Нуредини: Ако се грееме со сè што е можно, ќе ги загадуваме нашите деца


 Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини упати апел во грејната сезона граѓаните да не употребуваат штетни материјали за греење за да се избегне загадувањето на воздухот. Апелот е по новинарско прашање како ќе се справи власта со оваа потенцијална опасност поради се повисоките цени на ресурсите за кои се користат за затоплување на простории. -Тоа не […]

Тренчевска: Со домаќинско работење градинките ќе имаат пари да ја менаџираат зимската сезона


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во Штип изјави дека доколку градинките работат домаќински, ќе имаат средства добро да ја менаџираат зимската сезона. – Градинките плаќаат електрична енергија како домаќинствата, значи не плаќаат индустриска струја. Обврска на МТСП е да обезбедува блок дотации за платите на сите вработени во градинките и дел […]

Млечна криза чука на врата, пелагониските сточари си ги бараат субвенциите


  БИТОЛА – Пелгаонскиските сточари го засилија притисокот врз властите околу неисплатените субвенции и најавија дека е можна млечна криза. „Влегуваме во опасна млечна криза, од која нема излез, бидејќи ќе нема од каде да се купи млекото. Затоа апелираме во Владата и Министерството за земјоделство до крајот на месецот да ни ги исплати заостанатите […]

Скринингот продолжува во Брисел, се најавува стратегија за реформа на јавната администрација


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, денеска во своето воведно излагање на објаснувачкиот скрининг за реформа на јавната администрација, истакна дека оваа област ќе биде важна за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ и уште еден предизвик во кластерот Темели. – Во периодот пред нас […]

Ретките карциноми и не се така ретки, регистерот на карционими во државата на незадоволително ниво


Регистрацијата на карциноми во Северна Македонија е на незадоволително ниво, поради тоа сè уште не постојат конкретни податоци околу бројот на заболени лица со гинеколошки карциноми во државава. Ова беше истакнато на денешната прес-конференцијата по повод Светскиот ден за гинеколошките карциноми, што се одржа во Деканатот на Медицинскиот Факултет во Скопје, а на која учествуваа […]

Обвинение за кандидат за уставен судија на ВМРО-ДПМНЕ


Од Обвинителството предмалку објавија дека е поднесено обвинение за поранешен обвинител од Охрид поради застарување на 14 предмети. „Фокус“ неофицијално дознава дека станува збор за екс обвинителот Воислав Димоски, кој беше кандидат за уставен судија предложен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но не доби поддршка од останатите пратеници.   -Обвинетиот, во периодот од 19 ноември 2013 година […]

Пожар во старите бараки спроти УЈП


Претпладнево избувна пожар во близина на Тутунски комбинат спроти Управата за јавни приходи, информира за МИА од бројот 112 за итни случаи. Оттаму велат дека најверојатно горат напуштени стари бараки и оти се известени сите надлежни. Веќе се интервенира на пожарот.

Нуредини: Доколку е во ред понудата за Чебрен, ќе се потпише во ноември


Имаме уште 50 денови да направиме евалуација на понудата и потоа, кон почетокот на ноември ќе утврдиме дали е се во ред и ќе преминеме кон потпишување на договорот за Чебрен, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, осврнувајќи се на проектот за изградба на хидроцентралата Чебрен. – Чебрен е еден […]

Повторно тензична атмосфера во комисијата при расправата за Љубомир Јовески


  Седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата продолжи во тензична атмосфера, откако пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петковска со процедурални забелешки обвини дека претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска, на минатата седница прекршила неколку членови од Деловникот. На тоа Георгиевска образложи оти Комисијата никогаш не го прекршила Деловникот, по што пратениците […]

Новите членови на Судскиот совет ќе се залагаат за доследно почитување на критериумите при избор на судии


 Новите членови на Судскиот совет Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тие, како што посочија во изјавата за медиумите, ќе се залагаат за доследно почитување на критериумите при избор на судиите и нивно напредување во судската кариера, како и за севкупно зголемување на довербата […]

