Облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег


  Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5 степени. Во Скопје ќе […]

Владата најавува реконструкција на сите споменици од НОБ


Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека ќе се реконструираат сите споменици од НОБ. За реконструкција на сите споменици и спомен-обележја од НОБ, како што рече, Владата обезбеди пари од Буџетот на државата иако согласно Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, за подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата на спомен-обележје се надлежни општините, односно Градот Скопје. -Со буџетот […]

„Заедно за заштита на личните податоци“ утре во Europe House


Настанот „Заедно за заштита на личните податоци“ ќе се одржи утре со почеток во 10 часот во Europe House, а е во организација на Делегацијата на Европската Унија заедно со Фондација Метаморфозис, Агенцијата за заштита на лични податоци и Центарот за правни истражувања и анализи. Настанот се организира по повод 28 јануари, Европскиот ден на […]

Во Велес се самоуби маж кој тешко повреди 25-годишната девојка, таа се бори за живот на Клинички


  Се самоуби 38-годишниот маж, попладнево во неговиот стан во Велес на улица „Андон Шурков“, кој утрово тешко ја повреди својата 25-годишна невенчана сопруга, која се бори за нејзиниот живот во Клинички во Скопје. Информацијата за МИА вечерва ја потврди Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес, кој рече дека утре ќе се произнесе со дополнителни […]

Наставната програма целосно ќе се реализира, ќе се запазат датумите за државната матура, смета Шаќири


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири смета дека целосно ќе се реализира наставната програмата и целосно ќе се реализира се што е предвидено во датумите за државната матура и во делот за предвидените испити од матурата. Шаќири, одговарајќи на пратеничко прашање на Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на пратенички прашања, потсети […]

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Павлинка Илоска за кривичното дело „убиство во миг“


  Апелациониот суд од Скопје денеска ја потврди првостепената пресуда на Основниот суд во Велес со која 24-годишната Павлинка Илоска од Велес беше ослободена од обвинение за кривично дело „убиство во миг“, кога во нужна самоодбрана на својот го лиши од живот нејзиниот невенчан сопруг, 40-годишниот полицаец Александар Ристовски. Ова попладнево за МИА го потврди […]

Скопје ќе биде домаќин на елитен теквондо турнир


За прв пат македонското теквондо ќе организира Г1 меѓународен турнир на кој ќе присуствува светската елита од овој олимписки спорт, голем број олимписки и светски медалисти од над 50 држави од цел свет. Г1 турнирите носат бодови за остварување на олимписка норма, за прв пат љубителите на овој олимписки спорт ќе можат во живо да […]

АМСМ: Слабите врнежи од снег не создаваат проблеми за сообраќајот


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а слаби врнежи од снег, кои не претставуваат проблем за сообраќајот, има на Страцин, Попова Шапка, Маврово, Стража и Ѓавато и на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир, известуваат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На […]

Апостолов: Ако не се најде решение за паркирање во Клинички ќе има тепачки


Проблемот со паркинг просторот околу Клинички и натаму има задава главоболки на корисниците.  Критики на сметка на Градски паркинг овој пат упати Ивица Апостолов, вработен во комплексот.  Еве што вели за проблемот со паркирањето на пациентите и персоналот.  -Паркинг Kлинички центар Скопје…капацитет 533 обележани паркинг места, а бројката е над 5.000 возила кои влегуваат внатре […]

Предадена во употреба шестата зграда во населбата Хабитат во Велес


  Дванаесет млади семејства со деца од денеска ќе живеат во новата шеста зграда во населбата Тунел 2 во Велес изградена од „Хабитат Македонија“ за семејства со ниски приходи. Со предавањето на клучевите од новите домови на семејствата, се заокружува програмата за новоградби во Велес, која е дел од традиционалната програма на Хабитат за градење […]

До Собранието испратен предлог-закон за амнестија на осудените за настаните од 27 април


Предлог-закон за амнестија за настаните од 27 април во Собранието денеска како препорачана пратка е испратен до пратениците, од адвокатот Јанаки Митровски. Пратениците законот ќе го добијат најверојатно в понеделник, а адвокатите кои го подготвија најавуваат средби со сите пратенички групи со цел да лобираат и да се обидат да добијат поддршка за него. Митровски […]

