Британски разузнавачи: Украинците ја пробија руската одбрана на реката Оскил


Британското министерство за одбрана ојави нов извештај за војната во Украина. „Во последните три дена украинските сили ги обезбедија мостобраните на источниот брег на реката Оскил во областа Харкив. Русија се обиде од реката Оскил да направи консолидирана линија на одбрана откако нејзините сили се повлекоа од регионот порано месецов“, пишуваат Британците. „Малку појужно во […]

„Создаваме град, градиме иднина!“ – едукативен проект за новиот ГУП на Скопје


  Меѓународното здружение на граѓани „Културно ехо – Скопје“ вечер од 20 часот во  Домот на култура во Ѓорче Петров ќе организира  културно-едукативен настан за проектот „Создаваме град, градиме иднина!“  кој се однесува на новиот Генералeн урбанистички план (ГУП) за Скопје за периодот од 2023 до 2032 година. -Се работи за најважниот документ за планирањето на […]

Почна есента


Есента во земјава и на северната хемисфера почна денеска во 3:03 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи пролетта. Првиот есенски ден е 266-от ден, во 38. седмица од годината, и ќе трае 12 часа и 7 минути. Сонцето изгреa во 6 часот и 23 минути, а ќе зајде во 18 часот […]

Променливо облачно со локален слаб дожд, викендов пораст на температурата


  Времето утрово е студено, а во текот на денот ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 степени. Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб […]

Комисиската расправа за кризна состојба во енергетиката продолжува утре


  Во собраниската Комисија за одбрана и безбедност заврши денешниот дел од расправата за предлог-одлуките за подлжување на кризната состојба во енергетиката, која,  според најавите, ќе продолжи утре.   Комисијата втор ден расправаше за предлог одлуките за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државава заради недостиг на електрична енергија […]

Пациент со тешка срцева болест доби срце од починат донор


Министерството за здравство соопшти дека рано утрината на Клиниката за државна кардиохирургија, 46-годишен пациент со тешка срцева болест добил срце од починат донор и нова шанса за живот. Од Министерството посочуваат дека во моментот на Клиниката за урологија се прават две трансплантации на бубрег кај млади пациенти со бубрежна слабост кои биле долги години на […]

Без вода утре ТЦ „Буњаковец“


Поради дефект на приклучна цевка 6/4“ на улица „Стефан Јакимов – Дедов“ број 4, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и дел од улицата „Владимир Полежиновски“, како и ТЦ „Буњаковец“. Како што информираат од РЦУК Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе трае до завршување со санација на дефектот.

Нови 57 случаи на Ковид-19 од 704 тестови, двајца починати


-Во последните 24 часа, регистрирани се 57 нови случаи на Ковид-19 од направени 704 тестови и 90 оздравени пациенти. Во текот на деноноќието не е пријавено ниту едно починато лице, но, преку системот „Мој термин“, евидентирани се две починати лица, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.   […]

Аларм во институциите: И Собранието ќе се подготви за можни хакерски напади


Претседателот на Собранието Талат Џафери, на денешната собраниска седница информира дека утре и во понеделник ќе се спроведе техничка контрола на ИТ инфраструктурата на Собранието за да се превенираат можни кибер напади. Ќе се проверува дали сајтот на Собранието и целокупниот информатички систем  е мета на хакерите и дали се доволно заштитени архивата и доверливите […]

Утре и в понеделник во Собрание ќе се врши контрола на ИТ системот


  Претседателот на Собранието Талат Џафери, на денешната 86-та собраниска седница информираше дека утре и в понеделник во Собрание ќе се спроведе техничка контрола на ИТ инфраструктурата, со оглед на трендот на можни кибер напади. Тој наведе дека експерти со цел превенција ќе вршат проверка на ИТ системот.

