До понеделник стабилно, од вторник врнежливо 


 УХМР информира дека времето до понеделник ќе биде стабилно со ниски утрински и релативно високи дневни температури. Утре понекаде во котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од ноќта кон вторник од запад со зголемента облачност ќе се прошират врнежи од дожд и потоа ќе преовладува врнежливо време, а утринските температури малку ќе […]

ЗНМ: Снимателите и новинарите заедно за кревање на стандардите на професијата


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека како дел од активностите на секцијата на сниматели во Струмица се одржа тридневна работилница  на тема: „Унапредување на соработката помеѓу снимателите и новинарите”. Според ЗНМ, основната цел за ваквите средби помеѓу снимателите и новинарите е преку детектирање на проблемите во секојдневната работа, со активно учество преку нудење […]

Еден сребрен и еден бронзен медал за Македонија на БОИ 2022


Македонски средношколци – информатичари на 29. Балканска олимпијада по информатика БОИ 2022 што се одржува од 3-ти до 8 октомври во Букурешт, Романија, освоија сребрен и еден бронзен медал во програмирање. Учениците Благојче Павлески, Тео Китановски, Петар Ковачовски и Адриан Михајловски, беа предводени од лидерите Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки […]

Најстудено во Берово


Во Берово утрово е најстудено, нула степени, а во Дојран се измерени максимални десет степени. Според УХМР, два степена е во Лазарополе, 3 во Битола, 4 во Маврови Анови, Тетово и Струмица, 5 во Крива Паланка, 6 во Прилеп, Штип, Демир Капија, Скопје-Петровец и Попова Шапка, 7 во Претор, Дебар, Крушево, Охрид, Гевгелија и Куманово, […]

Четврто издание на „Вкусот на Буково“


 Четвртото издание на традиционалниот настан посветен на буковската пипер „Вкусот на Буково“ денеска ќе се одржи во битолското село Буково.  Манифестацијата е во организација на „Президиум Буково“, а со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Слоу Фуд Македонија, Месна заедница Буково и Концепт продукција.   По три успешни изданија на „Вкусот на […]

Мал број организации прават проценка на ризиците од кибер напади


Мал број организации прават процена на ризици и за таа намена на своите информациски средства им поврзуваат вредност или ниво на значење, односно важност, велат за МИА од Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти МКД  CIRT, што функционира во рамки на Агенцијата за електронски комуникации. Околу 700 граѓани досега успешно завршиле најмалку една од […]

Изложба „Современи екосистеми – потрага помеѓу уметноста и екологијата во Македонија“


По повод 18. издание на Италијанскиот ден на современата уметност, 8 Октомври 2022 година, Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот Институт за култура во Белград,  во соработка со  Музејот за современа уметност во Скопје, денеска организираат уметничка изложба „Современи екосистеми – потрага помеѓу уметноста и екологијата во Северна Македонија“. Како што соопшти Амбасадата на Италија […]

Сончево, со температури до 26 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, […]

Ковачевски: Скопјани ќе имаат парно на 15 октомври


Премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното гостување на „КликПлус“ на ТВ21 зборуваше за испораката на топлинска енергија и притоа порача дека скопјани ќе имаат греење кога ќе почне грејната сезона.   „Оваа година направивме се Скопје да има парно на 15-ти октомври, не беше лесно, со оглед на екстремно високата цена на гасот, меѓутоа со оглед […]

Досега 358 Украинци добиле дозвола за привремен престој поради хуманитарни причини


Од 24 февруари годинава, кога започна војната во Украина, па се’ до 18 септември, во земјава влегле 21.106 украински државјани, а на излез поминале 15.539 украински државјани, изјави за Макфакс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „Тоа покажува дека овие државјани биле овде на територијата и најголем дел се вратиле, затоа што ги донеле своите […]

Петровска: Решавањето на отворените прашања на Балканот клучно за заедничката безбедност


На последниот Самит во Мадрид, што беше многу важен во ова критично време, НАТО порача дека секој сантиметар од својата територија е важен и, второ, дека ги зајакнуваме нашите капацитети за да одвратиме и да се одбраниме, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на форумот „2BS – To Be Secure“ во Будва, Црна Гора, на […]

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер попладнево во Валандово


Земјотрес со локална магнитуда од 3.1 степени по Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 14 часот и 19 минути на 132 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот имал интензитет од III степени според Европската макросеизмичка […]

Во Албанија почувствуван земјотрес


Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на Тирана. Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри североисточно од Тирана, на длабочина од 10 километри, пишува Albanian Daily News. Земјотресот е почувствуван и во Драч.

Советот на ОН за човекови права ќе именува експерт за испитување на состојбата со човековите права во Русија


 Советот на Обединети нации за човекови права денеска одлучи да именува независен експерт поради детално испитување на состојбата со човековите права во Русија. Предлогот за именување на независен експерт е изгласан со 17 гласа „за“, шест „против“, а 24 се изјасниле како „воздржани“. Предлогот поднесен минатата недела од сите земји-членки на ЕУ, освен Унгарија, беше […]

Коцарев скептичен дека во следните 30 години може да станеме рамноправна членка на ЕУ


  Треба да се соочиме со реалноста дека веројатноста нашата држава да стане рамноправна членка на Европската Унија во следните 30 години, е многу мала, смета претседателот на Македонската академија на наука и уметностите (МАНУ), академикот Љупчо Коцарев. Како причини за тоа, Коцарев во своето обраќање по повод Денот на Академијата, ги наведе бавното темпо […]

Во декември истекува мандатот на уште еден уставен судија


Уставниот суд денеска испрати писма до Судскиот совет и Собранието на Република Северна Македонија со кои ги известува за истекот на мандатот на уставната судијка Вангелина Маркудова на 7 декември 2022 година и дека исполнети се условите за започнување на постапка за утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд. Во писмото до претседателката […]

Продолжува скринингот од ЕУ, тема внатрешниот пазар


Во Европската комисија во Брисел продолжуваат објаснувачките скрининг состаноци, а денеска почна објаснувачката анализа за вториот кластер – Внатрешен пазар, со посебен акцент на поглавјето 4 – Слободно движење на капиталот. Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменик главен преговарач на Северна Македонија со Европската Унија, Дрита Абдиу Халили истакна дека земјава има направено […]

СДСМ: Коњановски троши пари за авион за Брисел, а учениците во Битола немаат автобус


Весна Баковска, претседател на комисија за образование обвини дека веќе втор месец учениците во Битола немаат автобуски превоз, а градоначалникот Тони Коњановски оди со авион во Брисел. -До кога битолските ученици ќе чекаат градоначалникот Коњановски да им обезбеди превоз до училиштата? И првата недела од октомври помина проблемот сѐ уште не е решен. По 240 денари […]

Уште 56 нови случаи на Ковид-19, починале две лица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 529 тестови, а регистрирани се 56 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 36, Куманово – 4, Прилеп и Охрид – по 3, Битола – 2, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Неготино, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по […]

Нафтените деривати од државните резерви да се користат доколку има потреба


 Државата прави напори за обезбедување на енергенси за непречено производство на електрична и топлинска енергија за потребите на граѓаните во престојната зима, како и за обезбедување на двојно поевтина струја за стопанството кое е на отворениот пазар од онаа што е на берзите. Одговорните им порачуваат на граѓаните да не се грижат и дека во […]