ЈСП денеска ќе вози со изменет режим низ централното подрачје на Скопје


Од ЈСП-Скопје информираат дека денека од 11 часот, поради најавената блокада на улица „11 Октомври“ (пред Собрание на РСМ), возилата од јавниот превоз кои сообраќаат во тој реон ќе возат по изменет режим од вообичаениот, односно ќе бидат пренасочени по околните сообраќајници. По изменети траси ќе сообраќаат следниве линии: Линии 3, 3А и 3Б * […]

Спасовски на средба со Рашков во Софија


Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков изутринава го пречека македонскиот колега Оливер Спасовски, кој заедно со делегација на МВР е во посета на Бугарија. Рашков му искажа добредојде на Спасовски на влезот во Министерството за внатрешни работи на Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија. Рашков рече дека посетата на Спасовски на Бугарија е […]

Почнува сезонски режим на сообраќај за тешки товарни возила


Од денеска до  31 август на државните патишта во земјава ќе се применува привремен режим на сообраќај во летниот период, со што се  забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Временските интервали на забраната за тешки товарни возила […]

Без струја делови од Пинтија, 11 Октомври и Тафталиџе, а без вода улица во Козле


 Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе бидат повеќе места во општините Кисела Вода и Карпош, додека вода ќе нема една улица во Карпош. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без струја од 8 до 15 часот ќе бидат корисниците од улица 1515 во населба Пинтија, […]

Заедничка вежба на македонските и бугарските специјални полициски единици во Софија


Заедничка вежба на полициските единици при Одделот за специјални полициски операции на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и специјалните полициски единици на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија ќе се одржи денеска во Софија. На вежбата, како што е најавено, ќе присуствува и делегација на МВР, предводена од министерот Оливер Спасовски, […]

ССМ повторно на протест пред Собранието


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска пред Собранието ќе постави столчиња во знак на поддршка на членовите на Комисијата за финансирање и буџет за да го изгласаат амандманот со кој се бараат средства во ребалансот на Буџетот за линеарна исплата на 2.806 денари во нето износ за вработените во јавниот сектор. Ќе бидат поставени […]

Сончево и многу топло


Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, која локално ќе биде со услови за појава на краткотрајно невреме, град и силен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 1 јули 2022 година, 177-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 188 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 1 минута, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 12 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Се градат фекални канализации во Црешево и во Гоце Делчев


Денеска почна градба на првата фаза од фекалната канализација во  Црешево во вкупна должина од 2. 400метри, инвестиција вредна 20 милиони денари обезбедени од буџетот на општина Гази Баба. Во населеното место Гоце Делчев во тек се градежните работи кои што се одвиваат на третата фаза од изградбата на фекалната канализација во вкупна должина од […]

Повик за изградба и реконструкција на училишта од буџетот на МОН


 Министерството за образование и наука објави Повик за доставување барања од училишта, општини и од Градот Скопје за финансирање проекти за изградба, доградба, надградба и реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта. Избраните проекти со кои ќе се подобрат инфраструктурните услови во училиштата ќе бидат дел од Програмата за капитални инвестиции на МОН за 2023 […]

Двајца починати и 163 нови случаи на Ковид-19


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 922 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 85, Охрид – 15, Битола – 12, Прилеп и Велес – по 9, Куманово – 8, Струмица – 4, Тетово, Кавадарци и Штип – по […]

Тренчевска: Развојот на локалните социјални услуги ги обединува сите чинители во градењето на заедницата


Поддршка за развој на одржливи и квалитетни социјални услуги во локалните заедници според потребите на граѓаните и размена на искуства и практики меѓу општините, како даватели на социјални услуги, беше главна тема на настанот „Инвестирање во локални социјални услуги“ , на кој покрај министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, учествуваа и претставникот на […]

Зеќири од Инфективна оди во домашен притвор


Мухамед Зеќири излегува од затворот во Шутка. Ова е одлуката на скопска Апелација која е донесена денеска. Нему му е одреден куќен притвор, а од Инфективната клиника во Скопје каде престојува скоро месец ќе биде пренесен во затворот, па со полициска придружба на домашна адреса во Чаир, Објави А1он. Апелационите судии го сменија мислењето откако […]

Бесплатен паркинг за крводарителите и за специјализантите на Клиника


Крводарителите при дарување крв ќе можат да ги користат бесплатно паркинзите на Клинички центар и пред болницата „Осми Септември“, како и сите други затворени паркиралишта со рампа со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“. Одлуката за давање согласност на Одлуката за дополнување на Ценовникот на услугите кои ги извршува претпријатието денеска беше едногласно прифатена од советниците […]

Почнува реконструкција на левата страна на кејот на Вардар


Целосна реконструкција на левата страна на кејот на река Вардар, која ќе се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, пешачки, вело патеки и нова урбана опрема во интерес на сите граѓани, најави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со директорот на ЈП „Улици и […]

ДКСК ненадлежна по пријава за екс директор на АД „Аеродроми“ 


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница констатира судир на интереси односно неизземање при гласање како посебна состојба во која се нашол член на Совет на Општина истовремено претседател на Здружение на граѓани, при доделување општински буџетски средства за програмски активности на Здруженија на граѓани. ДКСК бара да се поведе постапка согласно […]

Во наредните денови многу топло и нестабилно време


Следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се има чувство дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена, соопшти УХМР. И покрај топлото време поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови […]

Мобилни лекарски тимови ќе патролираат низ центарот на Скопје за помош од топлотен бран


Мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ Скопје, ќе делат вода и летоци со совети за заштита од топлото време, ќе мерат  притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, информира Црвениот крст на […]

Тупанчески: И без ВРМО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на измените на Изборниот законик


И без ВРМО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на измените на Изборниот законик кажа денеска министерот за правда Никола Тупанчески, кој минатата недела уште еднаш упати отворена покана до ВРМО-ДПМНЕ за да и се приклучи на Комисијата. -Пратен е уште еден допис до ВРМО-ДПМНЕ доколку не се произнесат ќе почнеме да работиме на Изборниот законик, секогаш […]

Австралија изброи 111.352 Македонци, половината сѐ уште говорат македонски јазик


  Во Австралија живеат 111.352 граѓани со македонско потекло, покажа најновиот попис во оваа држава. Од нив, дури 66.173 изјавиле дека го зборуваат македонскиот јазик дома и покрај фактот дека некои од иселените што се таму се трета генерација.  Според информациите од Австралија, бројот на попишани кои зборуваат дома македонски е поголем за околу 170 […]