Од понеделник може да се вакцинираат и деца од 12 до 16 години со „Фајзер“


Од понеделник, со вакцина против корона вирусот ќе може да се имунизираат и децата од 12 до 16 години – најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Според министерот, вакцинацијата кај децата ќе се одвива со вакцината на „Фајзер“. Ваквата имунизација нема да биде задолжителна, туку родителите со своите деца ќе може да се појават …

Од понеделник може да се вакцинираат и деца од 12 до 16 години со „Фајзер“ Read More »

Доделени наградите за најдобри новинарски стории за инклузивно известување за различностите во време на Ковид-19


Ирена Каревска од редакцијата на „360 степени“ за сторијата „Децата за кои не почна новата учебна година“ ја доби првата награда на Конкурсот за најдобри новинарски стории за инклузивно известување за различностите за време на Ковид-19, кој го организираше Советот за етика во медиумите (СЕММ) со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Второнаградена е Христина Ѓорѓиевска …

Доделени наградите за најдобри новинарски стории за инклузивно известување за различностите во време на Ковид-19 Read More »

МЗ: Вчера се аплицирани 14.084 вакцини, досега вакцинирани вкупно 390.623 граѓани


 Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 492.662 граѓани, информираат од Министерството за здравство. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 390.623 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.493 граѓани, …

МЗ: Вчера се аплицирани 14.084 вакцини, досега вакцинирани вкупно 390.623 граѓани Read More »

Градот ги одби предлозите на „Зелен хуман град“


Советот на Град Скопје вчера го отфрли и вториот сет предлози изгласани од корисниците на платформата за директна демократија МојГрад. Владејачкото мнозинство одби да заземе став во врска со предлогот за стопирање на плановите за топилница за опасен отпад во Гази Баба, кој на МојГрад доби 545 гласови, одразувајќи го силниот револт на локалните жители. …

Градот ги одби предлозите на „Зелен хуман град“ Read More »

Сончево и многу топло утре и задутре со температури околу 40 степени


Времето утре ќе биде сончево и многу топло. Максималните температури вдолж Повардарието ќе бидат околу 40 степени. Во петок и понатаму ќе биде многу топло, облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Нестабилно време на повеќе места ќе …

Сончево и многу топло утре и задутре со температури околу 40 степени Read More »

МЗ: Набавени најсовремени медицински апарати за ковид-центрите, почна нивната испорака и инсталација


 Министерството за здравство соопшти дека во рамките на проектот за итно справување со кризата предизвикана од Ковид-19, кој е финансиран од заемот од Светска банка, набавени се најсовремени медицински апарати. Во текот на вчерашниот ден, како што се посочува, започна испораката и инсталација на апаратите и тие се веќе инсталирани во Институтот за белодробни заболувања …

МЗ: Набавени најсовремени медицински апарати за ковид-центрите, почна нивната испорака и инсталација Read More »

Нови четири училници се градат во ООУ„Коле Неделковски“


Во ООУ „Коле Неделковски“ во Центар, денеска започна доградба на четири училници, а паралелно ќе се обновуваат и покривот и фасадата, која треба да биде енергетаски ефикасна. Градоначалникот Саша Богдановиќ го најави започнувањето на проектот за доградба на училиштен објект во рамките на ООУ „Коле Неделковски“, при што рече дека Општина Центар инвестира во капитални …

Нови четири училници се градат во ООУ„Коле Неделковски“ Read More »

(Во живо) Прес – конференција на министерот Насер Нуредини


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ќе одржи прес-конференција по повод донесувањето на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II, национален парк.

Обуки за наставници за поттикнување вештини за претприемништво кај младите


Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија (АППРСМ) денеска почна со реализација на обуки за поттикнување на вештините за социјално и зелено претприемништвото кај младите преку обуки за наставниците од средното образование. Обуките кои ќе се одржат во Скопје, Велес, Кочани и Битола се пред сѐ наменети за усовршување на методот за предавање …

Обуки за наставници за поттикнување вештини за претприемништво кај младите Read More »

Франција и Македонија договорија преземање на лица кои престојуваат без дозвола


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во МВР остварил работна средба со амбасадорот на Франција Сирил  Бомгартнер и директорката за меѓународна соработка на МВР на Франција, Софи Ат. Средба беше искористена за потпишување на Протоколот за спроведување нa Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола, за чие навремено усогласување во голема мерка …

