Премиерот Ковачевски на ручек со студентите во „Гоце Делчев“


 Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги посети студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Тој при посетата ручаше заедно со студентите. Ковачевски објави видео на Фејсбук со кое порача дека студентите се иднината на државата и нема да бидат оставени сами. -Студентите се иднината на оваа држава.Тие секогаш ќе имаат право да го искажат своето мислење, да […]

Започна со работа првата дестилара за македонска ракија во Северна Америка


Дестиларата на семејството Петровски, наши иселеници од Канада, викендов ги наполни првите шишиња, дел од нивното сериско производсто на ракија од грозд, дуња и круша во Канада. Може слободно да се каже дека ова е првата семејна дестилара за македонска ракија и алкохолни напитоци со рецептури од Балканот во Северна Америка. Идејата за своја компанија […]

Приватните превозници со 30 автобуси ќе ја блокираат крстосницата кај „Мавровка“


Приватните превозници вклучени во Јавниот линиски превоз утре ќе протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“. Како што најави приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“, блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица. – Не е исклучена […]

Во Миладиновци засадени нови дрвца


Во  населено место Миладиновци денеска успешно реализирана акција за пошумување, отпочна акција  со која се засадени 27.000 садници  на простор од 10 хектари, акцијата е поддржана од ДМ Дрогерие Маркт и Македонски шуми со активно учество на Општина Илинден. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и претставници на Советот на Општината, учествуваше во акцијата „Пошумуваме […]

Скопските бадникари засадија 30 млади стебла даб по повод 30-годишниот јубилеј


По повод 30 години постоење, скопските бадникари денеска во месноста Говрлевска Краста засадија 30 млади стебла даб. Иницијативата со активен придонес и учество е на почесниот член на Одборот и поранешен кум Љупче Николовски. – На јужните падини на Водно во месносста Говрлевска Краста каде што со години собираат бадникови гранчиња што ги делат пред Соборниот […]

Николовски: Зелената транзиција меѓу клучните приоритети на МЗШВ


Зелената транзиција е еден од клучните приоритети на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ), покрај другите реформи кои ги спроведуваме и верувам дека заеднички со одговорните компании и институциите ќе придонесеме да ја менуваме свеста, да се однесуваме одговорно и да имаме што повеќе и подобри вакви успешни примери, изјави ресорниот министер Љупчо Николовски […]

Министерството за транспорт и врски заштедило 47 отсто електрична енергија


Согласно препораките од Владата, Министерството за транспорт и врски спроведе мерки ненарушувајќи го процесот на работа и заштеди 47 отсто електрична енергија во октомври 2022 година, споредбено со истиот месец минатата година. Во овие времиња кога сите ги чувствуваат последиците од светската енергетска криза и недостатокот на енергенси, со навремени мерки и почитување на препораките, […]

МЗ: Изготвен е план за рационализирање на трошоците во здравствените установи


 По донесување на мерките и препораките за рационално користење на електричната енергија од Економско-енергетскиот совет на Владата во пресрет на грејната сезона, донесена е одлука јавните здравствени установи да склучат договори за електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската, соопшти Министерството за здравство. Оттаму посочуваат дека во координација со здравствените установи изготвен […]

Османи во прва официјална посета на Саудиска Арабија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во прва официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, на ниво на министри за надворешни работи.   За време на посетата, како што соопшти МНР, Османи ќе оствари средба со принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, како и со […]

Акција „Пошумуваме заедно за позелено утре“


Во скопското село Миладиновци денеска ќе биде спроведена акција за пошумување под мотото „Пошумуваме заедно за позелено утре”. Акцијата е организирана од компанијата „ДМ Дрогерие Маркт“, со поддршка од Национални шуми, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“. Организаторите најавуваат дека на акцијата ќе присуствуваат […]

Студено со повремени врнежи од дожд, на планините снег


 Времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови, кога заради заладувањето ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и […]

ЗНМ: Директорот на топланата „Скопје Север“ да си поднесе оставка поради грубите навреди кон новинарка


  Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара директорот на топланата „Скопје Север“ Куштрим Рамадани веднаш да си поднесе оставка поради груби навреди кои ги упатил кон новинарката Катерина Додевска од МКД.мк. – Наместо одговор на легитимно поставено новинарско прашање за работата на топланата !Скопје Север“, директорот Куштрим Рамадани упати груби навреди и омаловажувања кон […]

Изградбата на топловодот од РЕК до Битола се одвива побрзо од планираното


  Изградбата на топловодот од РЕК до Битола се одвива побрзо од планираното, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски при извршениот увид во градежните работи на топловодот. -Задоволни сме од динамиката со која економскиот оператор ги изведува градежните работи за изградба на топловодот од РЕК Битола до градот Битола. Првата фаза од проектот […]

Во Берово измерени минус 7 степени, најтопло во Гевгелија со плус шест


  Утрово е најстудено во Берово, каде се измерени -7 степени Целзиусови, додека најтопло е во Гевгелија со шест степени. Според УХМР, до 8:30 часот -3 степени се измерени во Попова Шапка, Крива Паланка, Битола, Маврови Анови, Струмица, -2 во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Штип и Демир Капија, -1 во Крушево, нула во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, […]

Пожарникарите „на готовс“: Неисчистените оџаци причина за пожари


  Во услови на енергетска криза кога поради недостиг или висока цена на енергенсите се бараат алтернативни начини за затоплување на домовите, се очекува грејна сезона во која ќе се користи секаков вид огревен материјал што ја зголемува можноста од појава на пожари. Дополнителен предизвик се неисчистените оџаци и несоодветното користење на ложиштата. Од Територијалната […]

„Ден на бесплатни стрипови“


  Повеќе од 500 стрипови денеска, од 10:00 до 15:00 часот, бесплатно ќе бидат поделени во стрип-книжарницата „Бункер“ во рамки на „Ден на бесплатни стрипови“. По 2017 година, стрип книжарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“. Се работи за манифестација која првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002 година, а потоа се […]

Денеска облачно и ветровито, утре постудено со дожд и снег


Утрото студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот умерено до значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје претежно облачно со слаб до умерен ветер од […]

Направена прва трансплантација на црн дроб од починат донор во Македонија


Донор е пациентка која имала мозочна смрт, а чие семејство вчера се согласило да ги донира органите. Покрај црниот дроб, се прави трансплантација и на бубрезите На Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје денеска напладне била направена трансплантација на црн дроб од починат донор што е прва во историјата на македонското здравство, објави министерот за […]

Почна изградбата на улицата „Христофер Жефаровиќ“ во Сингелиќ


Град Скопје почна со изградба на улицата „Христофер Жефаровиќ“, проект неопходен за да се овозможи безбедно движење на сите учесници во сообраќајот.   – Исклучително важно е да се постигне рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на Скопје, а едновремено да се обидеме да помогнеме на скопските општини. Пред неколку месеци имав можност во […]

Поедноставените процедури за поставување фотоволтаици носат резултати


 Транзицијата кон зелена енергија е примерен фокус и потреба повеќе од било кога и во таа насока Министерството за транспорт и врски ја поедностави процедурата за поставување на фотоволтаици со што добиваме самоодржливи домаќинства и компании, но и го помагаме централниот електроенергетски систем, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во Богданци, од […]