УХМР: На повеќе места попладнево нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер


На повеќе места попладнево имаше развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и силен ветер, а имаше и изолирана појава на ситен град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. – Нестабилно беше и во Скопската Котлина. Доцна попладнево поголема и интензивна облачна маса со интензивни електрични празнења и поројни врнежи е активна во југоисточните делови […]

На аџилак заминаа 919 верници муслимани од Македонија


На аџилак годинава заминаа 919 верници муслимани од 13 муфтиства во нашава држава. Ова за Радио Слободна Европа го изјави претседателот на Исламската верска заедница во С. Македонија Хаџи Шакир еф. Фетаху кој додаде дека авионското патување кон светите исламски места во Саудиска Арабија во Мека и Медина е реализирано последните три дена со пет […]

Невреме го зафати Скопје – силен ветер, дожд и паднати дрвја


Силно невреме го зафати Скопје попладнево, во неколку делови од главниот град. Невремето е проследено со силен ветер, дожд и наместа  град. Информациите од терен говорат и за паднати дрвја и неколку оштетени автомобили. Се очекуваат повеќе информации од надлежните институции. 

Заедно со НАТО-сојузниците ги јакнеме нашите позиции и безбедност, вели Ковачевски


Премиерот  Димитар Ковачевски заедно со министерката за одбрана, Славјанка Петровска и амбасадорката на САД во нашата земја, Кејт Брнз, денеска го посетија носачот на авиони „Хари С. Труман“ – воен брод со капацитет да носи 90 авиони или хеликоптери, со носивост од 100 000 тони и од генерацијата на најголемите бродови-носачи на Соединетите Американски Држави. […]

Бигорски се подготвува за манастирската слава – Рождеството на Свети Јован Претеча – Иванден


Македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“ попознато како Бигорски манастир се подготвува за одблежување на 7 јули, сечесниот празник на Рождеството на патронот и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован. -Во среда, на 6 јули, во свештената бигорска обител ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20:30 часот, […]

Повеќе родени и умрени во градските средини


Според податоците на Државниот завод за статистика, во градските подрачја во земјава минатата година живородени се 11 224 деца или 60.2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 7 424 или 39.8% се во селските подрачја.   Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 38.9 %, а најмало […]

ССМ и денеска на протест пред Собранието


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и денеска пред Собранието ќе постави столчиња во знак на поддршка на членовите на Комисијата за финансирање и буџет да го изгласаат амандманот со кој се бараат средства во ребалансот на Буџетот за линеарна исплата на 2.806 денари во нето износ за вработените во јавниот сектор. Пред Собранието ќе […]

Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд, температурата до 38 степени


Времето претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Попладне се очекува нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места и услови за појава на невреме со град и силен ветер. Минималната температура ќе се движи од 12 […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 2 јули 2022 година, 178-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 187 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 1 минута, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 12 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Ако викендов одите в планина, проверете каде треба да пријавите


Доколку претстојниот викенд планирате да го минете низ планина, ова е важно известување од Центарот за управување со кризи за вас. Низ парк шумата Водно или низ нашите национални паркови Шар Планина, Маврово, Галичица и Пелистер, може да се движите слободно, без никакви ограничувања Доколку планирате да се движите низ останатите планински делови од државата […]

Калина Гривчева Старделова реизбрана за претседател на Лекарската комора


Проф. д-р Калина Гривчева Старделова е реизбрана за претседател на Лекарската комора на Република Северна Македонија на денешната конститутивна седница на Собранието на Комората што се одржа во просториите на Градската општа болница „8. Септември“. Од присутните 75 делегати на Собранието поддршка на Гривчева Старделова дадоа 51, додека за другиот кандидат доц. д-р Емилија Велковска […]

До крајот на денот нестабилно со пороен дожд во источните делови од земјата


УХМР најавува дека до крајот на денот времето на места, претежно во источните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со појава на град, додека во текот на ноќта ќе биде малку до умерено облачно. Утре претпладне, според УХМР, ќе биде сончево и многу топло со мала […]

Уште двајца починати од Ковид, 193 новозаразени


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 894 тестови, а регистрирани се 193 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 109, Битола – 17, Куманово – 15, Кавадарци – 11, Велес – 7, Гостивар и Штип – по 6, Кичево – 5, Прилеп – 4, […]

Судиите и јавните обвинители кои наполнија 62 или 64 години заминуваат во пензија


Вкупно 42 судии и 10 јавни обвинители над 62 или 64 од денеска се во пензија. Како што информираа за МИА од Советот на јавни обвинители и Советот на судии на Република Северна Македонија, денеска биле донесени одлуки со кои се констатирал престанок на нивната функција поради исполнување на условите за пензија. Собранието вчера не […]

Кај Штип одбележана годишнината од Брегалничката битка


  На ридот Каленица кај Штип беше одбележана 109-годишнината од Брегалничката битка во организација на Владата на Србија и Комитетот за негување на традициите од ослободителните војни на Србија, во соработка со градот Штип и здруженијата на Србите на север. Македонија. Брегалничката битка се одвиваше меѓу Бугарија и Србија за време на Втората балканска војна […]

Од понеделник аплицирајте за субвенции на велосипеди и тротинети во Аеродром


Општина Аеродром во понеделник, 4 јули, го отвора јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипеди, а субвенциите од оваа година се проширени и ќе се однесуваат и на електрични тротинети: – за велосипеди во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари; – за електричен […]

Синдикат на КЦ: Директорите на ЈЗУ и министерот за здравство немаат законски основ за прекин на работен однос на здравствен работник


Синдикатот на Клинички центар соопшти дека директорите на јавните здравствени установи во Клинички центар и министерот за здравство спротивно на законот донеле одлуки за прекин на договорот за вработување на поголемиот број здравствени работници, односно здравствени соработници кои наполниле 64 години возраст и имаат 15 години пензиски стаж. Директорите на здравствените установи и министерот за […]

На ГП Табановце, Богородица и Дојран се чека до 30 минути


На граничните премини Богородица и Дојран за излез и на ГП Табановце за влез во земјава се чека 15-30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Во Софија заедничка вежба на македонските и бугарските специјални полициски единици (фото)


Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија во Софија, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, со придружна делегација, учествуваа на билатерална средба со  министерот за внатрешни работи  Бојко Рашков.         Министерот Спасовски упати благодарност до колегата домаќин, министерот за внатрешни […]

МВР: Да се одјават возилата чија сообраќајна дозвола не е продолжена повеќе од две години


Министерството за внатрешни работи информира дека согласно одредбите од Законот за возила сите оние кои се водат како сопственици на возила за кои не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години, законски се должни да го одјават своето возило во МВР односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција. – […]