Промоција на „Атентат“, долгодишно истражување на д-р Доревски за атентатот на Глигоров


По повеќе од три децении, книгата ,,Скопскиот атентат’’ повторно го отвора прашањето за еден од најсложените безбедносни случаи во независна Македонија – атентатот врз првиот претседател на државата, Киро Глигоров, се вели во најавата за промоцијата на најновата обемна книга д-р Зоран Доревски,  во време на атентатот  главен инспектор во Управата за обезбедување одредени личности […]

Сончево и топло со температури до 26 степени


– Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови ќе биде повремено засилен ветер, претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 14, а максималната ќе во интервал од 19 до 26 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со […]

Пристапно предавање на новоизбраниот дописен член на МАНУ, Мирко Тодоровски


Новоизбраниот дописен член на Македонската академија на науките и уметностите, проф. д-р Мирко Тодоровски ќе одржи пристапно предавање на тема „Електроенергетски системи во ера на енергетска транзиција – очекувани предизвици“.  Проф. д-р Мирко Тодоровски е избран за дописен член на Македонската академија на науките и уметностите на Изборното собрание на МАНУ, одржано на 7 ноември […]

Астрономски календар


Денеска е среда,30 септември 2026 година, 273-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 92 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 29 минути, а ќе зајде во 18 часот и 17 минути. Денов трае 11 часа и 47 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, а […]

„ЕУ за Преспа“: Нова канализациска мрежа и пречистителни станици за поквалитетен живот и заштита на Преспанското Езеро


Преку Програмата „ЕУ за Преспа“, финансирана од Европската Унија, имплементирана од Програмата за развој на Обединетите Нации во партнерство со националните и локални институции, целосно се завршени околу 35 километри канализациска мрежа во Претор, Стење, Крани, Долно Дупени и Брајчино. Во завршна фаза е изградбата на шест пречистителни станици за отпадни води во Претор, Стење, […]

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија


Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија“, во која се сместени осум државни институции, како и за досега преземените и планираните активности за санација и целосно нормализирање на условите за работа. Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од […]

Сузбиена група поврзана со ИСИС, поднесени кривични пријави за тероризам и недозволена трговија со оружје


 Пет лица се уапсени, а тројца осомничени добија кривични пријави откако полицијата разби организирана криминална група од Скопје поврзана со тероризам и недозволена трговија со оружје. Акцијата ја спроведоа Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на Основното јавно обвинителство […]

Ѓорѓиевски повикува да ги засукаме ракавите: Утре почнува, а два пати месечно сите на чистење низ Скопје!


Голема акција за чистење најавува градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во која ќе учестуваат илјадници луѓе, а почнувајќи од утре 30 септември, ќе се одржува два пати месечно, за да се исчистат скопските улици, паркови, патеки, околу зградите, трговските, кејот, игралиштата и други површини…   Акцијата се спроведува според мотото: „Да оставиме пример, не ѓубре!“ […]

Напнато рочиште на судењето за тендерот за ископ на јаловина во РЕК „Битола“


  БИТОЛА – Своевидна паника од потезите на ОЈО Битола настана на последното рочиште во Основниот суд Битола во процесот во кој им се суди на екс-директорот на РЕК „Битола“ Пеце Матевски и уште шестмина вработени од комбинатот како и на три службенички од Бирото за јавни набавки од Скопје, обвинети за незаконитости во тендер […]

Претстави, изложби и промоции на Бела ноќ во сабота во Скопје


На 3 октомври, од 19:00 до 03:00 часот, „Бела ноќ“ повторно го осветлува Скопје. Вечер на уметноста што нè запира среде чекор, на музиката што нè води низ улиците и на средбите што остануваат во сеќавање. Oрганизатори се Универзална сала и Град Скопје. Од плоштадите и мостовите до галериите, музеите и чаршијата, автентичните скопски места […]

