(Во живо) ЗЕЛС одбележува 50 години од основањето


Заедницата на единиците на локалната самоуправа–ЗЕЛС, денеска ќе го одбележи јубилејот – 50 години од основањето.

На свеченоста во хотелот „Александар палас“ ќе се обрати претседателката на ЗЕЛС, Данела Арсовска, а ќе присуствуваат и атуелни градоначалници и претставници на Комитетот на советите при ЗЕЛС. Поканети се и премиерот и министри во Владата, претставници на дипломатскиот кор, како и личности кои со своите заложби придонеле за досегашниот развој на ЗЕЛС и на процесот на децентрализацијата.

На одбележувањето на јубилетот ќе биде потпишан нов Меморандум за соработка меѓу Владата и ЗЕЛС. Актуелниот е склучен пред 19 години, на 5 март, 2003 година.