Тече истрагата за автобуската несреќа во Бугарија, ќе се одземе лиценцата на превозникот


Во тек е истрагата за несреќата во која загинаа 45 патници, а седум лица се повредени откако македонски автобус се запали на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград. Според првичните информации од истражните органи во Бугарија, во автобусот вкупно имало 52 лица, од кои 45 загинаа, а седуммина се хоспитализирани на Клиниката во […]

Втор ден жалост за жртвите од автобуската несреќа


Во земјава денеска е втор ден на жалост по сообраќајната несреќа на македонскиот автобус во која вчера на автопатот „Струма“ во Бугарија загинаа 45 патници, а седум се повредени. Владата вчера прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава за жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија. За време на деновите на жалост државното знаме […]

Активни 8 281 ковид случаи, одложена одлуката за предлог мерките за невакцинираните


Одлуката за предлог мерките за невакцинираните ќе се носи на наредната владина седница, на која ќе треба да се разгледаат и барањата на синдикатите. Одлуката за мерките за кои требаше да се расправа вчера беше одложена по автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 наши државјани. Со предлог мерките на Министерството за здравство и […]

Облачно и ветровито со локален дожд


Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно, претпладне на југоистокот со локален дожд. Кон крајот на денот облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а попладне слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од еден до седум, а максималната ќе достигне од седум до […]

Остранет од автопатот „Струма“ автобусот во којшто загинаа 45 патници


Запалениот македонски автобус во кој загинаа 45 патници, а седум се повредени вечерва под силно полициско обезбедување беше отстранет од автопатот „Струма“. Автопатот е пуштен за сообраќај на 32-иот километар каде што се случи големата автобуска несреќа и тоа во насока кон Софија, информира вечерва Бугарската национална телевизија (БНТ). Движењето кон Дупница останува затворено и […]

Путин со сочувство до Пендаровски поради загинувањето на македонските граѓани во Бугарија


 Рускиот претседател Владимир Путин му изрази сочувство на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски по тешката сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа најмалку 45 луѓе, вклучувајќи и 12 деца, јави денеска агенцијата Тасс. – Примите длабоко сочувство поради загинувањето на граѓани на вашата земја, вклучително мали и поголеми деца, во сообраќајната несреќа која се […]

И „Маврово“ учествувало во изградбата на патот каде што се случи трагедијата со автобусот


Бугарските медиуми попладнево објавија дека и македонската градежна компанија „Маврово“ учествувала во изградбата на озлогласениот дел од автопатот од Софија кон Благоевград каде денеска во незамислива трагедија загинаа 45 македонски државјани кои се враќаа од патување во Истанбул. „Маврово“ било дел од бугарско-македонското конзорциум „Бул строј инженеринг“ заедно со бугарската компанија „Бизнис менаџмент систем – […]

Ганиу: Официјално 16 жртви од сообраќајната несреќа во Бугарија се од Чаир, но бројката е поголема


 Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу изјави дека бројот на жртвите од сообраќајната трагедија во Бугарија од оваа општина официјално е 16, но дека, според него, има повеќе жртви кои живееле во Чаир, но имаат адреси во други општини. – Бев во контакт со роднините кои беа погодени од оваа трагедија. Тука сум да покажам […]

Последната техничка проверка на автобусот била на 5 октомври


Последната техничка проверка на автобусот на „Беса Транс„, што изгоре денес во Бугарија, била направена на 5 октомври годинава, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата вечерва. Тој дополни дека истрагата ќе каже што се случило за да дојде до ваква трагедија.  Министерот Благој Бовчарски потврди дека сопственикот на „Беса транс“ во 2018 […]

Речиси половина од загинатите во Бугарија се од Студеничани


Градоначалникот на Општина Студеничани Азем Садику изјави дека од вкупниот број на загинатите сообраќајна несреќа во Бугарија, околу 20 лица се од населените места од оваа општина. Тој истакна дека како градоначалник ќе бара истрагата да оди до крај и да се најдат причините, посочувајќи дека владите на двете држави треба да работат на пронаоѓањето […]