Реконструкција на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“


Почна реконструкција на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, односно делот од студенстскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, до кружниот тек кај АМСМ. – Градот Скопје почнува со изградба и реконструкција на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосницата со бул. „Св.Климент Охридски“ до кружниот тек со крстосницата на улица „М.Х.Јасмин“. Реконструкцијата опфаќа градежни работи на коловозот од 5.350 м2, […]

Укината делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште


Согласно Барањето од ЈП Национални шуми од 12 септември годинава, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја издаде согласноста за укинување на делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште, која стапи на сила од 24 јуни годинава, заради проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари. -За спроведување на горенаведената согласност […]

АХВ нареди итно повлекување на виршли „Вуди“ поради присуство на бактерија


  Врз основа на добиена нотификација за пласиран небезбеден производ на пазарот во Република Северна Македонија – виршли од брендот „Вуди“ (Wudy), кај кои вo земја членка на ЕУ, било утврдено присуство на бактерија Листерија моноцитогенес (Listeria мonocytogenes ST 155), како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на […]

Јаневска: Ако има пари за патувања, треба да има и за настава со физичко присуство


Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ  порача дека наставата со физичко присуство е најдобра за учениците и дека, ако има пари за патувања и службени автомобили, мора да се обезбеди и за оваа намена. – Онлајн наставата во изминатиот период не даде задоволителни резултати во Македонија. Изминатите неколку години воглавно поради пандемијата и други разни причини, како […]

СОНК: Владата и ЗЕЛС да најдат решение за надминување на енергетската криза во училиштата


  Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска на својот Фејсбук-профил објави дека Владата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) треба заедно да изнајдат прифатливо решение за надминување или ублажување на енергетската криза во училиштата.   -Наставата од далечина не е прифатлива опција на најзасегнатите: учениците, родителите и наставниците, наведува СОНК. […]

Пендаровски доби пар рачно нацртани уникатни патики со Македониумот


  Македонскиот претседател Стево Пендаровски доби пар рачно нацртани уникатни патики од дизајнерот Сатја Грабулоски. Патиките од марката Најки се специјално изработени за претседателот , а на нив се нацртани Македониумот и претседателскиот грб. Специјалните патики се дел од изложбата „Зад Македониумот“ што се отвори вчера попладне во претседателската палата, а на која ќе може […]

Автобусите “5” и “4а” нема да сообраќаат пред Клуб на пратеници


Поради градежни зафати и затворање на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од кружниот тек до раскрсницата со булевар „Св.Климент Охридски“, линиите 4А и 5, ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот. Затворањето на улицата ќе се одвива фазно. Во првата фаза, ќе бидат затворени само сообраќајните ленти во правец кон Ѓорче Петров. Во таа […]

Делегација на Уставниот суд на регионална конференција во Белград


Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија учествуваше на регионална конференција на тема „Примена на Европската Конвенција за заштита на човековите права-искуства и предизвици на судовите во Централна и Југоисточна Европа”. На настанот, како што информираат од Судот, била потенцирана улогата на националните судови и судиите во постапките со цел овозможување на ефективна заштита […]

Минусни температури на Попова Шапка и Лазарополе


 Утрово на Попова Шапка и во Лазарополе е измерена најниска температура од -1 степен. Следат Берово со 0 степени, 1 Маврови Анови, Крива Паланка, 2 Крушево, 3 Штип, Битола, Претор, 4 Охрид, Прилеп, Виница, Струмица, Дебар, 5 Демир Капија, 6 Тетово, 8 Куманово, 9 Скопје-Петровец, Дојран, 10 Скопје-Зајчев Рид, 11 Гевгелија. Според УХМР, денеска времето […]

Почнува шестото издание на Медиумскиот фестивал Скопје


  Шестото издание на Медиумскиот фестивал Скопје, посветено на медиумскиот третман на животната средина, ќе се одржи од денеска до сабота во Кинотеката, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА. Фестивалот се отвора со дискусија за покриеноста на прашањата врзани со животната средина и климатските промени во македонските медиуми, по што […]