Заканите со бомби еден ден нема да бидат само закани, вели Астрит Истрефи од „Балкан форум“


Астрит Истрефи

 

„Балкан форум“ е регионална иницијатива за унапредување на одржлив и партиципативен развој на земјите од Балканот како ефикасен корисник на ресурси, позелен и поконкурентен регион кој е базиран на соработка и разновидност“, вели за „Цивил медиа“ Астрит Истрефи, извршен директор на организацијата.

Тој додава дека „Балкан форум“ цели кон поткрепување на силните страни на регионот и конкурентните вредности на секоја од земјите, цели кон катализација на иновациите и развојот во рамките на демократските вредности и закони и се труди да создаде нова визија за Западен Балкан врз основа на економска интеграција, просперитет и одржлив мир.

Тој  живеел во Скопје две години и го смета за свој втор дом, пред да замине за Албанија.

Целта на заедничката работилница која се одржа во Скопје беше да се споделат знаењата за различните теренски практики на циркуларната економија преку последниот развој во Европа, Америка, Дубаи и да се обидат да ги премостат, или поконкретно да ги внесат овие неверојатни практики во контекстот на Западен Балкан.

„Берлинскиот процес како комплементарен на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан,  има за цел изградба на рамка за унапредување на односите меѓу земјите, отворена пазарна економија, забрзување на реформскиот напредок во интерес на поскора интеграција кон ЕУ, унапредување на соработката, унапредување на културата на дијалог и културата на изнаоѓање на компромисни решенија кои имаат за цел да дадат автентичен придонес во европеизација на земјите од регионот, а тоа е токму она што ние го поддржуваме како организација“, вели Истрефи.

Според него, трите договори потпишани рамки на Самитот на Берлинскиот процес, на 3 ноември, од страна на шесте држави од Западен Балкан, се од големо „Визијата и целите кои ги нуди Берлинскиот процес се јасни и прецизни и нуди голем прогес за сите шест земји потписнички. Отворен Балкан е добра иницијатива, но во неа членуваат само три земји дел поради нестабилните политички односи меѓу Србија и Косово, но и Босна и Херцеговина, но и нуди можеби добар регионален развој, но малку ги одалечува земјите од идејата за ЕУ“, оценува Истрефи.

Според него мора да се решат меѓуетничките тензии кои се уште постојат на Балканот, како на пример оние меѓу Србија и Косово, но и демократските стандарди кои треба да се преминуваат, но и најважното е владеењето на правото, ако сакаме да се приклучиме кон Европскиот сојуз. Затоа мора да работиме повеќе и подобро и да докажеме дека се грижиме за човековите права и дека функционира правосудниот систем, да се намали корупцијата.

Тој додава дека со падот на Берлинскиот ѕид не завршила една ера, туку студената војна продолжила во поинаква форма и во понаков контекст, а руската агресија врз Украина го објаснува сето тоа.

Според Истрефи руската агресија не е само врз Украина, туку ја има насекаде во светот, а руската пропаганда е особено раширена на Балканот. Тој додава дека и заканите со бомби кои извесен период се случуваат во неколку балкански земји, меѓу кои и Северна Македонија се дел од сценарио за креирање страв и поткопување на сигурноста и безбедноста.

„Треба да бидеме многу внимателни, постојат многу докази за руското влијание, во Македонија се докажа и со референдумот кога одредени структури сакаа да го направат неуспешен процесот, но сепак Македонија стана НАТО членка. Документите не се објавени, но постојат докази со име и презиме кој точно ја шири руската пропаганда“, вели Истрефи.