Мицкоски вели дека е потребен нов 8 Септември и нова надеж
На Македонија ѝ треба нов 8 Септември, нова надеж, национално и сеопштествено обединување околу заложбата за подобра иднина, и зачуван идентитет, порача лидерот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
„Длабока почит и поклон за Дамјан Груев, пред неговото спомен обележје во славното Смилево. Груев, еден од најголемите синови на Македонија и човек кој животот го посветил на ВМРО и каузата, и тоа на денот кога се бележи независноста на нашата татковина Македонија“, пишува Мицкоски. „Слава на хероите кои ги положија животите за нашата слобода и независност!“, напиша Мицкоски.