„Европски дијалози“ во Скопје: Изложбата „Солидарноста како иднина“ го отвора четиридневниот форум за европското наследство и иднината на Европа


Со изложбата „Солидарноста како иднина“ во Музејот на современата уметност вечерва во Скопје ќе бидат отворени „Европските дијалози“, четиридневен меѓународен форум посветен на европското наследство, граѓанското општество и иднината на Европската Унија. Настанот е во организација на Францускиот институт во Париз, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Северна Македонија. Преку поставката „Солидарноста […]

Без вода дел од корисниците од две улици во Центар


Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од дел од улиците „Владимир Полежиновски“ и „20 Октомври“ во Општина Центар. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок со пречник Ф-80 милиметри на улицата „Владимир Полежиновски“ бр. 17 и ќе трае до завршување на работните […]

Променливо време со ниски утрински температури


Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат синоптичарите. Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје слично време со утринска температура до […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 29 септември 2026 година, 272-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 93 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 28 минути, а ќе зајде во 18 часот и 19 минути. Денов трае 11 часа и 50 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

МОН објави јавен повик за ромски образовни медијатори – ќе се ангажираат 50 во основните и 35 во средните училишта


До 7 октомври се отворени јавните повици на Министерството за образование и наука (МОН) за ангажирање ромски образовни медијатори за поддршка на образованието на Роми од социјално загрозени семејства или кои се подолго време надвор од образовниот систем. Со повиците се бараат 50 медијатори во основните и 35 во средните училишта за поддршка на учениците […]

Утре без струја делови од Скопје


Поради планирани технички зафати, мрежни активности и поставување нова инфраструктура, дел од корисниците во Скопје и околните населени места утре, 29 септември, привремено ќе останат без електрична енергија. Во Општина Бутел, поради активности во ТС „Бутел 24“, прекин во снабдувањето ќе има од 07:55 до 09:55 часот на дел од улиците „Никола Петров“, „Грујица Војвода“ […]

Жителите на Пчиња на средба со локалната власт во Куманово, наскоро дополнителна механизација за Краста


Дополнителна механизација и земјиште ќе бидат ангажирани за санација на депонијата Краста, најави денеска кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски по одржаната средба во општината со жители од селата Пчиња, Студена Бара и Винце. На средбата присуствувале и дел од пратениците и претставници од Советот и од директорот на ЈП „Чистота и зеленило“. Димитриевски рече дека со […]

Министерот Ферати: Спортско ривалство да – омраза и етнички и верски навреди не


Министерот Агон Ферати денеска одржа средба со претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за спорт, ОБСЕ, ФФМ, фудбалските и кошаркарските клубови, како и со претставници на навивачките групи на албанските и македонските клубови.   На средбата опширно се разговараше за состојбите и предизвиците на спортските терени и во спортските сали, со посебен акцент на […]

Десетта жртва на западнонилската треска


Седумдесетгодишен пациент со западнонилска треска почина, со што бројот на смртни случаи регистрирани годинава во Македонија се искачи на десет, информираа здравствените власти.   Според директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, пациентот 57 дена бил лекуван на Инфективна клиника и имал придружни боелсти. Последниот објавен неделен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се однесува на […]

Светлана Мојсов – научник кој стои зад револуционерното откритие за лекување дијабетес


Еминентната, скромна д-р Светлана Мојсов, една од најеминентните хемичарки во светот, лани беше избрана за почесен професор (Professor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Одлуката ја донесе Сенатот на УКИМ, по номинацијата од Природно-математичкиот факултет во Скопје, чиј интегриран дел е Институтот за хемија. Лани, стана, исто така, 19- та добитничка […]

Јавните услуги треба да може да ги користи секој: Промовиран водич за комуникација со лица со оштетен слух


Министерството за јавна администрација го промовираше Практичниот водич за комуникација и обезбедување услуги за лицата со оштетен слух, што има задача да ги овозможи сите услуги кои ги имаат институциите и за овие сограѓани. „Јавната администрација е тука за сите граѓани. А тоа значи дека секој граѓанин, без разлика на своите потреби и предизвици, треба […]

Граѓаните сѐ уште не се доволно информирани за нивното право да побараат информации од јавен карактер


Слободниот пристап до информации има огромно значење за целата наша заедница затоа што граѓаните мора да имаат информации како и на кој начин работат институциите, како се трошат буџетските средства и како се креираат политиките во нашата држава, изјави директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер Петар […]

ООУ „Блаже Конески“ добива ново игралиште за кошарка и за одбојка


Во завршна фаза е изградбата на новото спортско игралиште од 360 м2 наменето за кошарка и одбојка во рамките на ООУ „Блаже Конески“ во населба Мичурин. Во моментов се изведуваат завршните работи за боење и уредување на спортската површина, изведена со современа трислојна лиена гумена подлога со висока издржливост, погодна за сите временски услови. Материјалите […]

Бесплатна стручна поддршка за деца и млади со различни видови попреченост во Центар


Општина Центар, во соработка со Центарот за асистивна технологија на здружението „Отворете ги прозорците“, обезбедува бесплатна и индивидуализирана стручна поддршка за деца и млади со различни видови попреченост и за нивните семејства. „Силно го поддржуваме овој проект. Вложуваме во дигиталната инклузија бидејќи достапноста до интернет и дигиталните алатки значи полесна комуникација, учење и поголема независниост […]

Министерството за одбрана повеќе не е најтранспарентно, од општините предничат Градско, Демир Хисар, Зрновци и Штип


Рангирањето се спроведува секоја година од 2016 година наваму. Опфатени се 102 институции, односно Владата и сите министерства и општини според проактивното објавување информации од јавен карактер.   Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2026 година изнесува 82 % (од максимално можни 100 %), […]

Општините немаат обврска да имаат инспектори, покажува нова анализа на ИСППИ


Општините немаат законска обврска да имаат инспекциски служби, но имаат можност, покажала новата анализа на ИСППИ во рамки на проектот „Локалните инспектори под лупа“, како и отсуство на систем за лиценцирање и новоформирано координативно тело – Колегиум на директори на државни инспекторати, без правно загарантирана вклученост на локалните инспектори… Ова се само дел од наодите […]

Претседателката Сиљановска-Давкова го честита Меѓународниот ден на Бошњаците


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, го честита 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците со желба „меѓусебно да се почитуваме и разбираме во градењето заеднички дом на рамноправни и среќни граѓани, во којшто, различностите ќе се почитуваат, а вредностите и принципите ќе нѐ обединуваат, без оглед на етничката и верска припадност“! „Ви упатувам искрени честитки по повод 28 […]

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург


 Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург. Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“, соопштија денеска од нејзиниот кабинет. Европскиот самит во Салцбург е годишен собир во организација на Институтот на регионите на […]

Евроамбасадорот Рокас во посета на Дебар


Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас денеска ќе ја посети Општина Дебар, а како што појаснуваат од Делегацијата на ЕУ посетата е дел од иницијатива за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Посетата на Дебар ќе започне со средби меѓу амбасадорот Рокас, градоначалникот Фисник Мела и членовите […]

Светлана Мојсов ќе одржи предавање во МАНУ


Светски реномираната научничка и истражувачка во областа на биохемијата, Светлана Мојсов денеска напладне ќе одржи предавање во Македонската академија на науките и уметностите. Темата на предавањето е „„GLP-1: Хемијата е од суштинско значење: Од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина“, -Македонската академија на науките и уметностите има чест да ве покани на […]