Охриѓанецот што ја скрши таблата на бугарскиот клуб сам се пријавил во полиција


  Четириесет и седумгодишен охриѓанец ја искршил таблата, поставена над просториите на новоотворениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Според него, вчера бил извршен разговор со Г.И.  од Охрид, при што било констатирано дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на таблата со натписот […]

Сензорна соба во ООУ „Александар Урдаревски“ во Чучер Сандево 


   Учениците со и без образовни потешкотии во ООУ „Александар Урдаревски“ ја добија првата сензорната соба во општината Чучер Сандево, а со тоа имаат можност за спроведување на воспитно образовни практики со соодветни реквизити и стимулативните алатки, кои водени низ процесот од стручната служба значајно ќе придонесат кон кревање на квалитетот на образовниот процес. „Веб […]

Колку стари електрични уреди имате расфрлано низ домот, подрумот, магацинот, канцеларијата, компанијата?


Можност за сите физички и правни лица на бесплатен начин преку Еко Линијата 070 236 000 секој работен ден да пријават електричен и електронскиот отпад и правилно да се ослободат од истиот. Електричниот и електронскиот отпад делуваат како нетоксичен отпад, но нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, […]

ЕСМ: Во 105 објекти не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија


EСМ Снабдување со топлина преку соопштение апелира потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона. Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици, посочуваат од компанијата, е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и […]

Справувањето со фудбалскиот хулиганизам бара професионалност на сите фактори, вели Спасовски


Следејќи го специфичниот делокруг на работа на полицијата при обезбедување на големите фудбалски настани, досегашните искуства покажаа дека максималната професионалност во пристапот кон овој проблем е императив за да се овозможи навремено воочување и отстранување на сите потенцијални закани, ризици и опасности, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.   Како што информира МВР, […]

Администрацијата нема да се намалува, мерките се за штедење


Мерките што ги предлагаме како Влада и кои треба да се спроведат преку законите се со една цел – да се подобри кондицијата на Буџетот и на јавните финансии и да се преброди оваа кризна година со најмалку можни последици, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. На прес-конференцијата во Владата, Маричиќ рече дека […]

Облачно со дожд, од сабота пораст на дневната температура


 Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Во Скопје променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наместа врнежите ќе имаат пороен карактер, локално се очекува денеска и утре да наврнат над 30 литри […]

Без вода дел корисниците во населба Жданец


Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од улицата „Девол“ и дел од улицата „Жданец“ во населба Жднец, соопшти ЈП „Водовод и канализација“. Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што посочуваат од претпријатието, е дефект на приклучна цевка ф1“ на улица „Девол“ број 54 и ќе трае до санирање на дефектот. 

Во тек е исплатата еднократна помош за примателите на Гарантирана минимална помош


  Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека согласно направените измени на Законот за социјална заштита од денеска во тек е исплатата на еднократна помош. Помош ќе биде исплатена на околу 36.000 домаќинства во државата кои се приматели на Гарантирана минимална помош со цел полесно справување со кризата. -Оваа мерка е дел […]

Градоначалничката Арсовска ќе потроши милион денари за да си го мери рејтингот?


Речиси еден милион денари ќе потроши градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за спроведување анкета на јавното мислење. Поточно, се работи за сума од 987.000 денари, а според информациите објавени од Бирото за јавни набавки, на 10 октомври, Град Скопје, склучил договор со Институтот за политички истражувања Скопје, вреден 987.000 денари за спроведување на седум […]

Катастарот со над 1800 професионални корисници, се работи на нови регистри и услуги


Со над 1800 професионални корисници, Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) денес преставува модерен и современ регистар на кој се темелат сите имотно-правни односи поврзани со недвижностите, беше истакнато на отворањето на меѓународната конференција што се одржува денеска и утре во организација на АКН по повод јубилеите „95 години геодетски премер и 75 години Геодетска […]

Бутел и градските гробишта полни со улични кучиња, се огласија и од „Лајка“


Граѓаните реагираат на голема присутност на улични кучиња во општина Бутел и градските гробишта. Од ЈП Лајка велат дека само изминативе 7 дена се заловени 15 кучиња во овој дел на градот. Заловувачките служби на ЈП Лајка постапуваат постојано на сите градски локации, таргетирајќи ги прво клучните жаришта, како што се конкретно спроведените интервенции во […]

Објавен повик за реконструкција на 14 улици во седум општини


Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за реконструкција на 14 улици во седум општини, во рамки на Проектот за „Поврзување на локaлни патишта во општините”. -За општина Кавадарци, јавниот повик се однесува за реконструкција на четири улици и тоа  „Максим Горки„, „Слога“, „Велко Влаховиќ“, „Димката Ангелот Габарот“. За општина Градско, јавниот повик се […]

Булеска: Ракот се лекува, потребни се повеќе превентивни прегледи


Ракот се лекува скоро во сите форми. Има типови рак кои се многу излечиви и кои се многу познати на медицинските стручњаци, меѓутоа, се лекуваат доколку се рано детектирани, во рана фаза, додека не се системски многу проширени и не се зафатени некои витални органи. Кај нас, за жал, многу често се оди на лекар […]

Петровска во Брисел на состаноци на Северноатлантскиот совет на НАТО и средби со министри на сојузничките земји


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана. Во текот на денешниот ден, министерката ќе учествува на два состаноци во овој формат, посветени на основната цел на НАТО, одбраната и одвраќањето, како и на учеството во мисии и […]

Најмногу дожд во Претор, најстудено на Попова Шапка


УХМР соопшти дека изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Претор, осум литри на метар квадратен, а најмалку во Дојран, Штип, Скопје – Петровец, Демир Капија, Скопје – З.Рид, Тетово и Пожаране, еден литар на метар квадратен. До 8 часот утрово се измерени и 5 литри на метар квадратен во Крушево, 4 во Ѓуриште, 3 […]

Презентации на можностите за студирање и живеење во Словенија


  Две презентации кои ги опфаќаат можностите за студирање и живеење во Словенија ќе се одржат утре во Скопје. Организатори на презентациите се националната иницијатива „Студирајте во Словенија“, поддржана од словенечките високообразовни институции и Министерството за образование, CMEPIUS, Центар на Република Словенија за мобилност и европски програми за образование и обука и Erasmus Slovenia. На […]

Облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, најпрвин во западните, а потоа и во останатите подрачја. Како што информираат од УХМР, во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи на повеќе места. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во […]

Два часа блокиран железничкиот сообраќај на станицата во Велес, вработените на „Колска“ на протест


Седумдесетина вработени на велешката фабрика за шински возила „Колска“ предводени од Синдикатот, кој е членка на ССМ, утрово од 07 до 09 часот го блокираа патниот железнички сообраќај на железничката станица во Велес. Вработените предводени од Синдикатот на „Колска“, како што велат, се револтирани поради тоа што веќе пет-шест месеци Управата за јавни приходи им […]

Виолета Томовска : Зборувајте за ракот, не молчете


Виолета Томовска (78) , првата дама на македонската народна музика, пред неколку денови  одликувана со Медал за заслуги од претседателот Пендаровски за афирмација на македонското музичко творештво, на 38 години во екот на популарноста, се разболе од рак на двете дојки. Четириесет години подоцна, иако во пензија, по 60 години кариера, здрава и полна со […]