Денеска ќе биде топло, но не премногу
Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина од 60 км/ч.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност со повремен ветер. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.