СДСМ нема да дозволи нова катастрофа во Скопје


Кавгите во Градот Скопје, за пари, бизнис интереси и тендер вреден 136 милиони евра е на директна штета на граѓаните и го покажува вистинското лице на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од владејачката СДСМ. – Град Скопје една година стои во место. Клучните проекти за граѓаните се закочени, очигледно заради бизнис интереси на структури во ВМРО-ДПМНЕ. […]

„Луѓето за луѓето“ – одбележани 30 години германско-македонска соработка


Трисет години германско-македонска соработка, учење едни од други, градење мостови меѓу нашите земји и нивните луѓе. Многубројните проекти се доказ за оваа соработка. Целта беше и целта е земјата да се движи напред на својот пат кон целосна евроатлантска интеграција, да има одржлив развој за подобар живот на луѓето во хармонија со природата и животната […]

Дебата: Расте бројот на предмети решени со медијација, но информираноста е слаба


Поголемиот број од испитани судии и јавни обвинители не се доволно запознаени со користењето на медијацијата во земјава и напорите за промоција и поддршка на медијацијата, а сè тоа резултира со слаба упатеност на предмети на медијација. Сепак, сметаат дека нејзиното користење ќе помогне на правосудниот систем. Ова беше заклучено на завршната конференција „Употреба на […]

Денеска дождливо, од утре намалување на облачноста и пад на температурите


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. На места врнежите ќе бидат пообилни (локално над 25 л/м2 воден талог). Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. Во Скопје во текот на денов ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен […]

Снегот стигна на Балканот, во Словенија три степени


На планините во северозападна Словенија падна првиот снег. На врвот Кредарица, недалеку од Триглав, каде температурата е три степени Целзиусови, веќе паднаа 18 см снег. Снег паѓа и на Канин, каде во седум часот паднаа три сантиметри снег. Првите снегулки веќе се помешаа со дождот на Крвавец, Вршиќ и во Уршља Гора. Снежните врнежи на […]

Потпретседателот на Кина ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора


Кинескиот потпретседател Ванг Чишан ќе присуствува на погребот на британската кралица Елизабета Втора, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.   „На покана на британската влада, специјалниот претставник на претседателот Си Џинпинг, потпретседателот Ванг Чишан ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи во Лондон на 19 септември“, соопшти портпаролот на […]

Скопје со години без лунапарк, одобрен е проект за изградба, урбанистите загрижени за локацијата


Град Скопје веќе подолго време нема лунапарк. Од 2017 година е затворен, негово обновување и модернизирање најавуваше најпрво поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, потоа неговиот наследник Петре Шилегов, а сега и актуелната градоначалничка на главниот град Данела Арсовска, меѓутоа граѓаните, иако со огромно задоволство ја примија веста за реновирањето на лунапаркот, сепак пет години подоцна […]

Денеска повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. На места врнежите ќе бидат пообилни (се очекува да наврнат и над 25 л/м2 воден талог). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ=4 Во Скопје […]

Средби на министерот Спасовски во седиштето на Интерпол во Лион


Во рамки на денешната посета на седиштето на Интерпол, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски остварил средби и со Извршниот директор Стефан Кавана и одговорниот на Интерпол за Европа, Франц Шерман. На мое големо задоволство, напиша Спасовски на неговиот фејсбук профил, беше оценето дека Северна Македонија претставува кредибилен партнер и лидер во имплементацијата на заедничките […]

Финансиска полиција влезе во скопски „Водовод“


Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи влегоа во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, потврдија за МИА од Основното јавно обвинителство (ОЈО) и од скопски „Водовод“. Од ОЈО велат дека е известен јавен обвинител и дека обвинителството ќе постапи согласно надлежностите доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат елементи […]

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај


Министерството за внатрешни работи информира дека на утре со почеток во 16.00 часот ќе се одржат велосипедска трка –  „Куп на Град Скопје 2022“ и прв меѓународен детски фолклорен фестивал „Златен вез 2022“ поради што ќе има посебен сообраќаен режим во Градот. -Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 17.09.2022 (сабота) со почеток […]

