Јавна расправа за Нацрт-планот за управување со Национален парк Шар Планина


 

На Државниот универзитет во Тетово денеска ќе се одржат јавни расправи за Нацрт-планот и за Нацрт-извештајот за управување со Националниот парк Шар Планина.

На дебатата ќе учествуваат министерот за животна средина и просторно плнирање Насер Нуредини и директорот на Националниот парк Шар Планина, Ибрахим Дехари.

Организаторите најавија дека заради вклучување на поголем број учесници, јавните расправи ќе бидат во хибридна форма и ќе можат да се следат со физичко присуство и он-лајн на ЗООМ платформата на линкот: https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZUld-irrj8pHdz_SVEXJRC8r-UtUHZudFbO