Променливо облачно со повремен дожд, на планините снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови, каде локално ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен до југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во […]

Обвинителството ги побара листите на патниците на „Беса Транс”


Веднаш по денешната прес-конференција на бугарските органи на истрагата во врска со сообраќајната несреќа што се случи завчера на автопатот „Струма“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде усна наредба до СВР Скопје за обезбедување на листите на патници кои со автобуси на „Беса транс“ ја напуштиле Република Северна Македонија на […]

Формирана работна група за пренесување на починатите од сообраќајната несреќа во Бугарија


Владата на денешната редовна 121 седница ја разгледа информацијата за планот за пренесување на повредените лица и на телата на починатите во сообраќајната несреќата во Бугарија, за што е формирана работна група предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, а во која уште членуваат министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерката за труд […]

Нема нови мерки за невакцинираните, Владата побара поголема контрола и дополнителни анализи


Владата на денешната редовна 121 седница темелно и сеопфатно ги разгледа предложените мерки и препораки на Комисијата за заразни болести за интензивирање на КОВИД-19 вакцинацијата и за зголемување на бројот на вакцинирани граѓани во Северна Македонија, информираат од Владата. – Тргнувајќи од неприкосновениот факт дека масовната вакцинација е најефикасен одговор за заштита од последиците и […]

Општина Гази Баба почнува со еко-патроли


По големиот број на реакции и барања од страна на граѓаните на општина Гази Баба, вечерва, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со инспекциската слуба на општината излезе на терен во обилка на дивата депонија Вардариште. Оваа еко-патрола од вечерва ќе функционира на територија на општина Гази Баба, односно инспекциските служби од вечерва ќе бидат на терен […]

Јовески нема информација дека арапски државјанин е меѓу преживеаните патници


Првиот човек на јавното обвинителство Љубомир Јовески потврди дека еден од преживеаните патници му кажал дека од автобусот се спасиле 8 лица. -Да, точна е информацијата. Но тоа е само негово забележување и јас верувам дека овие факти ќе се утврдат низ материјални докази, изјави тој во интерју за Сител. Јовески вели дека нема информација […]

Доктор Фанка Гилевска добитник на меѓународната МЕДИС наградата научно-истражувачки прилог


Доктор Фанка Гилевска, од клиниката „Систина Офталмологија“ е меѓу деветте добитници на Меѓународната МЕДИС награда за медицински истражувања за 2021 година. Нејзиниот научно-истражувачки прилог беше прогласен како најдобар во областа на офталмологија во рамки на документарната емисија „Моќта на довербата“ во која беа прогласени и останатите добитници на наградите, коишто доаѓаат од пет држави. Конкурсот […]

Охриѓани гневни поради исечените 60 дрвја


Сечата на повеќе од 60-тина дрвја на улицата Македонски Просветители ја “зовре” охридската јавност. Екологисти и граѓански активисти изреволтирани денеска излегоа на протест пред општинската зграда со цел како што велат да го освестат градоначалникот да ја запре штетата која се предизвикува со масакрот на дрвјата во центарот на Охрид.  Од Општината пак велат дека […]

Откриен осмиот патник, се качил во друг автобус?


Таткото на еден од патниците, кој требало да биде дел од автобусот, информира дека неговиот син е здрав и жив и дека само чиста среќа го спасила од кобниот ден кога загинаа 44 македонски граѓани. Неговото име е Џафер Долек. -Во целата несреќа за мене излезе голема среќа. Фала му на Бога, дали така судбината […]

Спасовски: Шпекулации се информациите за туби со гориво во автобусот на „Беса Транс“


 Шпекулациите во јавноста за туби со бензин, пиротехника и така натаму само штетат на истрагата, не помагаат. Според моите сознанија, коишто ги имам, воопшто не станува збор за туби со бензин коишто можат да бидат причина за несреќата, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за бугарската БТВ. Тој додаде дека длабоко верува […]