Спасовски: Со новата набавка ќе има за 6 до 30 отсто поевтина храна за полициските службеници


Не постои ништо спорно од било каков процедурален и законски аспект во јавната набавка која е направена со операторот „Индустри сервис“ кој ќе не снабдува со храна. Таа е направена врз основа на економска анализа и оправданост која е основа за да се распише било каква јавна набавка за храна, односно за оператор кој ќе […]

Втор циклус од програмата „Суперучилишта“ за соработка на училишта од Западен Балкан


Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) денеска го отвори вториот циклус од програмата „Суперучилишта“ за училишна размена во Западен Балкан, чија цел е да го поддржи процесот на градење мир и помирување и интеркултурно учење и дијалог меѓу училиштата односно учениците од шесте земји во овој регион. Програмата е дел од мултидонаторскиот проект „Програма за […]

Ковачки тврди дека бегствата на затвореници се договарале во СДСМ


Владата покажа дека за сите важат исти правила и дека ако некој не ја извршува соодветно својата работа ќе биде разрешен, како што беше примерот со разрешувањето на директорот на затворот Идризово, а подоцна и со директорот на Управата за извршување на санкции. Ова го порача премиерот Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање дали […]

Бугарски аналитичари: Македонофобијата во Софија ја зајакнува бугарофобијата во Скопје и обратно


  Големата бура во македонско-бугарските односи то ги предизвика инцидентот во Охрид, не е случајна велата бугарски аналитичари за „Локално“. Професорот на софискиот Нов бугарски универзитет, Михаил Иванов, вели дека овој инцидент е неизбежна последица на низата провокации на великобугарските националисти и бугарските официјални власти. „Македонофобијата во Бугарија ја зајакнува бугарофобијата во Северна Македонија и обратно. […]

Логото на „Фокус“ злоупотребено за сексизам против Моника Зајкова


  Пратеничката и лидерка на политичката партија ЛДП, Моника Зајкова е мета на говор на омраза и сексистички напади со измислена вест која наводно е објавена во „Фокус“. Твитер профилот Апсаана објави фотомонтажа злоупотребувајќи го логото на порталот „Фокус“ со наслов „Секогаш ќе бидам швалерка на Таче, вели Зајкова“. Од „Фокус“ за „Цивилмедиа“ потврдуваат дека ваква […]

Што е предвидено во Предлог законот за употребата на македонскиот јазик ?


Формирање на Инспекторат за македонски јазик чија цел ќе биде дејствување на терен и подигнување на свеста за важноста од правилната употреба, задолжително лекторирање, изработка на Национална стратегија за македонскиот јазик, но и стипендии за студентите се дел од новините кои се предвидени во новиот Закон за употребата на македонскиот јазик. Предлог-законот за употребата на македонскиот […]

По 18 дена во затвор Владимир Талески конечно доби отказ од Битолскиот театар


  БИТОЛА – По 18 дена во затвор, екс-градоначалникот на Битола Владимир Талески конечно доби отказ од работа од Битолскиот народен театар. Правосилната пресуда за Талески со денови „патуваше“ од Скопје до Битола, па Битолскиот театар без неа не можеше да му го прекине работниот однос на актерот првенец.  Битолчани со право коментираа на социјалните […]

Советот на Скопје го одби барањето на Арсовска за кредит од 10 мил. евра за нови автобуси


  Со 15 гласа „за“, еден против и 18 „воздражни“, советниците на Град Скопје, на денешната седница, не го поддржа предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за задолжување со кредит кај домашна банка за набавка на нови еколошки автобуси за градскиот сообраќај.  Советниците од СДСМ кои се во опозиција беа воздржани, а појаснија дека не можат […]

Сите вработувања и преземања, ДИК ќе ги соопштува на јавна седница


Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го усвои финансискиот план на Комисијата за 2023 година, кој е во висина од 82 милиони 641 денар. Членовите на Комисијата исто така донесоа заклучок со кој на јавна седница ќе биде соопштуван нивниот план за вработувања и преземање на вработени, со цел зголемување на транспаретноста. Потпретседателката на […]