Вмрежување на германски и домашни компании преку концептот на дуално образование


 Постои тесен контакт меѓу германските економски тенденции и македонскиот развој. Повеќе од 100 години дуалното образование на професионален план покажа дека на овој начин младите може да се едуцираат и да изградат свое место во државата и приватниот бизнис океан, смета ректорот на Државниот дуален универзитет од Манхајм (DHBW), Георг Наглер. Наглер беше дел од […]

Притвор од осум дена против три лица поврзани со протестите од 5 и 6 јули


Мерка притвор во траење од осум дена определи судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје против три лица поврзани со протестите од 5 јули пред Собранитето и од 6  јули кај плоштадот „Скендербег“. -Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор против три лица, поврзани со настаните од 5 јули […]

Втор јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво


Вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво ќе биде презентиран денеска во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“. Повикот е во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. Пред претставниците на општините, невладините […]

За една недела бројот на КОВИД-позитивни зголемен за околу 65 проценти, засега нема нови мерки


Во период од една недела бројот на позитивни случаи е зголемен за околу 65 проценти. Засега, Комисијата за заразни болести не препорачува нови мерки, а остануваат да важат актуелните мерки за задолжително носење маска во јавниот превоз, здравствените домови, аптеките, старечките домови и домовите за лица со попреченост. Во изјава за МИА, портпаролот на Комисијата […]

Попладне дождливо и опаѓање на температурите, од недела потопло


Во текот на денот, најпрвин во западните, а попладне и во текот на ноќта и во останатите подрачја на земјава, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен. Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, […]

Мендух Тачи доби уште еден мандат како претседател на ДПА


  Демократската партија на Албанците (ДПА) информираше дека денеска на конгрес на партијата го реизбрала Мендух Тачи за претседател. Осмиот конгрес беше одржан во Тетово. „Воедно, беше одобрена и резолуцијата преку која и ДПА се обврзува да преземе конкретни активности за тоа да се измени уставниот член во кој е предвидено дека ‘друг јазик што го зборуваат најмалку 20 […]

Ниедна земја што почнала преговори немала гаранции, смета Никола Попоски


  Поранешниот шеф на македонската дипломатија Никола Попоски смета дека францускиот предлог воопшто нема гаранции, но тоа, како што рече, може да се релативизира. „Ниту една земја членка кога го почнала процесот немала такви гаранции, единствена гаранција била – ќе станете земја членка. Кога – не се знае, во која форма – не се знае, […]

Од утре блокади низ цела држава против францускиот предлог


Блокади низ целата држава од утре со почетокот во 13 часот, беа најавени вечерва од протестот пред Собранието со кој веќе шести ден се бара отфрлање на францускиот предлог за кревање на бугарското вето и деблокада на македонските евроинтеграции. На протестот, кој засега се одвива мирно и без инциденти, се бараат оставки од Владата која, […]

Како изгледа недоградениот автопат Кичево – Охрид се уверија Бочварски и Рустеми


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми, извршија увид во градежните активности на автопатската делница Кичево – Охрид. Посетата ја искористија да направат обикола на целата траса и одблизу да се запознаат со градежните активности за изградба на овој автопат. Должината на оваа автопатска делница […]

Министерот Спасовски повика на свесност и одговорност во протестите


Очекувам сите политички партии да бидат на ниво на својата одговорност и да повикаат на мирни протести. Заеднички да го сочуваме достоинството на нацијата, а притоа да се спречат немири кои би значеле нови поделби на штета на граѓаните и државата, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во пресрет на најавениот протест за вечерва, […]

Комеморативна седница по повод Денот за сеќавање на геноцидот на Сребреница


Со едноминутно молчење денеска во собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците се одржа Комеморативна седница по повод одбележување на 11 Јули – Денот за сеќавање на геноцидот на Сребреница. Претседателот на Собранието, Талат Џафери на комеморацијата истакна дека се наоѓаме пред уште една тешка одлука, пред уште една раскрсница на нашиот пат на пристапување во […]

Јуни потопол и повлажен во споредба со многугодишните просечни вредности


УХМР соопшти дека согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, јуни 2022 година се карактеризира како потопол од вообичаено и влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности. Апсолутното температурно колебање беше 32 степена, додека месечното температурно колебање изнесуваше 10,2 степена и се движеше од 16 во Лазарополе до 26,2 во Гевгелија. Споредено […]

Владата го испрати францускиот предлог во Собранието


Владата на Република Северна Македонија на денешната 59-та седница, ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија. На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно […]

Мехмедовиќ: Состојбата со Ковид-19 се следи на дневно ниво, засега не се планираат нови мерки


Засега не се планираат нови мерки за заштита од коронавирусот. Состојбата се следи на дневно ниво и најмногу зависи од болничките капацитети и бројот на починати лица, изјави за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести. – Комисијата за заразни болести во изминатиот период најави дека мерките што ќе се носат, а ќе бидат во насока на превенција и ќе […]

Бик усмртил 82-годишен човек на сточниот пазар во Гостивар


Повозрасен жител на селото Врбен во општина Маврово Ростуше починал од повреди што му ги нанел бик при истовар од камион на сточниот пазар во Гостивар.   Според СВР Тетово, денеска во 9 часот во СВР Тетово е пријавено дека на добиточниот пазар во Гостивар, при истоварање од камион, бик го удрил неговиот 82-годишен сопственик […]

Арсовска не ги разбира „вообразеноста и коментарите“ на Таравари


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска одговори на прозивките на гостиварскиот градоначалник и генерален секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, порачувајќи му дела „кадровски решенија може да поставува во Гостивар, но не и во Скопје“. „Не ја разбирам вообразеноста и коментарите на господин Таравари, со оглед на тоа што соработката ни е завршена уште […]

Нови 355 заразени: Секој трет тестиран е позитивен на Ковид-19, двајца починаа


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.129 тестови, а регистрирани се нови 355 случаи со Ковид-19 и 145 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (355), регистрирани се 89 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (75г), починат во болнички услови. […]

Осуммина осомничени за учество во толпа пред Собранието


Основното јавно обвинителство Скопје, во врска со настаните пред Собранието на 5 јули, поведе постапка против осум полнолетни лица, за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Осомничените за време на јавен […]

Од утре до недела дожд и опаѓање на температурите


Утре во текот на денот под влијание на влажен бран, најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во сабота претпладне и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен, најавуваат од УХМР. Локално процесите ќе бидат во форма на […]

МВР поднесе кривични пријави за 12 насилници на протестите


Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави за 12 лица  за насилството за време на протестите и им одреди притвор.  -Во врска со извршено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, по чл. 385 од Кривичниот законик, сторено на 5  јули за време на граѓански собир пред Собранието на РСМ, при што […]