Меѓународна конференција „Редефинирани приоритети: нови реалности по украинската криза“


Седумнаесеттата годишна меѓународна конференција за нови идеи на тема „Редефинирани приоритети: нови реалности по украинската криза“ ќе се одржи денеска во организација на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) во соработка со УНХЦР во Северна Македонија. Настанот ќе се одржи во Министерството за надворешни работи. На отворањето на конференцијата, како што соопшти УАКС, свое обраќање ќе […]

Научно-стручна дебата за јавната и приватната безбедност


Научно-стручна дебата на тема „Јавната и приватната безбедност-преку координација и соработка до заедничка превензија на безбедносните ризици и закани“ ќе се одржи денеска на Филозофскиот факултет во Скопје во коорганизација со Комората за приватно обезбедување. Како што најави Филозофскиот факултет, дебатата ќе ја отвори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а свое обраќање ќе имаат […]

Одбележување на Светскиот ден на хронична миелоидна леукемија


Здружението за помош на заболени од хронична миелоидна леукемија (ХМЛ) – Македонија и Здружението за помош и поддршка на пациенти со хематолошки заболувања и нивни негуватели (ХЕМА), како полноправни членки на глобалната мрежа на пациентски организации за хронична миелоидна леукемија CML Advocates Network, и оваа година го одбележуваат 22 септември, Светскиот ден на ХМЛ. Настанот, […]

Тупанчески: Словенија преку своите искуства и идеи ќе го помогне евроинтегративниот процес на нашата држава


Министерот за правда Никола Тупанчески денеска во Љубљана се сретна со министерката за правда на Словенија Доминика Шварц Пипан. На средбата, како што соопшти Министерството за правда, се дискутирало за почетокот на скринингот, преговарачкиот процес, реформите кои треба да се реализираат, Поглавјето 23 кое се однесува на правосудството и фундаменталните права. Словенија, како земја членка […]

Сервис за одмена на семејна грижа до 15 дена во Центар


На денешниот Интернационален ден на Алцхајмеровата болест градоначалникот на Центар Горан Герасимовски беше гостин на настанот организиран од Граѓанското здружение Институт за Алцхајмерова болест по повод подигнување на јавната свест за лицата заболени од оваа болест. Алцхајмеровата болест е болест на целото семејство затоа што негата и грижата за болниот траат 24 часа секој ден […]

Медиумсите работници се важна алка во разобличувањето на лажните вести


Лажните вести, со достапноста на интернетот, станаа присутни насекаде во светот, а како тие да се препознаат и како да се спречи нивното ширење беше тема на која дискутираа новинари и медиумски работници на работилницата која се одржа на институтот „Макс ван дер Штул“ при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. „Лажните вести се дел […]

Нови 98 случаи со Ковид-19 од 775 направени тестови, нема починати


  Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 98 Ковид-случаи од 775 направени тестови, како и 79 оздравени пациенти. Не се регистрирани починати пациенти.   Како што соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, 68 нови случаи се регистрирани во Скопје, шест во Прилеп, по пет во Куманово и Битола, по три […]

Собраниската Комисија за одбрана расправа за продолжување на кризната состојба


Почна собраниската Комисија за одбрана и безбедност на чиј дневен ред е владината Предлог-одлука за продолжување на кризната состојба во земјава до 30 април 2023 година. Како што образложи министерот за економија Крешник Бектеши, продолжувањето на рокот е поради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите со електрична енергија, а целта е да им […]

И директорот на „Паркови и зеленило“ од Скопје поднесе оставка


  Во редот на оние што поднесоа оставки на директорските места во скопските комунални претпријатија денеска застана и Ангеле Сотировски, првиот човек на „Паркови и зеленило“. И Сторивски, инаку кадар на Социјалистичката партија, бил незадоволен од работата на градоначалничката Данела Арсовска и нејзиниот однос. Од Социјалистичката партија соопштија дека и покрај стручноста на Сотировски и […]

Одбележан Светскиот ден на Алцхајмеровата болест: Потребни се дневни центри и професионални негуватели


  Светскиот ден на Алцхајмерова болест беше одбележан денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје од каде беше испратена порака дека сите општествени чинители од секоја сфера треба да се вклучи во поддршката за добивање подобра нега на лицата со деменција. Претседателката на организаторот на настанот, граѓанското здружение „Институт за Алцхајмерова болест и невронаука – Скопје“, […]

