Мицкоски вели дека е потребен нов 8 Септември и нова надеж


  На Македонија ѝ треба нов 8 Септември, нова надеж, национално и сеопштествено обединување околу заложбата за подобра иднина, и зачуван идентитет, порача лидерот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил. „Длабока почит и поклон за Дамјан Груев, пред неговото спомен обележје во славното Смилево. Груев, еден од најголемите синови на Македонија […]

Нови 109 случаи со Ковид-19, еден починат, 130 оздравени


  Во последните 24 часа се направени 672 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на КОВИД-19. Оздравени се 130 пациенти, а пријавено е едно починато лице на 76-годишна возраст од Струга. Лицето починало во болнички услови.   Како што информира Министерството за здравство, од новите 109 нови случаи на КОВИД-19, во Скопје се 57, […]

Три лица каснати од улични кучиња вчера во Скопје


Во текот на вчерашниот ден пријавени се три каснувања од улични кучиња на подрачјето на Скопје. На 07.09.2022 во 20.25 часот во Полициската станица Центар Љ.Т.(66) од Скопје, пријавил дека на ул.“Периша Савелиќ“ бил каснат од куче скитник. Исто така, вчера во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром Н.Т.(73) од Скопје пријавил дека на бул.“Асном“ […]

Од детска претстава до показни вежби – во паркот во Скопје се славеше Денот на независноста


  Во организација на Владата денеска на неколку локации се чествува големиот државен празник 8 Септември – Ден на независноста, под слоганот „Обединети во слободата“.   Во рамки на „Отворениот ден“ на Школка во Градскиот парк во Скопје со богата програма денеска граѓаните чествуваа големиот државен празник. На настанот присуствуваа министрите за одбрана и внатрешни […]

На ГП „Богородица“ до 12 часот излез оствариле 9.628 патници, од кои 7.433 се македонски државјани


  Во период од 00:00 до 12:00 часот денеска излез од граничниот премин „Богородица“ оствариле вкупно 9.628 патници, од кои 7.433 се македонски, а 2.195 се странски државјани, информираат од Полициската станица при Граничниот надзор. Во текот на вчерашниот ден вкупно 9.239 патници оствариле излез од ГП „Богородица“, од кои 5.785 се македонски, а 3.454 […]

Блинкен  со честитка за Денот на независноста: „ Ќе бидеме со вас на европскиот пат“


Американскиот Стејт департмент во име на САД, денеска испрати честитки до народот на Северна Македонија по повод 31-та годишнина од независноста на земјата.  -Со отворањето на пристапните преговори со Европската Унија, Северна Македонија годинава направи oдличен напредок кон европските интеграции. Сојузништвото во Европа и тежнеењето по нашите демократски вредности е многу поважно сега од кога и […]

До крајот на годината во функција ќе биде апарат за зрачна терапија за онкологија „8 Септември“


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски по повод Денот на независноста денеска заедно со министерот за здравство Беким Сали присуствуваа на презентација на апарат за зрачна терапија за онколошки пациенти во Градската болница „8 Септември”. Апаратот кој треба да биде целосно ставен во функција до крајот на годината го презентираше директорот на болницата Христијан Костов. Во […]

Ковачевски: Имавме многу предизвици, но денес сме земја-членка на НАТО која започна преговори со ЕУ


Имавме многу предизвици, но денес сме земја-членка на НАТО која започна преговори со Европската унија, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во ГОБ „8 Септември“. Тој додаде дека за да може да се одговори на прашање каде е нешто во моментов, треба да видиме од каде тргна државата пред 31 […]

Чедо Николовски ја доби државната награда „8 Септември“


Во Собранието на Република Северна Македонија, денес беа доделени наградите „8 Септември“ – највисоко признание за животно дело и признанија за остварувања во областа на спортот. Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план му припадна на Чедо Николовски – поранешен борач […]

Маричиќ: Обединети и со јасна цел за европска и просперитетна Северна Македонија


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска од Прага, го честита 8-ми септември, Денот на независноста на државата, порачувајќи дека граѓаните имаат причина да слават бидејќи денес сме респектабилна земја која има сојузници низ целиот свет, која е почитувана и препознаена по нејзините напори и мудрост да го трасира својот европски пат. -Триесет и една година граѓаните […]

