Слаби врнежи од снег на Маврово и Попова Шапка


Слаби врнежи од снег утринава има на Маврово и Попова Шапка, а на останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

Облачно со повремени врнежи од дожд


Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места со послаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 10  јануари  2023 година, 10-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 356 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 17 минута, а ќе зајде во 16 часот и 18 минути. Денов трае 10 часа. Месечината која е во фаза на млада Месечина, нема да изгрее ова деноноќие, а […]

Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам ако треба 100 години


„Јас не се плашам од обвинение, ќе се докажувам ако треба 100 години за тоа бидејќи нема такво нешто. Јас ќе одам на суд и ќе се докажувам пред суд. Може требаше да ме обесат на почеток, бидејќи бев осуден на бесилка на самиот почеток. Кога се објави емисијата, следниот ден на врата ми беа […]

ОЈО утре ќе информира за случајот за Жан Митрев


 Основното јавно обвинителство утре на средба со новинарите ќе информира за текот на постапувањето по предметот за сопственикот на клиниката „Жан Митрев“, доктор Жан Митрев, во врска со сомневањата за измама на пациенти, што беше отворен по документарецот што го објави ИРЛ, според кој, во клиниката бил злоупотребен метод за лекување хемофилтрација во текот на […]

Нормализиран сообраќајот на железничката линија Велес – Скопје


Нормализиран е сообраќајот на железничката линија Велес – Скопје, што беше во прекин утринава од 7 часот, поради излизгување на еден вагон од патничкиот воз кој сообраќаше на релација Гевгелија – Скопје кај „Кадина Река“, информираа за МИА од „ЖРСМ Транспорт“. Во моментот на инцидентот во возот имало 150 патници, кои со друг воз се […]

Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста


  Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,04 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува […]

За новогодишните и божикните празници нема примено пациенти со повреда од петарди


За време на новогодишните и божиќните празници на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје не бил примен ниту еден пациент со повреда од петарди и пиротехнички средства. – Се надеваме дека овој тренд ќе го зачуваме и понатаму и во наредните години, информираат од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија. Во […]

Супервештачењето за „Тендери“ сè уште не е завршено, судењето презакажано за 16 февруари


Главната расправа за предметот „Тендери“ насрочена за утре се презакажува за 16 февруари, бидејќи предметот со сите списи сè уште не се вратени од надлежното Биро за судски вештачења, информираат денеска од Основниот кривичен суд Скопје. – Имено, заради претходно изведени два спротивставени вешти наоди, а заради доследно почитување на одредбите од ЗКП, Судот на […]

(Видео) Шутаров: Итни мерки за заштита од загадувањето, сите советници да ги поддржат


Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, денеска ја поднесе иницијативата за одржување вонредна седница на Советот за загадувањето на воздухот во главниот град. Оваа инцијатива, според Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје, со советнички потписи, е поддржана и од советниците од политичките партии ЛДП и ДОМ. „Ги повикуваме сите советници, […]

Левица: Градежната мафија се богати со загубени животи на работниците


Партијата Левица излезе со тврдење дека. според неа, мафијашките градежни фирми кои соработуваат со сите нивоа на власт се причинители за голем број трагедии на загубени животи на градежните работници на работното место. -Таков е случајот и со два последователни случаи на фатална повреда на работното место кон крајот на минатата година поради нечовечките и […]

„Спремајте ги суратите“: Традиционалниот Вевчански карневал на 13 и 14 јануари


Вевчани е подготвено за годинашното издание на традиционалната манифестација Вевчански карневал што повеќе од 14 века се одржува на 13 и 14 јануари во чест на Свети Василиј, односно православна Нова година. И годинава Василичарите од Горна и Долна маала, покрај со традиционалните маски на Глупи Август, Зетот и Невестата и Ѓаволите, ќе продефилираат и […]

Од попладне врнежи од дожд, а на планините снег


Попладнево најпрвин во западните, а во текот на ноќва и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка, најавуваат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (локално над 20 л/м2). Од утре попладне врнежите од […]

Македонија на 108. место како воена сила, напредок за 27 места во однос на лани


Северна Македонија за 2023 година, на најновата листа како воена сила е рангирана на 108-то место од 145 од земјите што се разгледуваат за годишниот преглед на Global Firepower (GFP), објави интернет-порталот „Глобал фајерпауер“. Тоа во споредба од лани за Република Северна Македонија е напредок за македонската армија за 27 места на листата за воена […]

Декември екстремно топол и просечно врнежлив месец


Според мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Република Северна Македонија, месец декември 2022 година, се карактеризира како екстремно топол и просечно врнежлив месец, соопшти УХМР. Средномесечната температура се движеше од 3,8°С во Маврово до 7,8°С во Гевгелија. Споредено со просечните декемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), декемвриска температура […]

Електрични градски автобуси во Струмица


На крајот на оваа година или на почетокот на наредната се очекува по струмичките улици да сообраќаат првите електрични автобуси. Со нив ќе стопанисува ЈП „Струмица гас“ за да се избегне отворање на ново локално јавно претпријатие. Постапката за воведување електричен јавен превоз, Општина Струмица ќе ја започне годинава. Општинските власти веќе го изработуваат проект […]

Без вода дел од Капиштец


Прекин во водоснабдувањето денеска од 11:30 часот имаат дел од корисниците од улицата „Козара” во скопската населба Капиштец. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Како што информира ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради санирање дефект ф-80 милиметри на улицата „Козара” број 18. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на […]

Државниот врв на божиќен ручек кај г.г. Стефан


 Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денеска ќе приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв. Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а ќе присуствуваат и дел од членовите на Светиот синод на […]

МВР реконструира 78 објекти со што е остварена значителна заштеда на струја


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук информира дека се реконструирани 78 руинирани во модерни и енергетско ефикасни објекти на МВР. – Со тоа остваривме и придонес во значителна заштеда на електрична енергија, оцени министерот. Тој на својот фејсбук профил истакнува дека со тоа е остварена заштеда од 2.731.446,12 киловат часови. – […]

Вагон од патнички воз излизгал од шините кај „Кадина Река“, нема повредени


Еден вагон од патничкиот воз на релација Гевгелија – Скопје утринава околу 7 часот излизгал од шините на станицата „Кадина Река“, меѓу Велес и Скопје. При инцидентот нема повредени патници, изјавија за МИА од „ЖРСМ – Транспорт“. – Повредени патници нема. Во моментот на инцидентот во возот имало 150 патници, кои со друг воз се […]