Богданци протестираше за Биљана, во недела Скопје: Уште колку деца нема да заштитиме?


Граѓани вечерва се собраа во градскиот парк во Богданци во чест на 17-годишната Биљана Кириќ, која беше убиена минатиот викенд. Со запалени свеќи и транспаренти, присутните ѝ оддадоа почит и побараа навремена реакција за спречување на насилството врз жените и девојчињата.

 

На мирниот собир, покрај жителите на Богданци, дојдоа и граѓани од Кочани и од други градови. Со пораките на транспарентите тие повикаа да се слушнат гласовите на оние што се соочуваат со насилство и да се реагира пред тоа да прерасне во фемицид.

Убиството на Биљана ја потресе јавноста. Според досега објавените информации за случајот, таа се обидувала да ја прекине врската со момчето за кое постои сомнение дека ја убило. Тој подоцна си го одзел животот.

Претходно, направена е вонредна инспекција во центарот за социјални работи во Гевгелија, по трагедијата во Богданци, која животот го загуби малолетната Биљана Кириќ.

Социјалната инспекција проверува како институциите постапувале во случајот и дали биле преземени сите мерки за заштита на девојката. Инспекцискиот надзор треба да даде одговор на прашањето како бил следен случајот на Билјана, какви проценки биле направени, и дали центарот за социјални работи навремено и соодветно реагирал на околностите во кои се наоѓала девојката.

Резултатите од надзорот се очекуваат во наредните денови.

Претходно, директорот на Бирото за јавна безбедност, соопшти дека полицијата веднаш по пријавата излегла на терен, а партнерот на девојката бил приведен.

По консултација со јавен обвинител, тој бил пуштен на слобода. Во меѓувреме, била поднесена кривична пријава, изречена привремена мерка за заштита и изработен план за безбедност на Биљана. 

Протест против фемицидот е најавен и во Скопје, во недела, на 8 ноември, во 12 часот, во паркот „Жена борец“.

Тажна глетка од гробиштата во Гевгелија – наместо на матурска, Биљана замина во царството небесно

Како што сведочат и самите објави од локалните портали, оваа прерана загуба длабоко ги потресе Богданци и Гевгелија, но и цела Македонија, оставајќи зад себе празнина што никогаш нема да се пополни.

Со неизмерна болка, солзи и преполни срца со тага, семејството, пријателите, соучениците и жителите на Богданци и Гевгелија ја испратија 17-годишната Биљана Ќириќ, чиј живот трагично згасна во ужасниот случај на фемицид што ја потресе целата јавност.

На градските гробишта во Гевгелија владееше потресна атмосфера. Гробното место на младата девојка беше буквално преплавено и покриено со стотици цвеќиња, венци, панделки и проштални писма.Наместо да седи во училишните клупи и да ги дели секојдневните матурски радости со своите другарки, Биљана прими последен поздрав преку емотивни пораки испишани од оние со кои требаше да ја дели младоста.

Животот на оваа насмеана девојка беше прекинат во цутот, во трагичниот настани во кој го загуби животот од својот 21-годишен партнер Виктор, кој по грозоморниот чин сам си пресуди.

Како што сведочат и самите објави од локалните портали, оваа прерана загуба длабоко ги потресе Богданци и Гевгелија, но и цела Македонија, оставајќи зад себе празнина што никогаш нема да се пополни.