Единство, заедништво и свест за општото добро, порача Пендаровски


Единството е клучниот предуслов за успех, а за да бидеме поуспешни во натпреварот меѓу народите мора да го обновиме заедништвото и да ја вратиме свеста не за личниот интерес, туку за општото добро, порача денеска претседателот на државата Стево Пендаровски на церемонијата на одликувања по повод 8 Септември – Денот на независноста. Шефот на државата […]

Спортистите Наковска-Бикова, Јовановски, Трстена и Георгиевски одликувани со Орден „8 Септември“


По повод Денот на независноста на Република Северна Македонија – 8 Септември, претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ги одликуваше со Орден „8 Септември“ македонските спортисти Оливера Наковска-Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски. Оливера Наковска-Бикова е одликувана со Орден „8 Септември“ за својата извонредна, богата и успешна спортска кариера во параолимпиското и […]

Ковачевски положи цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Глигоров и Трајковски


По повод одбележување на 8 Септември – Денот на независноста на државата, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски утрово положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, на Градските гробишта „Бутел“. -Владината делегација која им оддаде почит на претседателите што оставија неизбришлив печат во градењето на нашата […]

Околу 1 150 млади професионалци од 150 струки и 85 натпревари на „SwissSkills 2022“ во Берн


Заварувачи, керамичари и фризери, кројачи, готвачи и модни дизајнери, козметичари, часовничари и мајстори за пијано, се само дел од 150-те професии што ќе бидат претставени на годинашниот саем „SwissSkills“ во Берн, Швајцарија. На саемот што се одржува од 7 до 11 септември, учествуваат околу 1 150 млади професионалци меѓу кои и лаборанти, водоводџии, шминкери, произведувачи […]

Ќучук со честитка за Денот на независноста: Вие сте вредна членка на НАТО


Силно верувам во успехот на Северна Македонија и знам дека единството и добрососедските односи се клучот за нашата заедничка иднина во Европа, порача лидерот на Европските либерали, европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук  во честитката по повод Денот на независноста на Северна Македонија, 8 Септември. – Изминатите  три децении Северна Македонија […]

(Во живо) Доделување на наградата „8 Септември“


Претседателот Стево Пендаровски, по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија, 8 Септември, на свечена церемонија одликува со Орден „8 Септември“ четворица македонски спортисти. Со Орден „8 септември“ ќе бидат одликувани: Оливера Наковска-Бикова, за својата извонредна, богата и успешна спортска кариера во параолимпиското и во спортското стрелаштво. Наковска-Бикова постигнува бројни успеси на натпревари во […]

Доделување на државната награда „8 Септември“


Во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија денеска Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи награди од областа на спортот за 2022 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот. Чедо Николовски е овогодинешниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен […]

Пендаровски ќе одликува со Орден „8 Септември“ четворица македонски спортисти


По повод Денот на независноста на Република Северна Македонија – 8 Септември, претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ќе ги одликува со Орден „8 Септември“ македонските спортисти Оливера Наковска-Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски. Како што соопштија од претседателскиот кабинет, Оливера Наковска-Бикова ќе биде одликувана со Орден „8 Септември“ за својата извонредна, богата и […]

Вежбовни активности, презентација на опрема и возила на МВР на Денот на независноста


По повод одбележувањето на Денот на независноста – 8.Септември денеска во Градски Парк-Школка, Скопје, ќе се одржат вежбовни активности, презентација на опремата и возилата на МВР, како и запознавање одблиску со единиците на МВР. – Како што при одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција, граѓаните, особени најмладите, имаа можност да се дружат […]

„Обединети во слободата“ – триесет и една година независност


Република Северна Македонија денеска одбележува 31 година независност, односно од успешно спроведениот референдум во 1991 година на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. По повод 8 Септември – Денот на независноста во организација на Владата под мотото „Обединети во слободата“ ќе бидат одржани повеќе свечени и културни активности во целата држава. […]