Од март се намалуваат цените за паркинг во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Цените за паркирање на возилата на местата со кои стопанисува „Градски паркинг“ Скопје, се намалени, па така најевтин паркинг сега е 25 денари за еден час, а најсап 75 денари. 

Имено, управниот одбор на јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје денес донесе одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје од 01.03.2022.

Со оваа одлука се предвидува намалување на цените на услугите на ЈП „Градски паркинг“, со што цената за паркирање се намалува во зонското паркирање, во зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час.