Промените во монетарната политика се оправдани и неопходни, вели професорот Никола Поповски


  Професорот Никола Поповски и поранешен министер за финансии вели дека во услови на висока инфлација, нашата централна банка, како и останатите централни банки, презема оправдани мерки за ублажување на инфлациските притисоци, а очекува дека во натамошниот период постепено ќе се стабилизира инфлацијата. Тој интервју за МТВ нагласува дека овие мерки позитивно ќе делуваат и […]

Тројцата нови членови на Судскиот совет ќе дадат свечени изјави во Собранието


  Новоизбраните членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието. Судиите Радевска-Стефкова, Герасимовски и Николовски влегуваат во Судскиот совет, откако добија најголема поддршка од нивните колеги на спроведените избори на 14 септември. Тие ќе ги заменат тројцата досегашни членови […]

Промоција на изданието на Државниот архив – „Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“ од Виктор Габер


  Во НУ Музеј на македонската борба денеска ќе биде промовирано изданието на Државниот архив – „Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“ од м-р Виктор Габер. Оваа студија претставува осврт на темата Македонија и Македонците во преодот од 19 и 20 век од страна на антропологот и етногеографот со словенечко потекло Нико Зупанич (1876 […]

Студено утро, а потоа сончево со умерена облачност


  Времето утрово ќе биде студено за овој дел од годината, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умeрен ветер од јужен правец, само во западните делови ветерот ќе е западен и повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до […]

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Ковачевски дека „дезертирал“ од Армијата во 2001


  Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека, според информациите со кои располагале, премиерот Димитар Ковачевски го избегнал служењето на воениот рок во 2001 година со образложение дека бил „неспособен“. „Според информациите кои стигнаа до нас, премиерот Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок и тоа токму во периодот на воениот конфликт во 2001 година, односно […]

СДСМ: „Шпицниот градоначалник Мицкоски да не се крие зад лаги“


  СДСМ ги отфрли тврдењата дека неговиот лидер Димитар Ковачевски имал средба со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и побара „шпицниот градоначалник Мицкоски да не се крие зад лаги“. „Секогаш кога се фатени со ‘рачињата во медот’ Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку нивните дежурни курири пласираат невистини и лажни вести во надеж дека ќе го покријат […]

ВМРО-ДПМНЕ ја нарече Данела Арсовска „црпната“


  Во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ партијата ги поврза СДСМ и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека работат заедно и ја нарече „црпната“.  Партијата е гневна поради билбордите во Скопје на кои Христијан Мицкоски се нарекува „шпицниот градоначалник“ „Тоа што СДС одговара во име на Данела Арсовска потврдува дека наводите за тајна средба Арсовска-Ковачевски […]

Денеска ќе биде посвежо и ветровито, но нема да врне


  Времето денеска во утринските часови ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен северен ветер, што ќе услови значително опаѓање на дневната температура. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната […]

Констракта ја крена публиката на нозе на „Звукот на Скопје“


Манифестацијата „Звукот на Скопје“ вчера ги раздвижи скопјани. Посетеноста на настаните беше огромна. Изложбата „Македонија“ (MASEDONIA) од бразилските уметници Даниел Kастинет ( Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto) во КИЦ предизвика големо интересирање и покрај љувителите на уметноста донесе бројни претставници на дипломатскиот кор во земјава меѓу присутните.   Атмосферата ја збогати и настапот […]

Изменет сообраќаен режим во недела, во Скопје, заради атлетски трки


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 18.09.2022 (недела) со почеток во 08.00 часот, во организација на атлетски клуб Korrunners, ќе се одржи атлетска улична трка „Колорран 2022“.   Трката ќе се одвива по следнава траса – старт на ул.„Беласица“ пред ТЦ Ист Гејт Мол, десно по бул.„Гоце Делчев“ (десна коловозна лента), лево […]