Во сабота силен ветар, пообилни врнежи и заладување


Фото: Б. Грданоски

Викендов ни следува заладување и силен ветар, но и дожд.

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека за време на викендот под влијание на циклонска активност од Медитеранот ќе преовладува облачно време со поремени врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне. Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец. Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени.