Заразени пет кучиња во ЈП Лајка, претпријатието воведе карантин


Кучешка чума позната и како штенечак(Canine distemper) е констатирана кај пет заловени кучиња во Јавното претпријатие „Лајка“, а ова ги натера надлежните да прекинат да заловуваат кучиња од улица во следните 30 дена. Штенечакот ги напаѓа респираторниот, гастроинтестиналниот и нервниот систем кај кучињата и е високозаразна и ризична болест, но може да се излечи ако […]

За Нова Година топло време, температура до 16 степени


За време на новогодишната ноќ не очекува топло време, особено на повисоките места. Минималната температура во сабота ќе биде во интервал од -4  до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму посочуваат дека не очекува период на стабилното време со релативно високи дневни температури, освен […]

Во Армијата примени 200 професионални војници


Во Армијата на Република Северна Македонија денеска се приклучија 200 нови професионални војници на кои решенијата за работа  им ги додели министерката за одбрана Славјанка Петровска на свечена церемонија во касарната „Илинден“ во Скопје. Министерката упати честитки и изрази задоволство што младите војници одлучиле да и служат на татковината. -Бидете горди затоа што станувате дел […]

МОН и за грешката во учебникот по албански јазик за V ја најде виновна Националната комисија за учебници


  Во однос одредени забелешки пренесени од страна на медиумите во текот на вчерашниот ден за учебникот по албански јазик за 5-то одделение, МОН повторно ја информира јавноста дека процесот на одобрување на еден учебник го води Националната комисија за учебници и на истиот во никој случај и од ниеден аспект не влијаат раководните структури […]

РСБСП: Не управувајте возило под дејство на алкохол за време на новогодишните празници


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни за време на новогодишните празници, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот и да не управуваат возило под дејство на алкохол. – Возењето под дејство на алкохол е опасно и може да предизвика материјална штета, но и […]

Студентите да продолжат да ги користат билетите за бесплатен превоз, ако сакаат бесплатно да се возат и следната година


Ги потсетуваме корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2023 година, доколку сакаат да користат бесплатно јавен превоз и во текот на наредната година. Продолжувањето/заверувањето на билетот се врши во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот […]

Кумановци ќе користат бесплатен јавен превоз наредните шест месеци


Кумановци ќе имаат бесплатен превоз наредните шест месеци, донесоа одлука советниците на последната седница. Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска информираше дека Советот на општината го прифати неговиот предлог и едногласно донесе одлука за субвенционирање на јавен линиски превоз во наредните шест месеци, со тенденција да продолжи и во иднина. – Со оваа одлука, […]

Граѓаните бараат стабилен правосуден систем, за враќање на довербата, освен реформи и заложби, неопходни конкретни мерки


За угледот на судството и за довербата на јавноста најважни се независноста, интегритетот на судиите, ефикасноста во постапувањето и транспарентноста, додека граѓаните имаат потреба од стабилен правосуден систем – што се одразува преку видливо, ефикасно и праведно правораздавање. Граѓаните имаат право на ефикасно судство бидејќи пресудите се донесуваат во нивно име, а јавноста треба да […]

МВР со 100-отсто реализација на буџетот


Министерството за внатрешни работи заклучно со 27 декември има 100 проценти реализација на буџетот. Поточно од обезбедениот буџет за 2022 година во износ од 10,30 милијарди денари, досега се искористени 10,29 милијарди, односно точно 99,92 проценти, информираа денеска од МВР. – Или поединечно во конта, процентот на реализација на конто 40 изнесува 99,97 проценти, за […]

Град Скопје го донесе Буџетот за 2023 година – предвидена и изградбата на Луна паркот


Град Скопје го донесе буџетот за 2023 година. За него вчера расправаа советниците во Град Скопје, а беа поднесени и поголем број амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од локалната самоуправа информираат дека е донесен развоен буџет со социјална компонента и со мерки за домаќинско и штедливо работење на градот. – Благодарение на Советот на град Скопје и конструктивноста […]

Состојба на патиштата


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше). ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. […]

Отворање на изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ во Гевгелија


Во Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“ во Гевгелија денеска ќе биде отворена патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“, во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ). Посетителите ќе можат да ја видат изложбата до 11 јануари. Изложбата претставува збир од 39 изложбени панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното […]

Од денес нема бесплатен јавен превоз – укинати мерките што беа воведени поради аерозагадувањето


Препораките и мерките коишто беа воведени поради аерозагадувањето во Скопје се укинати, а од денеска не важи и одлуката за бесплатен јавен градски превоз. Министерството за животна средина и просторно планирање вчера соопшти дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во Скопје се под дефинираниот праг на алармирање, поради што престануваат да важат препораките и мерките […]

Хуманитарни пакети за 170 бездомни лица


По повод новогодишните празници денеска и во петок во Пунктот за бездомници-Момин Поток традиционално ќе бидат означени деновите со богат ручек и хуманитарни пакети со топла облека за 170 бездомни лица кои редовно го посетуваат пунктот. Како што соопштија од Црвениот крст на Град Скопје, пунктот за бездомници, кој функционира веќе 14-та година, нуди повеќе […]

Прием на 200 професионални војници во редовите на Армијата


Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи церемонија за прием на 200 професионални војници во редовите на Армијата на Република Северна Македонија Како што соопштија од Министерството за одбрана, на настанот предвидено е да се обрати министерката за одбрана Славјанка Петровска. 

Претпладне со појава на магла, преку денот променливо облачно


Наутро по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за слаб дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот променливо […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 28 декември 2022 година, 362-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 3 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минути, а ќе зајде во 16 часот и 10 минути. Денов трае 9 часа 8 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во […]

Без струја утре делови од неколку скопски населби и села


Од ЕВН Македонија информираат дека поради технички зафати во мрежата без електрична енергија утре ќе останат потрошувачи од делови на општините Аеродром, Арачиново, Ѓорче Петров, Илинден, Карпош, Кисела Вода и Сарај, се наведува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи во Скопје. – Од 08.30 до 12 часот без струја ќе бидат жителите […]

Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје, завршија сите проверки


  Министерството за внатрешни работи информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 20 училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреси со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. – Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за […]

Од утре претстанува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз


Од утре претставува да важи одлуката за бесплатен јавен градски превоз која времено беше донесена како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот, информираа попладнево од ЈСП. – Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички […]