Четврти ден се трага по последниот исчезнат Македонец на Халкидики ќе биде вклучен и подводен дрон


Рано утринава со првото дневно светло продолжи потрагата по последниот македонски турист кој се води како исчезнат од саботата, кога брановите го однесоа на плажата „Мити“ во Посеиди на Халкидики, објавува грчкиот портал „Иефимерида“. Веќе четврти ден напорите се насочени кон пронаоѓање на Мартин. Во Грција пристигна и неговото семејство со цел да ја следи […]

Дел од Аеродром и Кисела Вода утре без струја


Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Тодор Чангов“ број 48 и „Ѓорѓи Капчев“ број 1 во Општина […]

СДСМ го поддржа францускиот предлог


  Централниот одбор на СДСМ синоќа го поддржа процесот за отпочнување на преговорите за полноправно членство на земјава во ЕУ согласно Предлог – преговарачката рамка за пристапни преговори со Унијата од последниот европски предлог од 30 јуни 2022 година, предложен од француското претседателство.   – Водејќи се од државните и национални интереси, највисоките стратешки цели […]

Без вода дел од скопско Тафталиџе


Поради дефект на ф-100 милиметри на улица „Копенхагенска“ број 4, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „Софиска“, „Стокхломска“ и „Његошева“ во скоспката населба Тафталиџе. Водоснабдувањето, како што информираат од РЦУК Скопје, ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување со санација на дефектот. 

Сончево со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 31 степен. УВ – индексот ќе изнесува осум. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната […]

Осми ден протести против францускиот предлог


Пред Владата вечерва осми ден под мотото „Ултиматум, не благодарам“ продолжија протестите против францускиот предлог. Засега, протестот поминува мирно. Објектите на Собранието и на Министерството за правда се обезбедени од полициски кордони. Учесниците на протестот со македонски знамиња и предводени од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица се движат од Владата кон Министерството за правда до Собранието како […]

Град Скопје донесе одлука за ослободување од надоместок за изградба на нова детска градинка во Бутел


На денешната 13-та седница на Советот на Град Скопје, е донесена одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на нова градинка во Општина Бутел. Со оваа одлука инвеститорот Општина Бутел се ослободува од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште кон Градот Скопје, за изградба на нова […]

Спасовски: На огласите за полициски службеници да се пријавуваат кандидати од ромската, српската, турската и од сите други етнички заедници


На огласите за вработување на полициски службеници да се пријават кандидати од ромската, српската, турската и од сите други етнички заедници порача Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање зошто во ОВР Берово нема вработени полициски службеници од ромската заедница. -За Берово е значајно да имаме полицајци Роми и ова некаде биде […]

Во изминатите три дена нови 524 случаи на Ковид-19, пријавени се четири починати лица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во период од 8 до 10 јули направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 524 нови случаи на Ковид-19, од кои 29 се реинфекции.   Оздравени се 463 пациенти, а нема пријавени починати лица во изминатите три дена. Регистрирани се четири починати лица во период од 28 јуни […]

Шаќири: Дигиталната писменост ја издигнавме во национален образовен стандард, децата учат и како да се заштитат на Интернет


Интернетот е секојдневие на сé поголем број деца, а пандемијата речиси две години дополнително ги врза децата за дигиталните алатки. Масовната онлајн изложеност на кревките личности, покрај сите придобивки, носи можности и за злоупотреби, закани, насилство и експлоатација, што го потврдуваат познатите случаи за кои јавноста дозна. Но и бројни, за кои само децата и […]

СДСМ: Срамно е тврдењето на Мицкоски дека македонскиот јазик е кодифициран во 1977 година


СДСМ реагира на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за  српска телевизија во кое рекол дека македонскиот јазик е кодифициран од 1977 година место 1945 година.    -Срамни се тврдењата дека нашиот македонски јазик бил кодификуван во 1977 година. Македонскиот народен јазик постоел, постои и ќе постои се додека има Македонци кои го говорат својот […]

Јавниот превоз за средношколците во Скопје, бесплатен и за време на летниот распуст


Овој летен распуст околу 23.000 средношколци ќе може да го користат јавниот превоз бесплатно заради посетување дополнителна настава, часови по практична настава, како и за посета на културни, спортски или други активности, денеска одлучи Советот на Град Скопје на 13-та седница. Изминатите години бесплатниот билет им важеше само за време на учебната година, а за […]

Такси-превозот во Скопје останува по стара цена


Поради зголемувањето на цената на горивата и упатените барања до Град Скопје од страна на такси компаниите, предложени се измени на цените на такси услугите, но само 23 советници гласаа за оваа измена на денешната седница, додека за да се донесе одлуката потребни беа 26. Советот за сообраќај на Град Скопје изготви три тарифни модели […]

Митревски до ВМРО-ДПМНЕ: Ако немате материјал, врз основа на што држите прес конференции


Материјалите на кои инсистира опозицијата во врска Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка, испратена од Владата до законодавниот дом, ќе им бидат дополнително доставени до пратениците преку претседателот на Собранието, информира денеска координаторот пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски по денешната координација посветена на Информацијата. – Ако овие материјали не биле достапни, тогаш што сме […]

Францускиот предлог ќе оди директно на пленарна седница


Претседателот на Собранието Талат Џафери по координацијата со политичките партии донесе одлука францускиот предлог да оди директно на парламентарна седница. „По однос на точката Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка и дискусијата која што се разви по однос на оваа точка, согласно член 185 од Деловникот на Собранието претседателот ја доставува Информацијата до пратениците во […]

ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје на седница со транспаренти – „Не за бугаризација“


На денешната седница на Град Скопје, советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, станаа од своите места и пред говорница подигнаа транспарент на кој пишуваше „Не за бугаризација“. При отворање претрес по една од точките од дневниот ред, советничката Андоновска се јави за збор, но место да дебатира, таа на претседателот на Советот, Трајко Славевски му даде […]

Линиите 29 и 50А на ЈСП стануваат редовни


Советот на Град Скопје денеска на 13-тата седница ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, со која се воведуваат две нови редовни автобуски линии.   Првата автобуска линија, со број 29, ќе се движи од Карпош 3 (кај Сити Мол) до Жданец, а ќе се […]

Почна да се гради градинката во скопската населба Пролет


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска го поставија камен-темелникот на првата градинка во населбата Пролет. Проектот, како што информираше Герасимовски, е целосна инвестиција на Општина Центар, во износ од 154.243.997 денари. Новата градинка ќе има подрумски простори, приземје и еден кат со капацитет за згрижување […]

Вкупно 54 повредени полицајци за време на протестите


  Вкупно 54 полицајци се повредени за време на протестите против францускиот предлог и инцидените кои се случија на истите, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во дебатниот магазин „Click21“ на 21ТВ.  -Имаше 47 повредени полицајци и тоа во еден ден, инаку вкупната бројка е 54 за сите денови кои што протестираат граѓаните, вели Спасовски […]

Мицевски: Ќе одиме на координација за да ѝ го вратиме предлогот на Владата


Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски најави дека на  денешната координација свикана од претседателот на Собранието, Талат Џафер,и ќе присуствуваат соамо за да ги повторат ставовите и барањата на пратеничка група. „Иако испративме писмо до Талат Џафери, за кое ја известивме и јавноста, сѐ уште немаме никаков одговор за нашите барања. Затоа,  истите […]