За да нема загуби на вода, се подобрува водоводната мрежа во Гази Баба


 

Водоводната мрежа, од која со вода за пиење се снабдува Гази Баба, се обновува, се поставуваат цевки со поголем дијаметар и се поврзува со постоечкиот цевковод, што ќе доведе до намалување на загубата на вода, која во Скопје изнезува дури 60 отсто.

Градоначалничката на Град Скопје, заедно со директорот на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје направија увид во работата на реконструкцијата на целокупната водоводна мрежа во парк шумата Гази Баба.

Инвестицијата за реконострукцијата за овој проект кој е од исклучително значење за жителите на Гази Баба е инвестиција од сопствени средства на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, во висина од 14.033.800 денари.

Со реализација на овој проект се осигурува постојано, непречено и квалитетно без загуби во мрежата водоснабдување на поголем дел на територија на општина Гази Баба (нас. Железара, Автокоманда), а променет е и цевководот и поставена е цевка 250мм.

Со завршување на првата фаза односно крак 1, се изведе дислокација на водоводната мрежа по нова патека одобрена од Град Скопје односно ЈП „Паркови и зеленило“, во должина од 488 метри и се изврши поврзување со постоечкиот цевковод на ул. „Тајмишка“.

Воедно беа изградени и две нови шахти: шахта со испуст во бунар, и водоводна шахта за поврзување на новата цевка со дијаметар од 250мм со постоечката цевка со дијаметар од 200мм.

При изведбата беа вградени дуктилно – лиени железни цевки и соодветни фасонски парчиња и арматури.