Студенти од август и септември ќе одат на пракса во општините!


Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека Владата, преку Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА), започнува со реализација на нова програма за вклучување на младите во работата на општините.Според најавите, во текот на август и на септември ќе започне програмата „Месеци на практикантство“, која ќе се спроведува во соработка […]

Без струја делови од Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров


 Без електрична енергија денеска од 08:00 – 09:30, се до 14:30 – 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од општина Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.  РЦУК информира дека по добиено известување од ЕВН Македонија АД без електрична енергија во периодот од 08.00 […]

Сончево време со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 6 јули 2026 година, 187-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 178 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 5 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола по брзата реакција на пожарникарите


Пожарот кој пред неполн час избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.  Со тоа, додаде градначалникот, беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е поголема трагедија […]

Пожар на Јужен Булевар во Кисела Вода


– Се запали магацин или друг простор на Јужен Булевар, во Општина Кисела вода, во Скопје. На терен се екипи на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје кои почнаа со гаснење на пожарот, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. -Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија. Црниот чад се гледа од далеку […]

Мицкоски: Се помалку сум оптимист дека ќе се донесе Изборниот законик


Некои политички партии, свесни за поразот на следните парламентарни избори,  се обидуваат да го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик, односно го бојкотираат процесот земјата да испорача десет од десет индикатори од Реформската агенда. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Кавадарци одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот состанок во Парламентот […]

Кавадарци ќе добие два нови спортски објекти од вториот повик на Владата


Кавадарци ќе добие два нови спортски објекти од вториот повик на Владата, во работна посета денеска беа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски. Претседателот на Владата, присуствуваше на поставување камен-темелник за изградба на нов објект во рамки на Спортски центар „Јасмин“, а изврши и увид на градежни активности на проектот за изградба […]

Преку проект ќе се ревитализираат делови од меморијалниот комплекс „Пелинце“


Општина Куманово и Туристичката организација на Општина Лесковац потпишаа договор за имплементација на прекуграничниот проект „The Pathway to Prosperity“, со кој е предвидена реконструкција и адаптација на визитинг-центарот во меморијалниот комплекс „Пелинце“. Вкупната вредност на проектот изнесува 663.268 евра, од кои речиси 500.000 евра се грант од Европската Унија. Договорот во Лесковац, Србија, во име […]

Левица: Ако за нешто треба да се кршат копја тоа е една изборна единица, а не електронско гласање на дијаспората


Не се точни изјавите на Мицкоски дека нашите барања во Работната група за измена на Изборниот законик биле целосно прифатени. Напротив, нашите барања беа пред сѐ, една изборна единица и укинување на платеното политичко рекламирање и беа одбиени. Во текот на целиот процес за подготовка на Изборниот законик во Работната група, Левица беше конструктивна, целеше […]

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои еден е ставен под контрола, а 16 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде што […]

Возобновеното полициско училиште ќе прими 200 ученици


 „Облечи ја униформата со гордост!“ е мотото на  јавниот повик на Министерството за внатрешни работи за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија за учебната 2026/2027 година. Со него ќе се возобнови средното полициско образование во државава по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето […]

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести


– На Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска, информира директорот на клиниката Фадил Цана. Двајцата пациенти се хоспитализирани, под континуиран медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински препораки. -Нивната здравствена состојба внимателно се следи – информира Цана. Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува […]

Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања – првпат извршена во Македонија


 Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow” – софистициран софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство. Во објавата на Министерството за Фејсбук се наведува дека оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува […]

Сончево со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена […]

Астрономски календар


 Денеска е недела, 5 јули 2026 година, 186-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  179 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 4 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Големите партии се во заговор против нас, тврди Левица


  Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција оцени дека блокадата на новиот Изборен законик е резултат на долгогодишен политички договор меѓу најголемите партии за зачувување на изборниот модел што, според него, нив им носи најголема корист, стои во соопштението на Левица. „Зошто немаме нов Изборен законик и зошто тој сега е блокиран во […]

Денеска ќе биде топло, но не премногу


  Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина од 60 км/ч. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност со повремен ветер. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.

Евакуирани работници во Штип поради шумските пожари (видео)


Попладнево изби и трет пожар на територијата на Општина Штип и тоа помеѓу објектите на Штипска млекара и текстилната конфекција „Албатрос“, каде што гори сува трева. На терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица Штип, доброволци од Доброволното противпожарно друштво Штип, полициски службеници и жители од населбата Каленица. Од безбедносни причини се евакуирани и работничките […]

Фер правила за сите – предуслов за модерен и одржлив систем за управување со отпадот


Македонија во последните години направи значителен напредок во воспоставувањето на модерен систем за управување со отпадот од пакување. Благодарение на инвестициите на приватниот сектор, поддршката од меѓународните партнери и соработката со институциите, се поставуваат темелите на систем кој постепено се усогласува со европските стандарди. За овој напредок да продолжи, неопходно е сите учесници на пазарот […]