Од утре променливо облачно со повремен дожд


Од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Според УХМР, во вторник се очекуваат пообилни врнежи дожд, кои поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика […]

Почнува акција за реконструкција на детските игралишта во Центар


Општина Центар започнува акција за реконструкција на детските игралишта на нејзина територија. Вчера, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со општинските служби, направија кратка обиколка и извршија увид во состојбата на постоечките игралишта. Активностите за реконструкција ќе ги опфатат детските игралишта кај поранешна „Агромеханика“, Градски ѕид Блок 9, игралиштето кај „Трготекстил“, ООУ „Гоце Делчев“ […]

Умерен сообраќајот на патните правци


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено по претежно суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно […]

Најстудено во Берово, минус 5 степени најмногу снег на Попова Шапка, 24 сантиметри


Утрово до седум часот во Берово беше најстудено, – 5 степени. Во Скопје-Петровец се измерени -4 , -3 во Битола, Демир Капија и Струмица, -2 во Kрива Паланка и Тетово, -1 во Претор, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Гевгелија, Дебар и Куманово, 0 во Охрид, 1 Попова Шапка, 2 Крушево, Виница и 4 степени во Дојран. […]

Колку нашата држава е толерантна на различностите


Стереотипите и предрасудите се дел од нашиот културен хабитус. Тие најтешко се надминуваат, а посебно ако не се работи на превенирање и надминување на проблемите кои подразбираат нетолеранција, но и непочитување на различностите и негување на негативни емоции кон истите. Причина за стереотипите најчесто е и страв од непознатото, и токму поради тоа потребна е […]

Бесплатно разгледување на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи


По повод светскиот ден на туристички водичи, 21 февруари, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници денеска организира бесплатно разгледување на Скопје и Битола. Бесплатните разгледувања на Скопје ќе почнат во 12, 13 и 14 часот. Појдовно место ќе биде Меморијалниот центар на мајка Тереза, а преку плоштадот Македонија ќе завршат во старата скопска чаршија. […]

Досега добиени околу 5.000 согласности од родители за скрининг на децата


Активни се 8.143 случаи во државава од кои најголем број 4.467 се во Скопје. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 2.808 тестови регистрирани се 905 нови случаи со КОВИД-19 од кои 161 се реинфекции, 10 починати и 1.565 оздравени пациенти. Министерството за здравство вчера соопшти дека почна скринингот во училиштата […]

Отворен ден во ЈП „Лајка“ за вдомување кучињата


ЈП „Лајка“ денеска од 10 до 13 часот, организира отворен ден на кој ги поканува сите љубители на кучиња, особено оние што размислуваат да вдомат куче од прифатилиштето во овој стационар. На отворениот ден во „Лајка“, како што посочуваат од претпријатието, се поканети и сите граѓани кои сакаат да донираат за да се подобрат условите […]

Сончево и топло, со температури до 21 степен


Претпладне времето ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен. Во Скопје, претпладне сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 19 февруари 2022 година, 50-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 315 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 26 минути, а ќе зајде во 17 часот и 10 минути. Денов трае 10 часа и 44 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Пензионерите очекуваат „историско зголемување на пензиите“, Владата најавува решение до 10 март


  Претставниците на Владата и на пензионерите денеска излегоа со позитивни оцени од средбата што ја имаа околу зголемуавње на пензиите и најавија дека се работи на трајно решение кое ќе овозможи нивен пораст. Од страна на претставниците на пензионерите беше истакнато дека очекуваат „највисоко историско зголемување на пензиите“, а од Владата дека решението кое […]

Нефи Усеини градеше без дозвола, а сега ќе се грижи за животната околина


Контроверзниот советник на ДУИ во Советот на Општина Охрид, Нефи Усеини, кој незаконски  изгради бетонска база на брегот на Охридското Езеро, сега е член на Комисијата за заштита на животната средина во општината. Случајот со бетонската база, за којшто реагираа еколошките здруженија, беше актуелен пред неколку години, а дивата сепарација на советникот Усеини беше наведена […]

Наставниците извисија околу вработувањата, за ВМРО-ДПМНЕ тие се партиски кадри


Денес во Собранието бевме сведоци на блокада на Закон кој предвидува раст на платите на наставниците, како и трансформација на работниот однос на 4.700 наставници од определено, на неопределно време, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е против трансформација на работниот однос на наставниците […]

Нови 905 случаи со КОВИД-19 од 2.808 тестирани, починаа вкупно 18 лица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.808 тестови, а регистрирани се 905 нови случаи со КОВИД-19 од кои 161 се реинфекции, 10 починати и 1.565 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 905 случаи, од Скопје се 468, Битола – 57, Кавадарци – 43, Велес – 41, […]

Матичните лекари го прекинуваат протестот


 Министерството за здравство и Здружението на приватни лекари се договориле во најскоро време, во рок од недела до две да бидат формирани работни групи и чекор по чекор да се започне со конкретно решавање на работите и утврдување на приоритетите. -За медицинските тимови од примарната здравствена заштита кои имаат помалку пациенти и евентуално дополнително да […]

Протестот на матичните лекари заврши, работни групи ќе го решаваат проблемот


  Денешниот протест на матичните лекари заврши откако на средбата на нивните претставници со здравствените власти е договорено да се формираат работни групи на кои ќе се дефинираат конкретните чекори за подобрување на состојбите со кои се соочуваат со лекарите од примарното здравство. Ова е резултат од денешниот состанок помеѓу заменик-министерот за здравство, Владимир Рендевски, […]

Ревизија најде неправилности во работењето на Општина Аеродром, ги прозва и Марин и Муцунски


Општина Аеродром речиси сите пари наменети за поддршка на спортот ги давала на МЗТ Скопје Аеродром, утврди Државниот завод за ревизија, кој денеска ги објави конечните ревизорски извештаи од извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Аеродром, на сметката на основниот буџет, за 2020 година. Дополнително ДЗР направи забелешки на […]

Битола преплавена од хаварисани возила пред зградите


  БИТОЛА – Општина Битола најави дека ќе се справи со проблемот на паркирани хаварисани возила на јаван простор. Проблемот што општината го има со паркираните неупотребливи возила е стар со години и досега се покажа нерешлив. Несовесни битолчани со оставени стари искршени возила на тротоари и на јавни површини „лечат“ носталгија по минатото, обвинуваат […]

Шаќири: Од 1 септември учениците ќе ги имаат сите учебници


Министерството за образование и наука ги разгледува сите можности, во тек се постапки и од 1 септември сите ученици во основно и средно образование ќе имаат учебници, соопшти ресорниот министер Јетон Шаќири. Пред учеството на трибина во Струга, која е дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно“, одговарајќи на новинарско прашање за немањето учебници по […]