На Табановце се чека околу 30 минути


На граничниот премин Табановце за излез од земјава утринава се чека околу 30 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Оттаму информираат дека поради магла намалена видливост до 100 метри има на патниот правец Градско-Неготино-Демир Капија.