Се подготвува тендер за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, ќе се обновува постојниот пат


 За  автопатот Скопје – Блаце претстои тендер за избор на изведувач на втората делница, а ресорниот министер Благој Бочварски очекува активности на терен наредната година доколку биде успешна тендерската постапка. Се работи на првиот дел од автопатот, а за постојниот пат Скопје-Блаце е избран изведувач за обнова поради лошата состојба. -Во однос на автопатот Блаце […]

Гир во Кавадарци појасни кои фондови се отворени за општината


Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир денеска е гостин во Кавадарци. Тој оствари средба со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев а ќе се сретне и со општинскиот совет, невладини организации и граѓани. -Денеска во посета на Општина Кавадарци е амбасадорот на Европската унија г-дин Дејвид Гир. Покрај средбата со градоначалникот Митко Јанчев, […]

Филмските студија на Џон Малкович ќе се градат во Карпош


Министерството за транспорт и врски првично ги разгледало документите за проектот за изградба на филмски студија  во Општина Карпош и во текот на денов или утре ќе ја информира Владата за утврдената состојба. Ќе има координација и со општината за да се утврди јасна слика за состојбата на терен во однос на евентуални кориснички права. […]

Ќе има пари и за исплата на пензии и за плати


 Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вели граѓаните да бидат спокојни, бидејќи, пари ќе има и за исплата на пензии и за плати, посочувајќи притоа дека средства за исплата на пензии, плати и надоместоци за социјална и детска заштита се предвидени во Буџетот.  -Пензионерите ги добија септемвриските пензии, зголемени за 6.8 отсто и […]

Првиот снег во Скопје може брзо да дојде


Ако може да им се верува на долгорочните прогнози тогаш оваа година нема да имаме некој поголем проблем со зимата. Предвидувањата отсега покажуваат дека барем до крајот на оваа година нема да имаме некои температури кои ќе бидат длабоко под нулата. Ќе има негативни температури главно во утринските и вечерните часови но во текот на […]

„Заедно можеме повеќе“, акција за донирање облека


Во периодот од 19 до 30 септември годинава Црвениот крст и компанијата „Алкалоид“ спроведоа акција за донирање облека, со цел помош на социјално загрозените семејства. Во десетина кутии за донирање, кои беа поставени на неколку собирни пунктови на трите локалитети на „Алкалоид“, беа собрани околу 1.900 килограми облека. -Собраната донирана облека е соодветно селектирана од волонтерите на Црвениот крст и ќе се проследи до крајните корисници. Ова […]

Почна исплатата за социјална и детска заштита


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември 2022 година. -Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно […]

Утрово најстудено во Берово и Лазарополе


Најниски температури под нулата утрово се измерени во Берово -2 и -1 во Лазарополе, лседат Попова Шапка со 0 степени, 2 во Крива Паланка, 3 Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Демир Капија, Маврови Анови, Крушево, 4 Прилеп, Струмица, Штип, 5 Претор, Дебар, 6 Охрид, Виница, 7 Скопје-Зајчев Рид, 9 Гевгелија и 12 во Дојран. Времето денеска ќе […]

Евроамбасадорот Дејвид Гир во посета на Кавадарци


Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја посети општината Кавадарци, каде што ќе се сретне со градоначалникот Митко Јанчев, членовите на Советот на општината и претставници на граѓанските организации. Ова е прва од претстојната серија посети на општините по отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија во јули 2022 година. Целта на посетите е да […]

Сончево со студено утро и дневни температури до 23 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 4 октомври 2022 година, 276-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 89 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 32 минути, а ќе зајде во 18 часот и 12 минути. Денов трае 11 часа и 40 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Ковачевски ќе претседава со Советот за унапредување на образованието и науката


Министерството за образование и наука согласно направените сеопфатни анализи за состојбите во основно, средно и високо образование и наука, ученички и студентски стандард, и обезбедување на учебници во Република Северна Македонија, а во насока на градење на јавни и транспрентни политики во образованието, со поддрша од Владата донесе одлука за формирање Совет за унапредување на […]

Припадници на Армијата ќе учествуваат во НАТО мисии во Ирак и Летонија


Владата, на денешната 86-та седница, донесе одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија и вработени во Министерството за одбрана, за учество во НАТО мисијата во Ирак и Летонија. Припадниците на Армијата во Ирак ќе земат учество на месијата  „NATO Mission Iraq – NMI“, а во Република Летонија во НАТО мисијата „Зајакнато истурено […]

Вандализиран споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк


Непознати сторители денеска го вандализирале споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Со спреј во неколку бои исчкртан е постаментот на споменикот и плочникот пред него.   Од МВР за МИА велат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Приватните превозници во јавниот сообраќај во Скопје немаат пари за гориво


Градот, односно Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ на приватните превозници им должи околу 68 милиони денари што треба да им се исплаќаат неделно и месечно, со што се доведува во прашање јавниот градски превоз во Скопје во делот кој го покриваат тие. Директорот на приватното претпријатие за јавен превоз „Слобода превоз“, Ленин Јовановски вели дека долгот […]

Државата е подготвена за прифаќање украински бегалци 


Државата е целосно подготвена доколку има каква било потреба за прифаќање на украинските бегалци, тврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. По учеството на настанот, програма за миграции „Хуманитарен аспект на мешани миграциски текови” што се одржува во Струга во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија, денеска одговарајќи на новинаркси прашања Спасовски посочи […]

Регистрирани 75 нови случаи на Ковид-19, двајца починати


 Министерството за здравство денеска соопшти дека се регистрирани нови 75 случаи на Ковид-19, од кои 23 се реинфекции. Според информациите од Мој Термин, регистрирани се и две лица од Скопје и Кавадарци кои починале во домашни услови во периодот од 21 септември до 2 октомври. Во соопштението се наведува дека од направени 745 тестови, регистрирани […]

„Бела ноќ“: Камерен оркестар на Битола, Мијата и други вечерва на плоштад „Филип Втори“


Манифестација „Бела ноќ“ која се одржа во саботата на повеќе локации низ Скопје продолжува и денес. Централната манифестација поради лошите временски услови се одложи за денес од 19:30 на плоштадот „Филип Втори“. Скопје и скопјани ќе уживаат во насловните нумери од филмовите на легендарниот Џејмс Бонд во изведба на Камерниот оркестар на Битола, покрај тоа […]

Мрежа за заштита од дискриминација: Да се спроведат препораките на Комитетот за правата на детето при ОН


 Комитетот за правата на детето при ОН, во завршните согледувања за Република Северна Македонија, го нотира формирањето на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, но и понатаму е сериозно загрижен за постоењето на стереотипи и општествени норми кои доведуваат до дискриминација врз децата, особено врз децата Роми, децата со попреченост, ЛГБТИ децата и млади што […]

Обвинителен акт против Мухамед Зеќири, го оштетил Буџетот за 1,5 милиони евра


 По спроведена истражна постапка и извршен увид од страна на обвинетиот и неговата одбрана, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт  против поранешен генерален секретар на Владата, односно за Мухамед Зеќири, за злоупотреба на службена положба и овластување. – Според […]