Франција и Македонија договорија преземање на лица кои престојуваат без дозвола Read More »

Цел Балкан бележи зголемување на бројот случаи со Ковид-19 во последната недела


Неделниот тренд на нови ковид-случаи е во пораст, безмалку во цела Европа, но најизразено тоа е на Балканот. Така, според податоците на „Ворлдометерс“ Црна Гора бележи пораст од 5 отсто. Имено, минатата недела биле забележани 126 случаи, додека оваа недела има 132 нови случаи со Ковид-19. Во Србија, се забележува пораст од 17 отсто. Неделава …

Цел Балкан бележи зголемување на бројот случаи со Ковид-19 во последната недела Read More »

МЗ: Граѓаните масовно да се вакцинираат, сите вакцини се безбедни


По детектирањето на седум пациенти кај кои е утврдено присуство на индиската варијанта, се испостави дека истите не биле вакцинирани, што уште еднаш го потврдува фактот колку е потребно граѓаните што побрзо да се вакцинираат, соопштија денеска од Министерството за здравство.   Според Министерството, вакцинацијата е единствен начин да се спречи ширењето на делта сојот …

МЗ: Граѓаните масовно да се вакцинираат, сите вакцини се безбедни Read More »

Прекин на водоснабдувањето кај дел од корисниците во Пржино


Поради водоводен приклучок ф-80мм на ул.„Стрмашево“ бр.5, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.„Стрмашево“ и ул.„Пржино“. Прекинот ќе започе од 8:45, а ќе трае до завршување на работните активности.

МОН: Субвенциониран оброк може да користат редовните студенти од државните и од приватните универзитети


 Министерството за образование и наука информира дека право на користење на финансиската поддршка за субвенциониран студентски оброк во месечен износ од 2.400 денари ќе имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните и на приватните високообразовни установи. Оваа финансиска поддршка ќе почне од октомври годинава. За да ги добијат средствата, студентите покрај тоа  што …

МОН: Субвенциониран оброк може да користат редовните студенти од државните и од приватните универзитети Read More »

Нуредини ќе информира за прогласувањето на Шар Планина за Национален парк


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата, по повод донесувањето на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II, Национален парк. Основната цел на законското решение е обезбедување на заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и …

Нуредини ќе информира за прогласувањето на Шар Планина за Национален парк Read More »

Сончево и многу топло до 39 степени


Времето ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до …

Сончево и многу топло до 39 степени Read More »

Кунгуловски: Големи се шансите делта да стане доминантен сој во земјава


Уште два нови случаи позитивни на делта сојот на SARS-CoV-2 се регистрирани во Жан Митрев Клиник, соопшти доктор Горан Кунгуловски на Фејсбук. Од Министерството за здравство се уште нема потврда за новите случаи, а министерот Венко Филипче претходно денеска соопшти дека има четири потврдени случаи на делта сојот. – Денеска се потврдени шест случаи (четири …

Кунгуловски: Големи се шансите делта да стане доминантен сој во земјава Read More »

Поддршка од 2.460.000 денари за 80 лиценцирани туристички водичи, одобри Владата


Владата на денешната седница донесе одлука да се одобрат 2.460.000  денари за 80 лиценцирани туристички водичи кои ги исполнија условите и критериумите утврдени во јавниот повик. Со оваа одлука на туристичките водичи ќе им биде исплатена еднократна финансиска поддршка во висина од 30.750 денари за надминување на последиците од ковид кризата опфатена во шестиот пакет …

Поддршка од 2.460.000 денари за 80 лиценцирани туристички водичи, одобри Владата Read More »

МЗ: Никој од пациентите заразени со делта сојот не е вакциниран


Ниту еден од ковид позитивните пациенти кај кои е изолиран делта сојот на SarsCov2 не е вакциниран за Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. По направените анкети со пациентите, посочуваат од Министерството, утврдено е дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина, односно ниту се вакцинирани, ниту ревакцинирани. – Од вкупниот број позитивни пациенти, …

МЗ: Никој од пациентите заразени со делта сојот не е вакциниран Read More »