Уште 473 новозаразени, починаа вкупно 18 пациенти


Во последните 24 часа направени се 2.708 тестирања, а регистрирани се 473 нови случаи на Ковид-19: • Скопје – 246 • Битола – 41 • Кавадарци – 23 • Охрид – 22 • Куманово – 21 • Прилеп – 18 • Кочани – 13 • Велес – 11 • Струмица и Гевгелија – по 9 […]

Обвинителкатa Русковска се сретна со евроамбасадорот Гир


Функционирањето на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, неговата кадровска екипираност, како и идните планови во врска со преселувањето во новите простории, беа теми на разговор на средбата меѓу обвинителката Вилма Русковска и претставници на Делегацијата на Европската Унија во земјава, предводени од амбасадорот Дејвид Гир. Едночасовната средба што се одржа […]

Од утре најавен прекин на железничкиот сообраќај


Железничкиот сообраќај од утре во 7 часот ќе биде во прекин поради неисплатен втор дел од платата за октомври, најавија претседателите на синдикатите на машинскиот и извршен персонал во Железници на РСМ Транспорт, Тони Димовски и Душко Чакаровски. Како што изјави Чакаровски за МИА, со овој чекор всушност се реализира нивната најава за прекин на […]

Директорот на здружението на превозници тврди дека автобусот бил постар од три години


Ивајло Константинов, извршен директор на Националната асоцијација на автобуски превозници во Бугарија изјавил за БНР дека изгорениот автобус не бил стар три години, туку „најмалку 15-20 години“. „Неговиот модел е најмногу од 2005-2008 година. Доколку сопственикот тврди дека има 3 години, можно е да постои таква практика кај македонските компании да се рециклираат стари автобуси […]

Постоел или не осми патник во автобусот?


Дали мистериозниот патник е извесен Шаип Науф ал Салах, 36-годишен Арап, државјанин на Обединетите Арапски Емирати, бугарската обвинителка Сијка Милева на денешната прес конференција не можеше да одговори. Неговото име го виделе роднините на преживеаните на листа која ја добиле во болницата во Софија. Тоа го тврди и синот на вториот возач на автобусот кој загина во […]

Општина Гази Баба ќе донира 450.000 денари за помош на семејствата на загинатите во несреќата


Општина Гази Баба ќе донира 450.000 денари за помош на семејствата на загинатите во несреќата, одлучено е  денеска на седница, која почна со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите во сообраќајната несреќа која се случи во Република Бугарија. На седницата се обрати градоначалникот Стефковски кој пред советниците истакна: „Во мигови на голема тага […]

Каде е осмиот преживеан патник од автобусот во Бугарија?


Бугарските истражители тврдат дека во автобусот имало 44 тела. Загатка е каде е осмиот патник којшто бил спасен – или сведочењата не се точни, или пак имало размена на патници меѓу автобусите   Каде е осмиот патник којшто ја преживеал автобуската несреќа во Бугарија? Ваквото прашање се наметна по денешната прес-конференција во Бугарија, каде тамошното обвинителство […]

СЗО: Над 6 отсто од граѓаните во Македонија имаат катастрофални трошоци за здравство


Луѓето во Северна Македонија сѐ повеќе имаат пристап до јавно финансирана здравствена заштита, но катастрофалните трошоци за здравствена заштита остануваат предизвик, открива новиот извештај на СЗО/Европа објавен денеска. Извештајот „Дали луѓето можат да си дозволат да платат за здравствена заштита? Нови докази за финансиската заштита во Северна Македонија“ испитува до кој степен луѓето во Северна Македонија се […]

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег


Во следните денови под влијание на циклонска активност во Медитеранот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни и поројни, соопшти УХМР. Во западните делови утре локално ќе наврнат над 20л/м2, а на планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува да се формира снежна […]

Станков за МИА: Додека не заврши ДНК анализата, не може да се утврди точниот број лица настрадани во несреќата


 Директорот на Институтот за судска медицина Александар Станков во изјава за МИА вели дека на местото на автобуската несреќа во Бугарија се пронајдени 44 тела и остатоци од тела, коишто ќе се поврзат со ДНК анализата. – Додека не заврши ДНК анализата не може да се утврди точниот број на настрадани лица. Направени се 44 […]