Сончево со слаб ветер и температура до 14 степени


Фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.

До крајот на работната седмица и за време на викендот ќе се задржи стабилно и потопло време со повеќе сончеви периоди.