Жан Митрев: Време е за простување, ја повлекувам тужбата за ИРЛ


Жан Митрев испрати денес соопштение во кое најави дека на овој голем христијански празник, кога е  време  за простување,а решил да ја повлече тужбата за медиумот во кој, како што вели, биле изнесени невистини за него.

-Денес е ден кога Христос се роди. Денес е денот кога се родила надежта дека доброто ќе го надвладее злото. Денес е денот кога се што ни се случило лошо, сакаме да го заборавиме. Денес е денот кога на сите им посакуваме само добро и им простуваме на сите кои ни направиле лошо.

Минатата година ми беше нанесена неправда преку невистини изнесени во јавноста. Како моја реакција на овие обвинувања поднесов тужба за медиумот каде беа изнесени невистини за мене. Не ми беше целта да се расправам ниту да нанесам штета на медиумот, како што мене ми беше нанесена неправда. Целта ми беше да ја покажам вистината. Но судот на јавноста и на Бог е тој што ќе суди за сите неправди. На овој ден, голем христијански празник време е за простување. Затоа и решив да ја повлечам тужбата, соопшти Митрев.

Новинарската организација ИРЛ (Investigative Reporting Lab) направи документарен филм насловен како „Нечиста крв“ за начинот на кој функционирала болницата во време на пандемијата со ковид-19 (2020/22), а конкретниот документарец е направен врз основа на трогателни сведоштва на граѓани од Македонија и Косово и 24 пријави за работата на клиниката.