Нуредини: Идентификуваме нови НАТУРА 2000 подрачја и спречуваме трговија со загрозени видови на флора и фауна


  Претставници на повеќе министерства, јавни претпријатија за шуми, за пасишта, национални паркови, државни инспекторати, сектори за туризам, лов, риболов и слични засегнати страни денеска во Тетово со учество на конференција започнаа проект со цел идентификација на нови зони кои ќе станат дел еколошката мрежа на Европската Унија наречена Натура 2000. Проектот е наречен „Подобрување […]

Жичарницата на Водно утре нема да работи


Од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска информираа дека поради редовен годишен технички преглед, утре нема да работи Жичарницата на Водно, а ќе биде редуцирана и автобуската линија „25“ (Транспортен центар – Средно Водно). Возен ред за автобуската линија „25“: Транспортен центар: 8 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 13.20 ч, 15.20 ч и 17.20 ч и од Средно Водно: […]

Нуредини: Термоелектраните имаат А интегрирана дозвола, ќе има контроли дали се почитуваат стандардите


  Сите термоелектрани во нашата држава имаат А интегрирана дозвола. Секогаш бараме сите институции да ги почитуваат стандардите. Зедно со Министерството за економија ќе направиме контроли и ќе видиме дали се почитуваат стандардите, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во пресрет на зимската сезона во која, според најавите, поголем дел […]

Студени утра, од сабота во пораст дневната температура


  Времето утре ќе биде студено, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Како што информира УХМР, во Скопје претпладне ќе биде умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, […]

Европската недела на мобилност со еко филмови посветени на велосипедот


  Во рамки на Европската недела на мобилност, вчера, во Синеплекс се одржа проекција на екофилмови посветени на велосипедот. Во организација на Гоу Грин Скопје, во рамки на проектот „Младинско кино на ЕУ: Зелен Договор“, кофинансиран од Европската Унија, овој настан го посетија 200 ученици од средните и основните училишта од Скопје, каде имаа можност, […]

Изложба „И јас сум тука“ и проекција на филмот „Модна ревија“ во Кавадарци


Во Домот на културата „Иван Мазев“ во Кавадарци вечер од 19 часот ќе биде отворена изложба на фотопортрети „И јас сум тука“ на авторите Тоше Огњанов и Сребра Ѓорѓијевска. Изложбата вклучува 20 лица со посебни потреби од повеќе градови од земјава на различна возраст, а портретите се придружени и од приказни посветени ним. Веднаш по […]

„Зад Македониумот“ – изложба во претседателскиот Кабинет


Изложба насловена „Зад Македониумот“ ќе биде отворена попладне од 17 часот во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија. На изложбата ќе бидат престатвени скици, цртежи, фотографии и макети од личната колекција на Јордан и Искра Грабулоски, автори на Македониумот во Крушево, еден од нашите најпознати споменични обележја. Изложбата во Кабинетот на Претседателот е организирана […]

Десет години „НаТочак“: Незабележителни промени во безбедноста на велосипедистите


  Во пресрет на одбележувањето 10 години постоење, кое ќе се одржи в сабота на плоштад „Македонија“, граѓанската иницијатива „НаТочак“ соопшти дека во изминатата деценија има промени во велосипедскиот сообраќај во главниот град, но дека сме далеку, како што велат, од тоа што Скопје можеше да биде денес доколку постоеше институционална посветеност. – Ако споредиме […]

Селата Буковиќ и Копаница без вода, прекинато водоснабдување и на дел од улицата „Марко Крале“


Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-100 мм на крстосницата на „Бутелска“ со „Марко Крале“, денеска од 08:30 часот, па до завршување на активостите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата „Марко Крале“. Како што информираат од ЈП „Водовод и каналзиација“, воедно денеска поради изведување на зафати за реконструкција на резервоарот во село Копаница, […]

Предложени три иницијативи за денешната седница на Уставен суд


  Уставниот суд денеска ќе ја одржи 29-та седница со дневен ред на кој се предложени три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и едно барање за заштита на слободи и права. Со првата иницијатива се оспорува членот 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, а подносите е Илија […]