Град Скопје ќе одвои 15 милиони денари за помош на најранливите категории граѓани


Градот Скопје донесе одлука за финансиска помош на најранливие категории на граѓани со средства во износ од 15 милиони денари.

Од таму велат дека ваквата одлука следи поради енергетската, економската криза и зголемената инфлација.

-Градот Скопје е град на солидарност, град кој по катастрофалниот земјотрес во 1963 бил разурнат и благодарение на солидарноста на пријателски држави и народи од целиот свет бил повторно изграден. Сега е време градот да покаже солидарност со оние граѓани на кој им е најпотребна помош. Време е да бидеме солидарни со ранливите категори на граѓани и со овие средства да им помогнеме да ја пребродат зимата. Овие средства во вредност од 15 милиони денари граѓаните за кои истите се наменети ќе можат да ги искористат за плаќање на своите сметки за електрична енергија кои од месец во месец вртоглаво растат – се вели во соопштението на Град Скопје.

Додаваат дека станува збор за еднократна парична помош за социјално загрозени семејства кои се најпогодени од кризата.

-Помошта е наменета за самохрани родители, пензионери со ниски месечни примања, деца без родители како и други ранливи категории на граѓани. Да се биде хуман значи да се биде човек, идејата за модерно Скопје можеме да ја реализираме само ако сме сите заедно во овие тешки моменти за граѓаните на Скопје – соопштија од Град Скопје.