Протест на професионалните војници, бараат еднаква опремнина
Со транспаренти „Не бараме милостина, бараме еднаквост“ и „613 ветерани не бараат виновници, бараат државата да ја исправи неправдата“, поранешните професионални војници излегоа на протест пред Владата. Тие реагираат на големите разлики во исплатата на отпремнина по законските измени и бараат еднаков третман за сите пензионирани војници, без разлика кога заминале во пензија.
„Од оваа страна на сликата сме ние пензионираните војници пред 14 февруари 2024 година, а од друга страна се оние кои се пензионирале после тоа. Погледнете ги разликите во сумите. Пример, ако некој генерал тогаш земал три илјади евра како отпремнина, сега таа сума изнесува дваесет и пет илјади евра“, вели Видан Кипријановски од Координативното тело на пензионирани припадници на Армијата.