Ќе ѝ се одземе лиценцата на „Беса транс“


Министерството за транспорт почна постапка за одземање на лиценцата за работа на превозникот „Беса Транс“ по сообраќајката на нивниот автобус во Бугарија во кој загинаа 45 патници бидејќи од досега добиените сознанија превозникот вршел меѓународен превоз без извод од лиценца за конкретното возило, информираше вечерва на прес-конференција ресорниот министер Благој Бочварски. -Опожареното возило не било […]

(Во живо) Заедничка прес-конференција на министрите Османи, Спасовски и Бочварски


Проследете ја заедничката прес-конференција на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски:

Радев: Бугарија прави сè што е возможно за откривање на причините за трагедијата на автопатот „Струма“


Искажувам најискрено сочувство до блиските на загинатите во несреќата на автопатот „Струма“ и во домот за стари лица во селото Ројак во североисточна Бугарија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев, јави дописникот на МИА во Софија. -Заедно сме со нашите браќа од Република Северна Македонија, заедно тагуваме со нив за трагедијата. Бугарската држава прави се […]

Бугарска новинарка: Горивото било купено поевтино во Турција, втор возач немало


Сите загинати во несреќата биле на средна врата во обид за спас, немало ниту еден на седиштата- објаснува новинарката Патриција Кирова од Бугарија за ТВ21 и за неофицијалните причините според тамошните власти за несреќата со автобусот на „Беса Транс“. Според нејзините сознанија, огнот започнал да гори од предната страна. каде според бугарската полиција имало туби […]

Дојче Веле: Автобусот на „Беса Транс“ не бил пријавен во Министерството за транспорт


Според извори на Дојче веле во Министерството за транспорт и врски, автобусот кој изгоре на автопатот во Бугарија и со себе во смрт однесе 45 патници, воопшто не е пријавен кај надлежните во земјава.   Автобусот на „Беса Транс“ во кој во вторникот загинаа 45 луѓе на автопатот во Бугарија, не бил пријавен кај надлежните институции во […]

За предлог мерките за невакцинираните ќе се одлучува на наредната владина седница


Мерките кои се однесуваат на вакцинација против Ковид19, предлог на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, се одложени за наредната владина седница, соопшти попладнево МЗ. Согласно предлог-мерките, сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место треба да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат […]

Блинкен изрази сочувство до Македонија и Бугарија


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази сочувство на граѓаните на Македонија и на Бугарија за двете големи несреќи што се случија во едно денонокие. -Стејт Департментот во име на американскиот народ изразува  длабоко сочувство до народите на Северна Македонија и на Бугарија за трагичната загуба на животи во денешната автобуска несреќа и во пожарот во […]

Починаа 15 лица од Ковид-19, од кои деветмина во последните 24 часа, регистрирани и нови 490 позитивни


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.869 тестирања, а регистрирани се 490 нови случаи со Ковид-19, девет починати и 484 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 490-те нови случаи од Скопје се 209, Битола – 42, Прилеп – 33, Кавадарци – 30, Велес – 18, Куманово – […]

Сопственикот на „Беса Транс“ тврди дека ги почитувал сите правила


Во опожарениот автобус имало и втор возач бидејќи компанијата ги почитува сите правила, изјавил сопственикот на компанијата „Беса Транс“ за бугарски „Дневник“.  Повеќето автобуси во возниот парк на компанијата, според него,  датираат од 2008-2009 година, изјави за Дневник сопственикот на Беса транс, Беким Хаџиу. -Немам што да коментирам, не знам како дојде до ова , […]

Сочувство од Руската амбасада за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија


Руската амбасада во Скопје изрази сочувство по повод жртвите во автобуската сообраќајна несреќа во Бугарија. – Изразуваме најискрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во сообраќајната несреќа во Бугарија. На повредените им посакуваме брзо закрепнување, стои во соопштението од Руската амбасада. Во тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија загинаа 46 лица, а […]