Без струја делови од Кисела Вода, Гази Баба и Чаир


Фото: Б. Грданоски

– Корисниците од ул. „Димо Хаџи Димов“ во општина Кисела Вода, лоцирани на потегот од крстосницата со ул. „Марко Орешковиќ“ до крајот на ул. „Димо Хаџи Димов“, денеска од 8.30 до 12.30 часот ќе немаат електрична енергија. 

Регионалниот центар за управување со кризи, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, соопшти дека од 8.30 до 14.30 часот струја ќе немаат и дел од корисниците од улиците „Благоја Стефковски“, „Разлошка“, „Валандовска“ и „Никола Киров Мајски“ во општина Гази Баба, а од 9 до 15 часот и корисниците од улиците „Архиепископ Ангелариј“, „Дичо Зограф“, „Јорганџиска“ и „Макариј Фрчковски“, како и објектите на црквата „Свети Спас“ и Националниот конзерваторски институт во општина Чаир.

Во периодот од 9.15 до 11.30 часот без  електрична енергија  ќе останат и дел од корисниците од населба Колонија во општина Гази Баба.