Прекинато водоснабдување на дел од булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром


Поради изведување водоводен приклучок на булевар „Видое Смилевски-Бато“, кај полициската станица, денеска ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците од овој булевар во Општина Аеродром. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот ќе трае од 08:00 часот до завршување на работите. – Поради изведување на водоводен приклучок ф-150мм на булевар Видое Смилевски Бато бб, кај […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 28 септември 2026 година, 271-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 94 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 27 минути, а ќе зајде во 18 часот и 21 минута. Денов трае 11 часа и 53 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Утре без струја делови од Бутел, Гази Баба и Чаир


Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, утре, 28 септември, без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини. Во Бутел, во периодот од 07:55 до 09:55 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Марко Крале“ и „Љубо Петровиќ“. Во Гази Баба, прекин е најавен од 09:00 до 13:00 часот за корисниците […]

Дел од Ново Лисиче, кај полициската станица, утре без вода


Дел од жителите од Ново Лисиче утре ќе бидат без вода поради изведување водоводен приклучок. -На ден 28.09.2026 година (понеделник) поради изведување водоводен приклучок од ф-150 мм на бул. Видое Смилевски – Бато б.б – кај полициската станица, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од […]

Протестен марш во Скопје за поддршка на Тачи и осудените водачи на ОВК


Со почеток во 14 часот во Скопје се одржа протестен марш за поддршка на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, како и за останатите тројца поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) – Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весели, кои беа прогласени за виновени за воени злосторства и осудени од страна на Специјализираниот […]

Скопје домаќин на Регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа


Регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа ќе се одржи на утре и задутре во Собранието, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На конференцијата ќе учествуваат претставници на институции, парламенти, правосудството, меѓународни организации и граѓанскиот сектор од земјите од Југоисточна Европа, а во фокусот ќе бидат законодавните и институционалните одговори на фемицидот, парламентарниот […]

Попладнево, почувствуван земјотрес во Битола


Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 14 часот и 4 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Преспа, на околу 127 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 3.3. Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, од жителите на градот […]

Кривична против двајца велешани осомничени за одземање 300.000 денари од 88-годишно лице


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против две лица од Велес поради сомнение дека извршиле измама врз 88-годишен жител на Струга. Според информациите од полицијата, пријавени се А.С. (67) и Д.С. (42), кои се сомничат дека на 6 август 2026 година во Струга го довеле во заблуда оштетениот и му одзеле 300.000 […]

Вандализирано детското игралиште во Карпош 1, оштетени реквизити и урбана опрема


Детското игралиште во Карпош 1 повторно е мета на вандализам, при што се оштетени повеќе детски реквизити и дел од урбаната опрема. Од Општина Карпош посочуваат дека секоја година се издвојуваат средства за одржување, обновување и унапредување на јавните површини, како и за поставување и реконструкција на детски игралишта и урбана опрема. Сепак, вложувањата во […]

Светски ден на туризмот: 741.446 туристи ја посетиле Македонија за седум месеци


 По повод 27 септември – Светскиот ден на туризмот, Министерството за култура и туризам упатува искрени честитки до сите туристички работници, чинители во туристичкиот сектор и граѓани кои со својата посветеност, знаење, труд и гостопримство придонесуваат за развојот и меѓународната промоција на македонскиот туризам, пишува во денешното соопштение. – Овогодишната тема, утврдена од Светската туристичка […]

Двесте и десет „чинии љубов“ подготвени за кучињата во и околу прифатилиштето на ЈП „Лајка“


Под мотото „Збор на денот: заедница“ вчера во дворот на ЈП „Лајка“ се одржа првиот настан „Чинија љубов“, кој обедини граѓани околу една заедничка цел – подготовка на готвени оброци за бездомните кучиња. Како што се наведува во соопштението на „Лајка“ благодарение на заедничкиот труд, беа подготвени и поделени вкупно 210 оброци. Со полна чинија […]

Женската медиумска мрежа „Еднаква“ и ССНМ промовираа алатка за пријавување онлајн вознемирување на новинарки


Новинарките и жените во медиумите отсега директно со неколку клика можат да пријавуваат онлајн вознемирување поврзано со нивната работа. Женската медиумска мрежа „Еднаква“ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска ја промовираа алатката за онлајн вознемирување врз жените во медиумите со која се овозможува полесно и побрзо адресирање на овој проблем. Алатката […]

Променливо облачно време со сончеви периоди, температура од 6 до 23 Целзиусови степени


Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, времето во текот на денов ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има зголемена облачност и услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 6 до 23 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, се очекува променливо […]

Реформите се потребни за вас, а не за ЕУ, порача известувачот Томас Вајц


  Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во модерно, демократско и добро организирано општество, без оглед дали сакате да се приклучите во Европската унија еден ден или не, порача денеска австрискиот европратеник Томас Вајц на Граѓанскиот форум „Северна Македонија и иднината на […]

Светлана Мојсов одликувана со орденот „8 Септември“


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“, денеска ја одликуваше Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“ за извонредниот придонес во биохемијата како врвна светска научничка и истражувачка. Примајќи го ова високо признание, Мојсов преплавена од емоции, се заблагодари за укажаната чест. „Јас сум без зборови. Многу Ви Благодарам“, рече таа. Говорејќи за […]

Владата ги извиси земјоделците, вели Филипче


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Свети Николе, каде што имаше средби со граѓани и со земјоделци, на кои што разговараше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните од овој регион. Филипче нагласи дека власта на ВМРО-ДПМНЕ во среде криза ги оставила граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси. […]

Времето денеска: Малку дожд, малку сонце


  Времето денеска ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен. Во Скопје ќе биде облачно. Во текот на ноќта и во претпладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува […]

Земјоделците итно да ги соберат дозреаните плодови на отворено за да го спасат родот од ниските утрински температури


Ниските температури, особено оние под нулата што беа измерени деновиве на некои повисоки места (Демир Хисар, Берово, Делчево, од -0,8 до -2,3 степени), може да предизвикаат сериозни штети во земјоделството, предупредуваат агрометеоролозите и апелираат, производителите итно да ги соберат сите дозреани плодови на отворено, ако сакаат да го спасат родот. На удар се, велат, пиперката, […]

Сиљановска-Давкова ќе ја одликува Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре – 26 септември 2026 година, сабота, на свечена церемонија со почеток во 15:00 часот ќе ја одликува Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“. Светлана Мојсов се одликува за извонредниот придонес во биохемијата како врвна светска научничка и истражувачка. Светлана Мојсов – непризнатиот научник кој стои зад револуционерното откритие за лекување дијабетес