Мицкоски: Ако Арсовска не се извини, директорите ќе покренат кривична пријава за клевета


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, христијан Мицкоски, кој вчера од говорницата на Советот на Град Скопје, беше прозван од градоначалничката Данела Арсовска, за состојбите во јавните претпријатија, кои во неколку дена останаа без директорите, сега вели дека ако таа не им се извини тие ќе покренат кривична за клевета против неа. – Луѓето што ме познаваат знаат […]

Градоначалникот на Гази баба ќе ги спречува тепачките во автобусите на ЈСП


Во последните неколку дена, во автобусите кои поминуваат низ Ченто, Синѓелиќ до Стајковци се случиле инциденти, односно тепчаки меѓу млади луѓе, поради што градоначалникот Бобан Стефковски го свикал Советот за превенција. – Изминатите неколку денови во континуитет се случуваат инциденти во автобусите на ЈСП кои поминуваат од Ченто, преку Сингелиќ до Стајковци. Во инцидентите се […]

Регистрирани 89 случаи на Ковид-19, починато едно лице


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 656 тестови, а регистрирани се 89 случаи, од кои 26 се реинфекции. Пријавено е едно починато лице, а оздравени се 125 пациенти. Во моментов активни се 689 случаи на Ковид-19, информира Министерството за здравство.   Од новите случаи, од Скопје се 44, […]

Нова рунда оставки во Скопје – на директорите на „Улици и патишта“, „Лајка“ и ЈСП „Турс“


  ВМРО-ДПМНЕ денеска ѝ возврати на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за нејзините жестоки вчерашни зборови со тоа што уште тројца директори на јавни претпијатија поднесоа оставки – на „Улици и патишта“, „Лајка“ и ЈСП „Турс“. Заедно со другите разрешувања и оставки во комуналните претпријатија Скопје е на самиот раб да не може да функционира, […]

Државниот завод за статистика ќе прави попис и на земјоделство во 2023-та


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за поглавјето статистика, кој се одржува во Луксембург, најави дека по пилот пописот на земјоделство, кој беше спроведен во јуни 2022 година, во согласност со методологијата целосно усогласена со Регулативата IFS бр. 2018/1091 година, […]

Тренчевска: Жените во политиката не се поштедени од насилство, да застанеме против него


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на регионалната конференција за борба против насилство врз жените во политиката, во организација на НДИ Северна Македонија во соработка со регионалната програма на НДИ за интегритет на политичките партии, a со поддршка на Европската мрежа на политички фондации, Меѓународниот центар Олоф Палем и Европскиот едукативен центар. […]

Нов закон за медиумска слобода во ЕУ, Македонија мора да се прилагоди


Европската Комисија денеска го презентираше новиот закон за слободата на медиуми, чија цел е да се ограничи политичкото влијание и да се заштитат новинарите, јави дописничката на МИА од Брисел. Комисијата денеска на маса стави низа нови правила за заштита на плурализмот и независноста во медиумите, приватните и државните во ЕУ. Иако овие правила се […]

Данела Арсовска не помислува на оставка


  Тие што бараат моја оставка треба да тргнат од самите себеси. Јас немам намера да поднесам оставка, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во разговор за ТВ 24. Последниве денови, откако изби војната меѓу неа и ВМРО-ДПМНЕ од партијата имаше спорадичнио изјави дека таа треба да си поднесе оставка. Нејзината функција како градоначалник законски […]

Статистичките податоци ќе бидат важен дел од преговарачкиот процес


  Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг за поглавјето Статистика што се одржува во Луксембург, рече дека статистичките податоци ќе бидат важен дел од преговарачкиот процес, бидејќи ќе треба да покажеме како се применува усогласеното законодавство во пракса, соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП). „Во […]