СДСМ вели дека има двајца Мицкоски. Едниот рудар, другиот демонстрант


  Опозицискиот СДСМ реагираше на повторените најави на премиерот Христијан Мицкоски за отворање нови рудници. Партијата вели дека јавноста гледа двајца Мицкоски: „Во 2023, додека беше опозиција, за Иловица зборуваше дека ‘се брани приватен интерес на сметка на колективниот интерес на граѓаните во тој регион’. Најавуваше дека идната влада на ВМРО ќе го решава случајот. […]

Отстранети дивите тезги кај Бит-пазар, одземени речиси 500 килограми храна


Во вонреден инспекциски надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство отстранети се сите диви тезги на Бит-пазар и одземена е храна во количина од речиси 500 килограми, од кои најголем дел земјоделски производи. Инспекцискиот надзор е спроведен денес во раните утрински часови по должината на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, на потегот од трговскиот центар „Мавровка“ […]

Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“


 Премиерот Христијан Мицкоски најави дека утре ќе биде отворен реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, кој ќе биде модерен објект со современи услови за сместување на студентите. Наскоро, рече тој, се очекува отворање и на домот „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје. Двата се реновираа околу две години во рамки на планот за етапна реконструкција на […]

Пукна цевка во поранешната зграда на „Нова Македонија“, без струја повеќе институции


Топловодна цевка пукна утрово во поранешната зграда на „Нова Македонија“, каде што се сместени повеќе министерства и државни институции, јави СДК. Поради дефектот, првиот кат е поплавен, а електричната енергија е исклучена од безбедносни причини.   Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Ивица Томовски, за СДК изјавил дека објектот не […]

Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија


Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на право на студентска стипендија, остварено во некоја од изминатите академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на правото на стипендија, дека рокот за аплицирање е од 1 до 30 октомври 2026 година. За продолжување на правото на студентска стипендија, корисникот треба електронски да […]

Се отстрануваат дивите продавачи на Бит-пазар – сообраќајот во колапс


Полиција утрово го преполни Бит-пазар поради акција за отстранување на диви препродавачи. Голем број полициски автомoбили се паркирани на коловозот па булеварот „Крсте Петков – Мисирков“ е едвај прооден, а сообраќајниот метеж е прелеан и на околните улици. „СВР Скопје во координација со Град Скопје презема мерки за отстранување на нелегални препродавачи“, кусо велат од […]

Говорот на омраза е една од најголемите пречки за учество на жените на високи раководни функции


Жените се мнозинство меѓу вработените во јавниот сектор, но не и на позициите на кои се носат одлуките. Иако со 39,2% учество во 2024 година државата има релативно висока застапеност на жените во Собранието, во Владата тие учествуваат со само 15%, а од 58 лица именувани на лидерски позиции од страна на Собранието, само 16 […]

Следете ги птиците на Европа во речиси реално време: Претставен новиот eвропски портал за птици со податоци и од Македонија


Европскиот совет за попис на птици ја претстави новата верзија на Европскиот портал за птици, преку кој во тукуречи реално време може да се следи неделната распространетост на речиси 600 видови птици, колку што се среќаваат на европскиот континент. Благодарение на платформата ptici.mk што пред две години ја разви Македонското еколошко друштво (МЕД), во живо […]

Светски ден на срцето – тимови на ИЈЗ со пункт во Скопје за бесплатни прегледи и стручни совети


 По повод 29 Септември – Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје денеска организира теренска превентивна активност насочена кон подигнување на свеста на граѓаните за значењето на кардиоваскуларното здравје и превенцијата на кардиоваскуларните заболувања. ИЈЗ соопшти дека негови тимови во 10.30 часот ќе постават пункт во трговскиот центар „Дајмонд мол“ каде што граѓаните ќе […]

Предлог-концепција за откривање и работа со талентирани и надарени ученици во основното образование, до 10 октомври може да се доставуваат предлози и забелешки


Бирото за развој на образованието, во соработка со Министерството за образование и наука, ја објави  Предлог-концепцијата за откривање и работа со талентирани и надарени ученици во основното образование  и повика сите заинтересирани до 10 октомври да учествуваат во онлајн јавна расправа и да достават мислења и сугестии за креирање на конечниот текст на документот.  МОН […]