшти денеска Министерството за […]